Во моментов во Македонија се лекуваат вкупно 54 пациенти. Од нив најмногу, 46-мина се на скопските клиники и болници. 8-мина пациенти се лекуваат во приватни болници.
-26 се во клинички центар, 3 пациенти се во КАРИЛ, на пластична хирургија 6, токсикологија 11, пулмологија двајца, детска хирургија двајца, торакална хирургија 1 и офталмологија 1, во градска болница 8ми септември се 10 пациенти и во градска општа болница хируршки клиники се уште 10 пациенти.
-Кај некои веќе се прават и други оперативни зафати на кожата и се што треба и во Македонија коишто се лекуваат, и во странство
Таравари информираше дека надвор од државата имаме 115 пациенти, од кои 4 се критични во моментот, но потенцираше дека бројката на критични е намалена во однос на вчера за еден пациент. Во текот на неделава се очекува да бидат вратени 8 пациенти, но истакна дека се надева за две недели да бидат вратени барем половина од нив. Во Србија се лекуваат 17 пациенти, а 15 се на лекување во Бугарија. Министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов потврди дека сите се во стабилна состојба, но дека во моментов е рано да се размислува за нивно пуштање дома.
-Најотежнувачка состојба е вдишувањето на гасови во белите дробови и таму се најголем дел од проблемите.
-Можеме да кажеме дека се во добра општа состојба, а оние кои се на апарат на вентилација се во тешко стабилна состојба. Има ли надеж за дел од нив наскоро да бидат испишани? –Мислам дека е многу рано да се зборува за тоа.
Таравари категорично ги отфрли шпекулациите за негова оставка, откако такви информации проструија во дел од јавноста. Потврди дека коалицијата е стабилна и дека е фокусиран на работата во министерството. За него е најважна состојбата на пациентите кои настрадаа во пожарот во Кочани, но и на сите останати пациенти во земјава.
-Јас утрово станав со 50 пораки дали давам оставка. Јас сум фокусиран во работата во министерството за здравство. Односите меѓу коалиционите партнери се добри и стабилни и јас продолжувам и на први, и на втори, и на трети, и на петти април да ја вршам фунцкијата министер за здравство, вели Таравари.
Министерот кажа дека рехабилитацијата може да трае со недели, а можеби и со месеци. Тој информира и дека тим од пластични хирурзи најдоцна до утре ќе замине во Кочани за да ја увидат фактичката состојба во однос на пациентите кои ќе бидат пуштени на домашно лекување. Целта е тимот доктори да обезбеди терапија во кочанската болница, за пациентите да не мора да мора да патуваат во Скопје.