ФудбалСветскиот шампион Франција последен полуфиналист на Мундијалот во КатарБранителот на светскиот трон Фрација со 2-1 го доби големото европско дерби против Англија и обезбеди шесто полуфинале на Мундијалите.Жиру е новиот херој на Франција, а Хари Кејн е трагичарот на Гордиот Албион. Франција и Англија во последното четвртфинале на Шампионатот во Катар одиграа уште еден изедначен и возбудлив дуел оправдувајќи го епитетот европски класик. Двете селекции имаа свои одлични моменти во вечершното еврпоско дерби. Дуелот на стадионот во Ал Кор долго ќе го памети центарфорот на Англија Кејн, кој е голем трагичар на последното четврфинале на Мундијалот во Катар.Капитенот на Гордиот Албион Хари Кејн во 84 минута промаши пенал за изранување на 2-2. Најдобриот англиски репрезентативен стрелец претходно во 54 минута погоди од белата точка за израмнување на 1-1 постигнувајќи го рекордниот 53 гол во националниот дрес . Франција инаку резултатски го отвори големото дерби со гол на младиот Чуамени во 17 минута со одличен удар од околу 25 метри. Победничкиот гол за популарните триколори во оваа голема техничко тактичка битка на Дешамп и Саутгејт го постигна новиот херој на светскиот шампион, Оливие Жиру за голем триумф на Франција и пласман во нивното шесто полуфинале во кое ги очекува мундијалската сензација Мароко, дуелот е закажан за 14 декември во 20 часот.. Во 10 минута од судиското надополнување нововлезениот Рашворд за малку беше непрециззен од слободен удар од 18 метри, со што беа урнати сите надежи на Англија за продолженија. За првиот финалист на СП во Катар на 13 декември од 20 часот ќе решава пресметка Аргентина - Хрватска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаПортугалците излегоа на протести и блокади, откако цената на горивата достигна рекордно ниво Новиот бран на поскапување на горивата во Португалија ја крена цената на дизелот на рекордно високо ниво, предизвикувајќи протести низ целата земја. Зголемувањето на цените трае цела година, а денешното зголемување на цените предизвика блокади и протестни акции, пишува Euronews. Утрово, возачите масовно протестираа со свирење на сирените на мостот „25 април“, клучен сообраќај што ги поврзува Лисабон и Алмада. Во исто време, на југот од земјата беше организирана протестна колона, која полека се движеше кон рафинеријата на Галп во Синес. Протестот беше организиран преку социјалните мрежи и апликацијата WhatsApp, а продолжи и попладне без најавен крај. Агенцијата Lusa известува дека демонстрантите носеле транспаренти со пораките „Доста со зголемувањето на цените на горивата“ и „Семејствата не можат повеќе да издржат“. Join ‘slow march’ of vehicles to refinery from outlying areas (apoiado pelos Fundos Europeus, no âmbito do Programa Regional ALGARVE2030)https://t.co/sxm3nHGBjW — Portugal Resident (@PT_Resident) September 7, 2026 Цените достигнаа нови рекорди Португалскиот автомобилски клуб (ACP) проценува дека цената на дизелот се зголемила за 15 центи во понеделник, па затоа неговата цена сега е 2.169 евра за литар. Цената на бензинот се зголеми за 12 центи, на 2,142 евра за литар. Овие бројки не го вклучуваат намалувањето на акцизата за нафтени производи (ISP) воведено од владата како итна мерка. Без ова олеснување, зголемувањето на цената ќе беше уште поголемо, имено дополнителни 12 центи за дизелот и 9 центи за бензинот. Според пресметките на порталот Dinheiro Vivo, ова е највисоката цена на дизелот некогаш забележана во Португалија. Цената на бензинот е на највисоко ниво од енергетската криза во 2022 година, предизвикана од руската инвазија на Украина. Цените на горивата растат низ цела Европа. Германскиот весник Frankfurter Allgemeine објавува дека цените во Германија исто така достигнале историски рекорди, при што бензинот го надминал нивото од март 2022 година од 2,203 евра за литар. И покрај ова, Португалија се издвојува како една од најскапите земји. Податоците од порталот за цени на гориво, кој ги следи цените во 21 европска земја, покажуваат дека Португалија во понеделник била на 19-то место по цените на бензинот. Само Франција и Данска се поскапи. Ситуацијата е малку поповолна за дизелот, каде што Португалија е на 17-то место, пред Обединетото Кралство, Италија, Франција и Данска.Тагови: горивата цената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИрина Шајк предизвика воздишки во секси фустан на црвениот тепих во Венеција (ВИДЕО)Манекенката Ирина Шајк се појави на црвениот тепих на 83-то издание на Венецискиот филмски фестивал. Откако беше видена во текот на денот во хотелот Екселсиор на венецијанското Лидо, за вечерното појавување таа избра впечатлив црн фустан од модната куќа Долче и Габана кој ја нагласуваше нејзината фигура. Шајк на тој начин им се придружи на бројните познати имиња кои пристигнаа во Венеција овие денови, каде што заедно со филмските премиери, традиционално се посветува големо внимание на модните изданија на црвениот тепих. Црниот фустан беше во согласност со препознатливата естетика на Долче и Габана, модна куќа со која Шајк претходно соработуваше. Таа избра креација на Долче и Габана За оваа пригода, таа избра креација инспирирана од препознатливата естетика на италијанската модна куќа, во која кроевите со корсет и моделите што ја нагласуваат силуетата имаат важно место со децении. Фустанот со крој со корсет има длабоко деколте и тесна силуета што ја следи фигурата. Се издвојуваат деталите од црна кожа и врвките што се протегаат по страните на фустанот. Токму овие детали откриваат делови од кожата и дополнително ја нагласуваат фигурата, додека целосно црната комбинација му дава на целото издание драматичен изглед. View this post on Instagram A post shared by 𝔰𝔞𝔫𝔣𝔯𝔞𝔫𝔠𝔢𝔰𝔠𝔬 𝔡𝔯𝔞𝔤𝔥𝔦𝔠𝔦 🥀 (@sanfrancesco.art) Шејк го искомбинираше фустанот со црни чевли со зашилен врв и многу висока потпетица. За накит, таа избра впечатлива светкава огрлица што беше во контраст со целосно црната комбинација.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕУ му дава 200 милиони евра на Гренланд: Мора да остане во Европа, а не во САД Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Гренланд, објави пакет од 200 милиони евра за островот.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Гренланд, објави пакет од 200 милиони евра за островот, кој беше во фокусот на вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци. „Европа донесе одлука: да биде поприсутна и поангажирана во Гренланд и Арктикот“, рече таа на прес-конференција во Нук, главниот град на Гренланд. Фон дер Лајен денес ја завршува дводневната посета на Гренланд, автономна територија во рамките на Данска. „Гренланд мора да остане со Европа, а не со САД“, повтори Фон дер Лајен за време на посетата на островот, според Франс Прес. „На Гренланд ѝ е потребна Европската Унија“ Кризата меѓу САД и нивните европски сојузници избувна претходно оваа година, кога Трамп повторно почна да бара САД да го преземат Гренланд и не ја исклучи можноста за употреба на воена сила. Дури на 21 јануари, во говор на Светскиот економски форум во Давос, Трамп рече дека нема да употреби сила. Тензиите се смирија после тоа, но тој не се откажа од својата желба САД да ја добијат контролата врз Гренланд. Фон дер Лајен директно се осврна на кризата во Нук, иако не го спомена Трамп по име. „Иднината на Гренланд ја одлучуваат жителите на Гренланд и Данска. Никој друг“, рече таа. Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен и данската премиерка Мете Фредериксен на истата конференција изјавија дека Гренланд „има потреба од Европската Унија“, но и дека ЕУ „има потреба од Гренланд“. Гренланд треба да ги користи новите европски средства за конкретни развојни проекти, првенствено за подобрување на сателитските капацитети и подобар пристап до интернет на северот и истокот од островот.Тагови: Гренланд САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook