Светски автомобил на годината е „Hyundai Ioniq 5“! - Канал 5

Светски автомобил на годината е „Hyundai Ioniq 5“!

„Ioniq 5“ е прогласен и за најдобар електричен автомобил, како и за најдобро дизајниран модел.

Светски автомобил на годината е „Hyundai Ioniq 5“!

Во пресрет на почетокот на автомобилскиот саем во Њујорк беше прогласен „Светскиот автомобил за 2022 година“, а беа објавени и имињата на победниците во неколку поткатегории.

Годинешниот избор за престижната награда го одбележа електричниот „Hyundai Ioniq 5“, кој покрај главната освои две споредни награди - за најдобро дизајниран автомобил и за најдобар електричен модел.

За победниците одлучуваше меѓународно жири составено од автомобилски новинари, а „Ioniq 5“исто така триумфираше пред електричните автомобили, „Ford Mustang Mach-E“ и „Kia EV6“ (кој дели механичка платформа со возилото на „Hyundai“).

„Hyundai Ioniq 5“ е прогласен и за најдобар електричен автомобил на годината, пред „Audi e-tron GT“ и „Mercedes EQS“.

Корејскиот модел ја освои награда и во областа на дизајнот, а во конкуренција уште беа и „Audi e-tron GT“ и „Kia EV6“.

Во рамките на изборот за „Светски автомобил на годината“ беа доделени награди за најдобар спортски модел, најдобар луксузен и најдобар урбан автомобил на годината.

Во првата категорија победи електричниот „Audi e-tron GT“, пред „BMW M3 / M4“ и сестринските модели „Toyota GR86 / Subaru BRZ“.

Најдобар луксузен автомобил е електричниот „Mercedes EQS“, а во конкуренција беа и „BMW iX“ и „Genesis GV70“.

На крајот, „Toyota Yaris Cross“ беше прогласен за најдобар урбан автомобил, пред „Opel Mokka“ и „Volkswagen Taigun“.

Годинешниот избор за „Светски автомобил на годината“ го одбележа доминацијата на електричните модели во речиси сите категории.

Повеќе за моделот „Hyundai Ioniq 5“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер