Талат Џафери со симптоми на пневмонија примен на Инфективната клиника - Канал 5

Талат Џафери со симптоми на пневмонија примен на Инфективната клиника

Претседателот на Собранието Талат Џафери поради пневмонија денес бил примен на  Инфективната клиника во Скопје.

Талат Џафери со симптоми на пневмонија примен на Инфективната клиника

Но за разлика од тестовите за коронавирусот на министрите Бектеши и Адеми, тестот на Талат Џафери на корона бил негативен.

Џафери, кој според Уставот, треба да ја свика конститутивната седница на новиот собраниски состав најдоцна до 4 август, неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред нејзиното одржување и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.

Ако Џафери не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

Вчера и завчера министрите за образование и наука и за економија Арбер Адеми и Крешник Бектеши, објавија дека се позитивни на Ковид-19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Температурите во наредните два дена ќе останат високи

Додека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи.

УХМР: Температурите во наредните два дена ќе останат високи

Додека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи со речиси 40 степени целзиусови на целата територија на земјава

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Кочани 47. Марш за ангелите

Денеска во Кочани ќе се одржи 47 марш на ангелите, кој според најавите треба да започне во 18 часот и 5 минути минути во Паркот на револуцијата.

Денеска во Кочани 47. Марш за ангелите

Од здружението на граѓани „16-ти март 2025“ во најавата потсетија на истите барања. Како што посочуваат за нив, секое рочиште отвора нова болка, секој нов доказ открива нови пропусти.

Порачуваат, само со одговорност, со институции што ќе постапуваат и со јасна порака дека човечкиот живот е над профитот, функцијата и интересот, може да се спречи утре да се повтори истата трагедија. Во соопштението додаваат дека 63 животи не се статистика, а правдата не се бара еднаш — туку сè додека не биде исполнета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот се регистрирани пет пожари, активни се три

Центар за управување со кризи информира дека денеска, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, а изгаснати се 2 пожари.

ЦУК: До 13 часот се регистрирани пет пожари, активни се три

Oд таму велат дека активни се пожарите во село Желино каде гори ниска вегетација, потоа кај патарината кон Гостивар и во местото викано Думачка маала каде покрај ниска вегетација, горат и багреми... Од Центарот додаваат и дека изгаснати се пожарите во с. Просениково струмичко и во околината на Старо Нагоричане.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер