Мицкоски за скандалот во „Македониумот“ : Ќе побарам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со Управниот одбор
Мицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
1Мицкоски за скандалот во „Македониумот“ : Ќе побарам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со Управниот одбор
2Мицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
АвтомобилизамСветска премиера: Нов електричен кросовер од ЧешкаЧешкиот производител им понуди на клиентите атрактивен автомобил базиран на „SUV“ моделот „Enyaq iV“.Во понеделникот Шкода го претстави новиот електричен кросовер во се попопуларниот купе облик. „Enyaq Coupe iV“ припаѓа на семејството на возила „Enyaq“ и е базиран на истоимениот „SUV“ модел, а на купувачите покрај обичната верзија ќе им биде понуден и спортски автомобил со „RS“ ознака. Шкода се пофали дека новиот електричен автомобил има подобрена аеродинамика и многу низок коефициент на отпор на воздухот од 0,234. Оваа карактеристика, велат во чешкиот производител, во комбинација со малку помалата тежина на возилото гарантира поголема автономија во возењето. Во понудата ќе има четири верзии, вклучувајќи и модел„RS“ со високи перформанси, како и две опции за батерии. Основниот модел „Enyaq Coupe iV 60“ има капацитет на батерија од 62 kWh и се придвижува од еден електромотор од 180 КС, силата се пренесува на задните тркала. Автомобилот достигнува 100 km/h за 8,8 секунди. Сите три преостанати верзии, „Enyaq Coupe iV 80“, „Enyaq Coupe iV 80x“ и „Enyaq Coupe iV RS“ се опремени со поголема батерија од 82 kWh. Enyaq „Coupe iV 80“ има еден електромотор од 204 КС и исто така погон на задните тркала. Забрзувањето од 0-100 км/ч се реализира за 8,7 секунди. „Enyaq Coupe iV 80x“ е придвижуван од два електрични мотори со вкупна комбинирана моќност од 265 КС. Автомобилот забрзува до 100км/ч за точно 7 секунди. Инаку, максималната брзина на сите три верзии е електронски ограничена на 160 км/ч. На врвот на гамата е моделот „RS“, чии два електромотори обезбедуваат 299 КС. „Enyaq Coupe iV RS“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, пред да достигне максимални, електронски ограничени 180 км/ч. Автономијата на возење мерена според стандардот „WLTP“ е 545 km, додека батеријата на брз полнач може да се наполни (од 10 до 80%) за 29 минути. Во однос на практичноста, Шкода „Enyaq Coupe iV“ нуди волумен на багажникот од 570 литри, нешто помалку од моделот „Enyaq iV“ со 585 литри багажен простор. Автомобилот ќе пристигне во европските салони напролет, до кога ќе се знае цената и другите технички детали, како автономија во возењето на поевтините верзии. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаМицкоски за скандалот во „Македониумот“ : Ќе побарам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со Управниот одборТака што уште денеска ќе побарам да бидат, и членовите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.“Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случките во Македониумот, изјави: „Ги следев тие реакции, навистина тоа коешто таму се случило, претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба бидат изнајмувани и користени за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил и ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Така што уште денеска ќе побарам да бидат, и членовите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирањеЈас немам што да додадам од она што претходните говорници веќе го кажаа. „Добар ден и од мене, почитувани претставници на медиумите, Јас немам што да додадам од она што претходните говорници веќе го кажаа. Можам само да кажам дека проблеми има, наследивме илјадници би рекол проблеми, секој ден решаваме по некој проблем; еве денеска сме тука да присуствуваме на ова навистина прекрасно издание, студентскиот дом „Стив Наумов“., 1150 студенти овде ќе ја градат својата студентска иднина. Практично, условите кои што денеска ги имаат се на навистина како што некои од претходните говорници кажаа најдобри во регионот, можеби и пошироко. Навистина имаме европски услови, тоа кое што тие треба да го прават само да се посветат на учењето, да ги завршат студиите, се разбира и понатаму да го управуваат својот живот. Она кое што ние како Влада го правиме додека некои седат и од страна само критикуваат без аргументи, нема поголем аргумент од испораката на проекти и исправање на пропустите и грешките од минатото. За жал се илјадници. Работиме по приоритети, работиме врз основа на можностите кои што ги имаме на располагање. Голема благодарност до нашите партнери, Германската развојна банка, Европската Унија, голема благодарност до колегите од Владата, до вработените во студентскиот центар, во студентскиот дом тука, за трпението. Наеднаш ќе имаме 1.150 нови легла, капацитет што досега го немавме. На крајот на овој месец, следниот месец очекуваме да се пушти и вториот студентски дом, така што во еден момент ќе имаме и повеќе од 1.500тини легла на располагање за студентите кои што до сега ги немавме, коишто ќе бидат со европски услови како што и Н.Е. амбасадорот на ЕУ, господинот Рокас кажа- state of art. Така што еве уште еднаш нека ни е со среќа, нека ни е честито, многу научни тези, дипломски, магистерски, докторски тези да се изработуваат во овие простории, во овие студентски домови.“- изјави премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЗабаваБела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ СкопјеНа 3 октомври, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, главниот град ќе живее во ритамот на „Бела ноќ“, со концерти, изложби, диџејски настапи и програма за најмладите.Плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ), на 3 октомври ќе обедини повеќе генерации публика со програма што започнува со детска песна и театар, а продолжува со концерти и музика по полноќ. Настанот е дел од „Бела ноќ 2026“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, која и годинава ќе ги поврзе градските плоштади, улици, музеи и галерии во заедничка ноќ на културата. Програмата на плоштадот „Мајка Тереза“ започнува во 18:00 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, а во 18:45 часот следува „Театар за тебе“, интерактивен театар за деца. Од 19:30 часот публиката ќе ја раздвижи DJ Bono, по што во 20:30 часот настапува „Допамин бенд“. Во 22:00 часот, сцената им припаѓа на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, додека од 00:00 часот музичката програма продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv. Кај фонтаната „Лотус“, „Бела ноќ“ ќе донесе вечер посветена на електронската музика. Програмата започнува во 20:30 часот со Flooder & Vaso, продолжува во 22:00 часот со DJ Vecky – Fluere, а од 00:00 часот настапува Invictoz – Sempre. На платото пред Музејот на современата уметност, од 20:00 часот, ќе се одржи „IN BETWEEN 04“, со DJ AYŪ од Берлин, DJ Peneva, DJ Stefan Strange, DJ Bole и DJ Luka, дополнувајќи ја музичката понуда на манифестацијата. На „Боемска улица“ ќе се одржи „Боемска бела ноќ“ на која ќе настапи младиот Владмир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов. Покрај концертните и диџејските настапи, „Бела ноќ“ ќе понуди и средби со современата ликовна и мултимедијална уметност. Во Домот на градежниците ќе бидат претставени самостојната изложба на Марија Рашковиќ и групната изложба „Вортекс“. Во Чифте амам публиката ќе може да ја посети изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали, а во „Мала станица“ мултимедијалната изложба „Меѓу светови“ на Воскресија Андреевска. Дел од содржините ќе започнат уште во текот на денот. Во Детскиот културен центар „Карпош“, во 09:00 часот, е најавена изложба на детски ликовни творби. Во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во 12:00 часот, ќе се одржи „Нацртај песна“, а во 19:00 часот следува изложбата „Види ја поезијата“, поврзувајќи ги литературата, имагинацијата и визуелното изразување. Археолошкиот музеј ќе ги пречека посетителите со бесплатен влез и содржината „35 предмети, 35 приказни“, отворајќи простор за откривање на културното наследство и приказните што ги чуваат музејските предмети. На мапата на „Бела ноќ 2026“ се и Младинскиот културен центар, Мостот на уметноста, Боемска улица, Старата скопска чаршија, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“ и улица „Македонија“. Заедно, овие локации ќе понудат можност за поинаква прошетка низ Скопје, исполнета со уметност, музика и средби. Вечерната програма на манифестацијата ќе се одвива од 19:00 до 03:00 часот, со одделни дневни содржини и детска програма што започнуваат порано. ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје ги покануваат граѓаните и посетителите да бидат дел од „Бела ноќ“ и да го доживеат градот преку неговата креативност и културна разновидност. На 3 октомври – Скопје не спие!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter