Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
1Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
3Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
МакедонијаТаравари: 12 пациенти се испишуваат од клиниките во СкопјеМинистерот за здравство Арбен Таравари информираше дека нови 12 пациенти се испишуваат од клиниките во Скопје. Тој истакна дека на лекување ќе останат вкупно 27 пациенти кои беа хоспитализирани по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Состојбата на четворица пациенти кои се лекуваат во странство се уште е критична. По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари информираше дека денеска се испишуваат 12 пациенти од болниците во Скопје. - Во моментот се вкупно 39 пациенти хоспитализирани во нашите болници, од кои 12 пациенти во Клинички центар, 10 пациенти во Стара градска болница, 10 пациенти во ГОБ „8 Септември“ и во приватните болници 7 пациенти. Со пуштањето на домашно лекување на 12-те пациенти, практично ќе останат 27 пациенти во болниците тука (на детска хирургија каде што имаше двајца пациенти, нема да има ниеден, и остануваат пациенти само на пластична хирургија и токсикологија). Во странство се 115 пациенти, од кои за жал 4-5 пациенти се во посериозна состојба, некаде има влошување, но нашите колеги од странство даваат максимум за да го поминат овој тежок период, истакна министерот Таравари. Министерот информираше дека најверојатно еден пациент денес се враќа од Белград, за кој посочи дека е во добра општа состојба и минимум 24 часа ќе престојува на некоја од клиниките и ќе биде направена тријажа. - Исто така, екипи од пластична хирургија денес веќе се на пат за Кочани каде треба да дадат помош на пациентите со изгореници кои се пуштени на домашно лекување. Екипите ќе дадат професионална поддршка таму, без да треба овие пациенти да патуваат до Скопје, рече министерот. Воедно, министерот информираше дека има понуди од неколку западноевропски држави за подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти, а во следните денови ќе известиме каде ќе може да бидат сместени тие пациенти доколку имаат ваква потреба. Тагови: кочани пациенти Таравари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Живот„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сумаКопија од играта „Супер Марио Брос“. од првата серија за конзолата Nintendo Entertainment System (NES) е продадена на аукција за фантастични 96.875 долари. Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со ова се поставени два светски рекорди - за копија на играта од првата продукциска серија и за отворена видео игра со целосно зачувано оригинално пакување. Што го прави овој примерок посебен? Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата. Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0. Самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот 9,2, а рачниот 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продадена е на 20 ноември, првиот ден од дводневната аукција на видео игри. „Ознаката „complete-in-box'“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа. Во оваа категорија копијата постави рекорд. Како вториот „Супер Марио“ постигна уште повисока цена? Најскапиот предмет на истата аукција била неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5. Оваа копија била продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои беа продадени за околу 2,52 милиони долари. „Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“. „Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишииВо петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.Состојки за денешниот рецепт: 1 кг. брашно 1 коцка квасец 1 лажичка сол млака вода по потреба масло за пржење Прилог: сирење мед Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиндикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор Синдикатот на културата денеска излезе на протест пред Уставниот суд.Кој треба да одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор за култура. Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи. Синдикатот бара судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter