Светските шампиони Англија и Италија ривали на Македонија во квалификациите за ЕУРО 2024 - Канал 5

Светските шампиони Англија и Италија ривали на Македонија во квалификациите за ЕУРО 2024

Попладнево во Франкфурт беа извлечени составите на квалификациските групи за пласман на Eвропскиот фудбалски шампионат во Германија во 2024 година. 

Светските шампиони Англија и Италија ривали на Македонија во квалификациите за ЕУРО 2024

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија која беше извлекувана од четврторангираниот барабан немаше среќа на ждрепката и доби екстра квалитетни противници. Поранешните светски шампиони Англија и Италија. Популарните „азури“ се и актуелни европски шампиони. Италијанците сигурно добро ја паметат селекцијата на Македонија, нашиот национален тим ја елиминираше силната Италија од баражот за пласман на Светскиот шампионат во Катар.

“Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, изјави селекторот Благоја Милевски по ждрепката.

Црвено жолтите следната година на нашиот најголем стадион ќе им бидат домаќини и на селекциите на Украина и Малта.

По денешната ждрепка се огласи и селекторот на Италија Манчини кој истакна.

„Не треба да кажувам дека ја добивме најтешката група, ако се погледне дека плус ќе е и Украина. А, за Македонија што да кажам? Видовте што се случи во март. Најтешкиот противник од четвртиот шешир“.

Квалификациите во кој ќе учествуваат 53 држави за пласман на Европското првенство ќе се играат од март до ноември во 2023 година.

Еуро шампионатот во Германија е на програмата од 14 јуни до 14 јули во 2024 година.

Отворањето на шампионатот е на Алијанц Арената во Минхен, а финалниот натпревар ќе се игра на Олимпискиот стадион во Берлин.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп сака да ја припои Венецуела кон САД : Имаат многу нафта (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Венецуела би можела да стане 51-ва сојузна држава на САД, повикувајќи на поблиска соработка меѓу двете земји во нафтениот сектор. 

Трамп сака да ја припои Венецуела кон САД : Имаат многу нафта (ВИДЕО)

Тој дури и предложи Венецуела да има гувернер наместо претседател.

„Сакам да и се заблагодарам на Венецуела, со која нашите односи станаа многу, многу добри, одлични“, рече Трамп на предизборниот митинг во Корпус Кристи, Тексас, одржан пред изборите за американскиот Конгрес.

„Имаат многу нафта“

Трамп објави дека првите милиони барели бесплатна венецуелска нафта пристигнале во САД како дел од договорот меѓу двете земји. Според него, ова е историско достигнување што им овозможува на САД да контролираат голем дел од светските резерви на нафта.

„Оваа историска победа ни дава контрола врз огромен дел од светското снабдување со нафта“, рече Трамп. Тој додаде дека венецуелската нафта ќе се преработува во рафинериите во Тексас, вклучувајќи ги и оние во Корпус Кристи.

Трамп, исто така, тврдеше дека американските инвестиции создаваат работни места во Венецуела во обем што беше незамислив пред само една година.

„Ние вадиме многу нафта за себе, многу. Венецуела ќе стане просперитетна земја и кој знае? Можеби наскоро ќе стане просперитетна 51-ва држава. Можно е“, рече Трамп.

Американскиот претседател потоа го повтори предлогот, овојпат директно зборувајќи за промена на политичкиот статус на Венецуела.

„Ајде да го направиме тоа. Направете ја 51-та држава. И наместо претседател, ќе одржиме избори за гувернер. Што е со тоа? Знаете, тие имаат многу нафта“, рече Трамп.

САД го соборија Мадуро во јануари

Изјавите на Трамп доаѓаат по големите политички промени во Венецуела. Американските сили го фатија тогашниот претседател Николас Мадуро во јануари, а Вашингтон оттогаш воспостави тесна соработка со преодната влада предводена од Делси Родригез.

САД и Венецуела потпишаа договор во август со кој на Вашингтон му се овозможи пристап до дел од огромните нафтени резерви на Венецуела. Белата куќа го наведе како најголемиот договор за нафта во историјата, а Трамп тврди дека првите испораки ќе бидат бесплатни за американските даночни обврзници.

Трамп не објасни како Венецуела може да стане американска федерална држава, ниту најави конкретни чекори кон нејзиниот пристап во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва во СДС на смена е Фрчковски

Очигледно вечерва во СДС на смена е Фрчковски, па објавуваат неразбирливи и дезориентирани содржини.

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва во СДС на смена е Фрчковски

Очигледно вечерва во СДС на смена е Фрчковски, па објавуваат неразбирливи и дезориентирани содржини, но сепак да ги потсетиме како се започна..., објавија ВМРО-ДПМНЕ на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осуден убиец избегал преку дупка во оградата на затворот во Тенеси- украл камион и исчезнал

28-годишен осуден убиец кој отслужува доживотна казна избегал од затвор во Тенеси во неделата навечер, искачувајќи се низ дупка во затворската ограда, крадејќи камион и возејќи се во непознат правец.

Осуден убиец избегал преку дупка во оградата на затворот во Тенеси- украл камион и исчезнал

Властите во Тенеси велат дека тој сè уште не е фатен и дека потрагата по него е во тек, објави CNN.

Околу 23:30 часот на 25 октомври, вработените во Северозападниот поправен комплекс дознале дека Џејкоб Морли е исчезнат, соопшти Одделот за корекции на Тенеси.

Морли беше осуден на доживотен затвор откако беше прогласен за виновен за убиство од прв степен, тешка кражба, уништување или менување докази, избегнување апсење и вандализам.

Снимките од безбедносните камери подоцна покажаа дека Морли „ја пробива периметарската ограда“ и го напушта објектот во затворска униформа, соопшти одделот. Сè уште не е јасно како успеал да избега низ оградата.

Видео добиено од Бирото за истраги на Тенеси го покажува Морли како краде бел пикап Форд Ф-350 од 2008 година со регистарски таблички од Тенеси околу 1 часот наутро на 26 октомври, соопшти агенцијата.

Противпожарната служба Хорнбек, која се наоѓа на околу 15 милји од Северозападниот поправен комплекс, соопшти дека снимила видео на кое се гледа како Морли го вози украдениот камион покрај зградата на противпожарната служба околу 1:18 часот наутро.

Морли е вториот затвореник кој избегал од притворот на Одделот за корекции во Тенеси во изминатата недела.

Морли беше осуден за убиство од прв степен за убиството на Коди Бирчфилд, кој првично беше пријавен за исчезнат во февруари 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Картер.

Телото на Бирчфилд беше пронајдено во кутија под домот на Морли, неколку недели откако исчезна, објави Асошиејтед Прес.

Според властите, Морли бил и во бегство од полицијата во потера што заврши во Северна Каролина откако полицајците го пронајдоа во неговиот дом во 2022 година.

Бирото за истраги на Тенеси го стави Морли на својата листа на најбарани бегалци и нуди награда до 2.500 долари за информации што довеле до негово апсење.

Според Одделот за корекции на Тенеси, во Северозападниот поправен комплекс може да се сместат до 1.776 машки затвореници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер