Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис - Канал 5

Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис

Пејачката објави дека ќе гласа за Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември.

Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис

Популарната американска пејачка Тејлор Свифт ја поддржа демократската кандидатка Камала Харис во трката за Белата куќа, веднаш по завршувањето на дебатата меѓу актуелниот потпретседател и републиканскиот противкандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп.

Свифт го објави ова во објава на Инстаграм, велејќи дека ќе гласа за Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември.

Пејачката објавила и слика со своите мачки, а на објавата се потпишала како „дама која сака мачки и нема деца“, што потпретседателката на Трамп, Џеј-Ди Венс, претходно ја употреби како навреда против неа.

Демократскиот кандидат за потпретседател Тим Волц и се заблагодари на пејачката за поддршката.

Бугарското МНР за извештајот: Македонија не успеа да го вклучи ЕП во политичка инструментализација

По изгласувањето на извештајот за Македонија се огалсија и од бугарското МНР.

Бугарското МНР за извештајот: Македонија не успеа да го вклучи ЕП во политичка инструментализација

„Со својата одлука, Европскиот парламент ја потврди својата улога како непристрасно и независно тело посветено на следење на реформскиот напредок на Македонија. Од особена важност се наодите во областа на владеењето на правото, заштитата на основните права и слободи, функционирањето на демократските институции, спроведувањето на клучните реформи, спроведувањето на договорните обврски, како и влијанието на надворешните актери. Ова се аспектите што треба да бидат во фокусот на напорите на властите во Скопјe, доколку целта остане трајна европска интеграција. Отстапувањата од утврдената условеност, како и обидите за користење на европските институции за постигнување на краткорочни домашни политички цели, не само што го забавуваат процесот на пристапување, туку и ја поткопуваат довербата меѓу земјите во регионот. Ова има негативно влијание врз добрососедските односи, кои се хоризонтален и неповратен елемент на процесот на пристапување кон Европската унија“, се вели во ставот оф бугарското МНР.

Митовски: Длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот сограѓанин

Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски околу ситуацијата со пожарите.

Митовски: Длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот сограѓанин

„Опасна огнена стихија се закани на градот, хероите ја спасија! Со срце поголемо од пламенот, стоеја на првата линија.

Тежок ден за Крива Паланка, но ден на храброст и човечност.

Ви благодарам на сите што ЛАВОВСКИ се боревте – вие сте нашата сила, гордост и надеж! [🙏] [❤️]

Хероите постојат – и денес ги видовме во дело. [🇲🇰]

Во овие тешки моменти, изразувам длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот сограѓанин. Нивната болка е болка на целата наша заедница. Нека почива во мир.“- стои во објавата.

МЗ: Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

МЗ: Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување.

Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

притисни ентер