3Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
2Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
Шоу бизСветските ѕвезди во самоизолација: Лејди Гага со новото момче , бујната Деми Роуз се сонча гола (ВИДЕО)Концертите и филмските премиери се одложуваат заради пандемијата на коронавирусот, а светските sвезди на социјалните мрежи ги охрабруваат фановите да се самоизолират со цел да се спречи ширењето на опасниот вирус COVID-19.Нивните профили на Инстаграм се полни со охрабрувачки пораки што треба да послужат како пример за многу следбеници. - Шести ден во (само) изолација! Се забавуваме со видео игри, играње карти, се грижиме за себе и за другите ... Ослободете го умот од стрес и движете се колку што е можно помалку ... Обидете се да не им го пренесете вирусот на другите, а во случај да го имате, одлично е да останете дома, направете го тоа за светот - напиша пејачката Лејди Гага на Инстаграм, и објави фотографија од сопствениот дом, каде се дружи со нејзиното ново момче, Мајкл Полански. View this post on Instagram Day 6 of self-quarantining! Going strong, playing video games and cards, and taking care of ourselves. Important reminder: keep your mind as stress free as possible and your body moving. #selflove #selfcare #bekind try not to pass it in case you have it #corona it’s ok and so wonderful to stay home if you can!What a kind act for the world ❤️ A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on Mar 17, 2020 at 9:35pm PDT Нејзиниот колега Џони Леџенд не ја напушта куќата - тој отиде еден чекор подалеку и го пренесе својот сопствен концерт преку социјалните мрежи. Додека тој свиреше пијано и пееше, неговата сопруга, манекенката Криси Тејген, „облечена“ само во крпа се појави во видеото, а нивната 3-годишна ќерка Луна побара од татко и да ја пее омилената песна на Дизни, „Убавицата и ѕверот“, за време на настапот на Инстаграм. View this post on Instagram Social distancing is important, but that doesn't mean it has to be boring. I did a little at-home performance to help lift your spirits. @Miguel, @CharliePuth - you want next? Learn more about how you can take action to help slow the spread of coronavirus with our partners at @WHO and @GlblCtzn globalcitizen.org/coronavirus #TogetherAtHome A post shared by John Legend (@johnlegend) on Mar 17, 2020 at 9:48pm PDT Контактите со надворешниот свет ги минимизираа и пејачот Џастин Бибер и сопругата, манекенката Хејли Болдвин. Сопружниците, наводно, се во Канада, и тие го „убиваат“ времето дома - со танцување. View this post on Instagram A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on Mar 17, 2020 at 7:39pm PDT И британската манекенка Деми Роуз е во самоизолација, но очигледно решила да поработи на тенот .На Инстаграм, се пофалила со фотографија на која позира целосно гола со една пријателка. Таа не сакаше на нејзините следбеници да им открие точно каде се наоѓа, но ако продолжи да објавува слична „жешка“ содржина, веројатно е дека никој не би ја обвинил. View this post on Instagram Quarantine partner @kinsey ❤️ By @johnnycinematic A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on Mar 15, 2020 at 10:28am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНа Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!Млад човек од Србија е пронајден мртов на врвот на Јулиските алпи, Триглав, во Словенија.Словенечката служба за спасување во планина соопшти дека е завршена повеќeдневната потрага по млад планинар (19) од Србија, кој исчезна во областа на Триглав. Планинарот е пронајден мртов, а службата изрази сочувство до неговото семејство и роднините. Во неделата, на 1 ноември, планинарот останал заробен ноќно време, во областа Племенице поради густа магла и ветер . Во потрагата учествувале планински спасувачи од Бовец и Мојстрана, а во понеделникот, на 2 ноември, пронашле неколку негови лични предмети. Потрагата продолжила и во наредните денови, при што во акцијата биле вклучени хеликоптерски екипи од Брник, како и хеликоптери на словенечката војска и полиција. Интервенцијата се одвивала на исклучително тежок терен и во многу тешки временски услови, проследени со снег, мраз, дожд, ветер и магла.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЃорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија. - Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини. Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него. Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека обврска на Град Скопје е да им обезбеди услови на младите со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат, бидејќи најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија. - Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје – рече Ѓорѓиевски. Фризерско-козметичкиот салон за учениците од „Димитар Влахов“ се наоѓа на булеварот Партизански одреди во Лептокарија во непосредна близина на Универзитет Скопје.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи„Добар ден и од мене, Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните. Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ситуација се соочивме и што се наследивме, разурната држава, уништени институции, систем којшто не постоеше, но се трудиме приоритет по приоритет, еден по еден да ги решаваме проблемите и се надевам дека успеваме во најголема мера да ги решиме тие проблеми. Што се однесува до самиот проект, слушнавте и од самите говорници за каков сложен проект станува збор. Но, она коешто е поважно е дека со овој проект ќе се овозможи земјоделците коишто ќе ги обработуваат своите ниви да имаат повеќе достап до вода, односно ќе имаат можност да имаат достап до вода тогаш кога таа им е потребна. Ќе има можност за повеќе реколта, повеќе земјоделско производство и конечно на крај повеќе приходи за самите земјоделци и на тој начин се надеваме дека голем број од жителите во овој крај ќе се вратат повторно на нивите, ќе го заживееме земјоделството и ќе имаме поголемо производство на земјоделски производи што претставува една од основните цели на работењето на оваа влада. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од владата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за посветената работа на луѓето од институциите во рамките на самото министерство коешто навистина со својата енергија, со својата напорна работа допринесува за овој проект денеска повторно се рестартира или отпочне со работа, на општината којашто дава своја поддршка се разбира секогаш кога е потребно за ваков тип на проекти, на пратениците од овој дел во македонското собрание коишто го поддржуваат реализирањето на ваквите проекти. И остануваме ние како влада да решиме што повеќе проблеми, нешто коешто веќе го кажав на почетокот од моето денешно излагање и конечно на крај да се заблагодарам на нашите партнери од банката KfW коишто ги пратат овие проекти. Се надевам дека уште многу вакви и слични проекти ќе решиме во иднина. Нека е аирлија.“изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00