Голема трагедија во Кочани: Ноќеска се запали дискотека, има десетици жртви (Видео) - Канал 5

Во живо

последно ажурирање на 3.2025

Голема трагедија во Кочани: Ноќеска се запали дискотека, има десетици жртви (Видео)

Ноќеска околу 3 часот по полноќ во Диско клубот Пулс во Кочани се случил катастрофален и трагичен пожар.

Голема трагедија во Кочани: Ноќеска се запали дискотека, има десетици жртви (Видео)
на 3.202508:02

Од МВР неофицијално велат дека има 53 загинати лица во пожарот во кочанската дискотека.

МВР ги приведува сите лица кои на било каков начин се поврзани со организација на настанот во приватната дискотека во Кочани.

на 3.202506:59

Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, пренесе Телевизија Кочани.

Како што пренесе Радио Кочани, на местото на настанот има стоитци жртви, мегу нив и жртви.

„Возилата на ТППЕ, возилата на итна помош не се доволни да ги спасат повредените деца кои буквално лежат на улица, додека дискотаката се уште е во пламен. Цивилни возила доаѓаат од сите страни за да помогнат и се упатуваат во правец на општата болница во кошани“ , со овие зборови Радио Кочани ја пренесува сликата од овој настан.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв

 Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го разреши командантот на Централната команда на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генералот Ави Балут.

Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв

Промената уследи по спорот предизвикан од одлуката на тој офицер да изрече административна мерка против израелски доселеник осомничен за напади врз Палестинци, пишува денеска израелскиот весник „Марив“, повикувајќи се на извори кои ја оцениле одлуката како политички мотивирана, бидејќи Балут наводно не ја спровел политиката на Кац.

Весникот наведува дека конфликтот меѓу военото раководство и министерот за одбрана бил предизвикан од одлуката на Балут – кој е надлежен за окупираниот Западен Брег – да спроведе административна мерка против доселеници обвинети за насилство врз Палестинци.

Кац ја објави одлуката за замена на Балут во телевизиска емисија на „Канал 14“, наведувајќи дека на негово место ќе биде назначен Дадо Бар Калифа. Според весникот „Марив“, овој потег предизвикал незадоволство во израелската армија, каде што дел од офицерите сметаат дека одлуката е политички мотивирана.

Началникoт на Генералштабот на ИДФ, генерал Ејал Замир, изјави дека одлуката на Кац не е во согласност со неговите планови и дека тој нема намера да врши промени на командантите на клучни позиции во овој период. „Марив“, повикувајќи се на воени извори, наведува дека ниту Балут, ниту неговиот наследник не биле однапред информирани за одлуката на министерот, туку за неа дознале дури по јавното соопштување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коло Муани во Јувентус

 Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека постигнал договор за ангажман на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани (27) од ПСЖ.

Коло Муани во Јувентус

Тој потпиша договор со важност до летото 2031 година. Обесштетувањето изнесува 38 милиони евра. Со тоа, Коло Муани се враќа во клубот каде што помина половина сезона како позајмен играч во текот на пролетта 2025 година.

Во тој период, тој постигна 10 гола на 22 натпревари за Јувентус. Претходната сезона ја мина на позајмица од ПСЖ во англискиот клуб Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино

Фудбалскиот сојуз на Велс стана првиот сојуз што официјално ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за мандатот до 2027 година.

Велс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино

Се известува дека Велс испратил писмо до ФИФА во кое се наведува дека ја изгубиле довербата во Инфантино и неговото раководство по обидот за продажба на натпреварувањето што се одвива под покровителство на ФИФА.

„Неодамнешните неуспеси во областите на доброто управување, лидерството, вредностите, односите со засегнатите страни, комуникацијата и разумното одлучување нè доведоа до ситуација во која Инфантино ја изгуби довербата на Фудбалскиот сојуз на Велс за да остане на чело на светскиот фудбал“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс.

Се нагласува дека тоа што интересите на фудбалот не се ставени на прво место претставува пропуст што не може да се прифати.

„Скај“ наведува дека соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс е дел од координирани активности на Европската фудбалска унија (УЕФА), која претходно побара одговорност поради обидот за продажба на Светското првенство. Во саботата, УЕФА упати критики за „тајните планови што се спроведуваат со забрзано темпо, осмислени од анонимни поединци и чија корист за самиот спорт е сомнителна“, и најави дека работи на план „за да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори“, при што не исклучи ниту една опција. Се очекува и други фудбалски сојузи да го следат примерот на Велс и да го засилат притисокот врз Инфантино да се повлече, без потреба од иницирање гласање за недоверба. Инфантино, кој е на чело на ФИФА во изминатите 10 години и планира повторно да се кандидира, добил повеќе од 200 писма за поддршка од членките на ФИФА – вклучително и од 52 од вкупно 55-те што ја сочинуваат УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер