„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
1„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
Култура„Астерфест“ од 44 до 8 август во Струмица Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната фестивалска мрежа, останува иста, со акцент на авторските филмови. И оваа година селектираните програмски блокови се разновидни и инвентивни, а покрај кусометражните, има и долгометражни филмски содржини. Програмата опфаќа 20-тина строго селектирани квалитетни и нови филмови од повеќе видови и жанрови. Во програмите Глобална фикција, Астердокс, Анимоушн и Мери-дионс ќе можат да се видат: канадскиот „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, кои добија Оскар оваа година, данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампман (зад кој стои трикратната оскаровска ММ-продукција), грузискиот „Земјата на мажите“ (добитник на „Срцето на Сараево“) на Маријам Бакачо Хачвани, грчко-германскиот „Изгубени гардении“ на Галатија Лагутари, чешко-британско-македонскиот „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, британските „Нешто бесмислено“ на Ејса Бејли, со Овен Тил во главната улога, и „Без милост“ на Ема Зафировска, канскиот француско-палестинско-грчки победник „Драго ми е што си мртов“ на Тауфик Бархом, мексиканско-шпанскиот „Ние сме вода“ на Хорхе Малпика, кинеско-хонгконшкиот „Нилски коњи“ на Лин Џијанџие, бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев, полскиот „Полека, брзо, полека“ на Јагода Чарнек, рускиот „Превозник“ на Максим Кулагин, норвешкиот „Примален нагон“ на Хенрик Ремеј, јужнокорејскиот повеќенаградуван „Разденување“ на Хе-о Пак, мозамбискиот „Рипка“ на Каушик Субраманијам, француската комедија „Франсин, исток-запад“ на Елвира Барбоза, како и македонските „Неми филмови“ на Крсте Господиновски и „Остров“ на Бранко Костески. Покрај натпреварувачката, секоја вечер ќе има и ревијална програма со филмови кои се интересни од повеќе творечки аспекти. Специјална проекција ќе има филмот за еден од најзначајните филмски автори на векот – тоа е документарецот „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“, во знак на 90 години од раѓањето на легендарниот филмски автор Лоуч и една деценија од продуцирањето на филмот од страна на „Шеснаесет филма“. Духовитиот, провокативен и прониклив филмски портрет на Луиз Осмонд навлегува во животот и кариерата на еден од најславните и најконтроверзни британски режисери. Осмонд во овој филм ја истражила кариерата на Кен Лоуч од неговите рани денови како театарски режисер, преку телевизиските драми, па сè до поново време. Овој изненадувачки искрен документарец е многу повеќе од обично сведоштво за творештвото на Лоуч. Повеќе е една разиграна студија за процесот и предизвиците при градењето на една толку уникатна кариера со извонреден опус. На „Астерфест“ ексклузивна проекција ќе има и македонско-швајцарско-американскиот документарно-игран филм „Железна тврдина“, по сценарио и во режија на Митко Панов. По пандемијата, американскиот филмски режисер Кевин Китон доаѓа во Демир Хисар, за да води работилница за „Филмот како терапија“ за пациентите во психијатриската болница. И покрај огромните предизвици, ентузијазмот на пациентите и нивната креативност ја спасуваат работилницата, а и него, кулминирајќи со церемонијата „Демирхисарски Оскар – Златна пчелка“, каде што конечно се бришат границите меѓу документарното и фикцијата. Во чест на наградените ќе се прикаже и тукушто произведениот „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ, кој имаше премиера на „Белдокс“. Тоа е своевиден биографски филм за Боро Драшковиќ, еден од најзначајните европски режисери, кој целиот свој живот го посветува на уметноста на раскажувањето преку филмот, театарот и книжевноста. Како професор и творец, тој патува низ светот и го пренесува своето знаење обликувајќи нови уметници, додека преку своите книги и сценски дела истражува што значи да се создава и како уметноста го разбира светот. Со посредство на Шведскиот филмски институт, специјална проекција на „Астерфест“ ќе има и дигитално реставрираната верзија на „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски, во знак на 40-годишнината од продукцијата на ова ремек-дело. Во својот последен филм, филмскиот мајстор во егзил Тарковски го истражува светот на работ на нуклеарна војна. Идиличната роденденска прослава на Александар (Ерланд Јозефсон) на далечен шведски остров е прекината од веста за избувнувањето на Трета светска војна и претстојна нуклеарна катастрофа. Во очај, тој ветува дека ќе се откаже од сè што му е драго доколку тоа помогне да се спречи катастрофата. Снимен во Шведска со учество на некои од долгогодишните соработници на Ингмар Бергман, филмот носи елементи на омаж за шведскиот режисер. Сепак, филмот останува недвосмислено тарковскиевски, и стилски и тематски. Како и секогаш длабоко филозофски настроен, Тарковски поставува прашања за местото на духовноста во современиот свет управуван од технологијата. Лауреат на престижната награда „Астер“ оваа година е Синоличка Трпкова (1965, Скопје). Признанието ѝ се доделува за највисоки достигнувања во македонскиот, балканскиот и светскиот филм, како и на телевизијата и во драмските уметности. Нејзиниот долгогодишен особен ангажман во полето на седмата уметност и сродните медиуми, независните продукции и образовната сфера, не само кај нас и во Југоисточна Европа туку и многу пошироко, се пример за посветена личност, актер, сестран автор и професионалец, кој уште од своите најрани улоги е главна алка во она што се нарекува „авторски филм“, придонесувајќи со својот раскошен талент за значајни триумфи во европската кинематографија и ТВ-продукцијата, одбележувајќи ги, меѓу другото, и успесите на режисерите Емир Кустурица, Столе Попов, Иван Митевски, Слободан Унковски и на многу други. По тој повод, Синоличка Трпкова изјави: – Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ми причини невообичаена радост со тоа што одлучи да го вброи моето име покрај Мигел Ермосо, Карољ Вичек, Данчо Чеврески, Пиро Милкани, Желимир Жилник… Оваа награда дејствително гради однос на доверба, која, пак, бездруго, оди рака подрака со одговорноста. Прва и досега единствена јавно покажана доверба во мене овде, дома, после повеќе децении моја академска, филмска и театарска дејност. „Астерфест“, благодарам! Наградата на Синоличка Трпкова ќе ѝ биде врачена на свеченото отворање на Фестивалот, на 4 август. Главна локација за вечерните проекции е летниот Амфитеатар во струмичкиот Градски парк, а вонредна локација е Домот на АРМ. Промоцијата на актуелната филмска литература, мини работилницата и мастеркласот ќе бидат одржани во Младинскиот културен центар, а ни оваа година нема да изостане посетата на филмските гости во монументалниот манастир „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса. За Гран-прито, за Златната, Сребрената и Бронзената потковица, како и за наградите за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ и за најдобар режисер „Ацо Алексов“, ќе одлучува меѓународно стручно жири. Официјалниот плакат, кој кореспондира со овогодишното мото, е дело на Ване Костуранов, а уникатните статуетки ги креираше и ги изработи Никола Пијанманов. Филмскиот фестивал „Астерфест“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РС Македонија и од Општина Струмица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светотСлавниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери. Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот. „Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите. Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари. Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“. Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот. Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“. Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог. Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари. Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтрашен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)Голем верижен судир, во кој учествуваа десетици возила, се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија поради густа магла.Несреќата се случила околу 7:00 часот наутро во близина на клучката „Зимница“, на 290-тиот километар од автопатот. Според последните информации, 12 лица загинале, а 48 се повредени. Сообраќајот е целосно запрен во двете насоки, пренесува бугарскиот информативен портал „btvnovinite.bg“. Првата пријава за верижен судир во правец кон Бургас пристигнала околу 7:00 часот, а набргу потоа стигнала и пријава за несреќа во правец кон Софија. Во судирите учествувале патнички автомобили и тешки товарни возила. Еден од камионите се запалил. Поради несреќата, денешната седница на бугарската влада е откажана, а претседателот Румен Радев ги откажа своите планирани обврски во Варна. Tragedy in Bulgaria. 10 people have died and over 50 were injured in a series of major crashes involving around 50 vehicles on the Trakia motorway near Yambol. Dense fog caused extremely poor visibility. 😭 https://t.co/AYu4pjvqaL — една българка (@transbulgaria) November 10, 2026 Георги Чалаков, регионалниот гувернер на областа Јамбол, потврди дека има жртви и ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна. Во регионот е активиран системот за рано предупредување на јавноста „BG-ALERT“. „Ова е исклучително тешка несреќа, не се сеќавам на ништо слично во Бугарија во последните години“, изјави Дијана Русинова“, претседател на Европскиот центар за транспортни политики. Русинова додаде дека во судирот учествувала и цистерна со пропан-бутан, што создало дополнителен безбедносен ризик. Според нејзините информации, луѓе – меѓу кои и деца – останале заглавени во некои од возилата. Еден од сведоците раскажа дека асфалтот бил многу влажен, а маглата исклучително густа. Тој опиша како видел камиони во пламен и автомобили што се превртувале во полињата покрај автопатот. На местото на настанот се испратени возила на итните служби од Јамбол, Сливен и Бургас, како и 14 противпожарни екипи. Повеќе од 20 војници, исто така, помагаат во расчистувањето на теренот. Медицински хеликоптери се во состојба на подготвеност, но одредено време не можеа да стигнат до локацијата поради густата магла. Состојба на повредените Осум пациенти се примени во болницата во Сливен. „Седуммина се во стабилна состојба, додека едно лице е во критична состојба“, потврди Михаил Кашеров, регионалниот гувернер на Сливен. Во болницата во Јамбол, тројца од повредените се во сериозна состојба, изјави заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев. Автопатот „Тракија“ ќе остане затворен во двете насоки подолг временски период, поради големиот број возила вклучени во несреќата и времето потребно за вршење увид на лице место. Полицијата го надгледува отстранувањето на камионите од местото на настанот за да се расчисти коловозот.Тагови: Бугарија несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
НБАЛука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБАКошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ , е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, е објавено на официјалната веб-страница на најсилната светска лига.Лука Дончиќ со неверојатен просек од 45 поени по натпревар заслужено го доби признанието за играч на неделата во НБА лигата. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ (27), е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Минатата недела во НБА лигата, кошаркарите на Лејкерс остварија три победи на три натпревари. Во тој период, Дончиќ имаше просек од 45 поени, 8,3 асистенции, седум скока и 1,3 украдени топки по натпревар. Словенечкиот репрезентативец по 20-ти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА, а по петти пат како кошаркар на ЛА Лејкерс. Сезонава, Дончиќ има просек од 40,1 поен, 7,8 скока и 7,7 асистенции. До просекот од 45 поени по натпревар во текот на неделата тој стигна со постигнати 42 поени против Мајами, 40 против Сакраменто и дури 53 поени против Портланд во саботата. Меѓу номинираните за признанието кошаркар на неделата на Западот беа и : Дени Авдија (Портланд), Ламело Бол (Минесота), Стефен Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Остин Ривс (ЛА Лејкерс) Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше прогласен за најдобар играч на Источната конференција во НБА минатата недела. Тој имаше просек од 27,7 поени, 6,3 асистенции и 3,3 скока по натпревар. Кошаркарите на шампионот Њујорк остварија три победи на три натпревари минатата недела. Кандидати за играч на неделата на Истокот беа Никил Александер-Вокер (Атланта), Јанис Адетокунбо и Клеј Томпсон (Мајами), Џејлен Браун (Филаделфија) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter