Света Педесетница – Духовден (Св.Троица)

Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните претци. Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота".

Духовден се вика и Педесетница, не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот што му дава печат на овој ден се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Овие два празника Пасха и Педесетница, заедно со Преполовение се единствените што имаат основа во Стариот завет. Евреите го празнувале Пасха како ден на излегувањето на еврејскиот народ од египетското ропство, а празникот Педесетница го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги подарил законите на Мојсие во Синајската Гора. Во Новиот завет Пасхата станала празник на излегувањето на човекот од ропството на гревот и на смртта и на влегувањето во вечниот живот, а Педесетницата во спомен на дарувањето на светиот Дух на апостолите.

Тој ден апостолите биле на едно место во Ерусалим, биле дванаесет на број зашто испразнетото место на Јуда Искариотски, кој по предавството на Исус се обесил, го пополниле со Матеј, кого го избрале со коцка од учениците Христови, за нивниот број пак да биде дванаесет. Околу 9 часот наутро одеднаш се слушнал силен шум од небото како дување на силен ветар, се покажал Светиот Дух, ја исполнил просторијата, а потоа во форма на пламени јазици слегол врз апостолите. Овој момент е претставен и на иконите во нашите цркви каде што се насликани на едно место сите апостоли, заедно со Богородица, а над нивните глави се гледаат пламени јазици што всушност го претставуваат Светиот Дух.

По овој настан апостолите започнале да зборуваат на разни јазици, а многубројниот народ што се собрал по силниот шум помислил дека тие луѓе зборуваат неразбирливо затоа што се пијани. Тогаш се појавил светиот апостол Петар кој на собраните луѓе им објаснил дека тие луѓе не се пијани туку се исполнети со Светиот Дух што им го испратил Господ. Потоа ги поканил да се крстат, а многумина што чувствувале товар на совеста поради настаните што му се случиле на Исус Христос, веднаш прифатиле да ја примат верата Христова. Само во тој момент се крстиле околу 3.000 луѓе.

Овој настан во Светото писмо поточно во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука" вака е опишан: „Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени и застанаа по еден над секого од нив. И се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. (…) Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?" А други потсмевајќи се велеа: „Се напиле со слатко вино". Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече: „Луѓе Јудејци, и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимавајте на моите зборови: овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот: но тоа е претскажано преку пророкот Јоил: И ете во последните дни, рече Бог ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа; и во тие дни врз слугите Мои ќе излејам од Мојот Дух и тие ќе пророкуваат. И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата, крв и оган и чад. Сонцето ќе премине во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов. И тогаш секој што ќе го призове името Господово, ќе се спаси." (Дела 2/1-21)

Со ова се исполниле зборовите на Св. Јован Крстител кој подготвувајќи го народот за доаѓањето на Исус Христос, повикувајќи ги луѓето на покајание и крштевајќи им ги зборувал: „Јас ве крштевам со вода, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган." (Матеј 3/11) Ако во Стариот завет Светиот Дух бил испраќан врз одбрани личности, пророци, во Новиот завет тој според пророкот Јоил требало да биде излеан врз целиот народ. „И ете по тоа ќе излеам од Мојот Дух врз секоја плот…" (Јоил, 2/28)

Овој празник уште се вика и Света Тројца зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.

Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква, се изведуваат некои обичаи, а во некои места попладнето се оди на оро. Во некои места се изведува и обичајот Скрсти со кој се моли за дожд и родна година.

Во народното верување овој празник најповеќе се поврзува со душите на умрените. Се верува дека од Велигден до Духовден душите на умрените се слободни. Кога ќе се рече Ристос воскресе на Велигден се отворале вратите на рајот и пеколот и душите рисјански летнувале по небото и најповеќе застанувале по цветовите на дрвјата. Се вели уште и дека на Духовден мртвите разговарале па кој сакал да ги чуе, да го ставел увото на некој гроб ќе слушнел како шепотат како пчели кога брмчат.

А бидејќи душите на мртвите се слободни во овој период и бидејќи им е мило да се покрај своите, луѓето им приредуваат гозби. Особено тоа го прават на Задушница, саботата пред Духовден. А кога ќе дојдел овој празник, како што запишал М. Цепенков, „веќе ќе и спотераат анѓелите да и носат пак на небеси, да и затворат во рајот". И Е. Спространов запишал дека на овој ден затоа што тогаш се затвора рајот мртвите ги мамеле со ореова гранка. Што се однесува до употребата на ореови гранки на овој ден треба да се напомене дека во народните верувања уште од претхристијански времиња оревот имал привлечна сила за душите на умрените поради што се користи во обредите на овој ден. Ставањето на ореови лисја во алиштата на овој ден има и практична цел, заштита од молци.

На Духовден се раздава „за душа". Тоа се прави и за да се задоволат мртвите зашто пред да бидат затворени треба да бидат убаво нахранети. Поради тоа човек не смее ништо да јаде додека не раздаде нешто за „задуша". Народот верува дека на овој ден душите на мртвите се причестувале поради што луѓето раздавале за „бог да прости" за да имаат тие со што да се причестат. Тие меѓу себе се прашувале: „Ти се причести?" – „Не се причестив!" А не се причестувале зашто некој од роднините јадел пред да раздаде. Во тие случаи додека другите се гоштевале на софри, овие за кои немало раздадено седеле на страна „умилн’ти".

Во минатото христијаните на овој ден ги кителе црквите и гробовите, но и куќите со цвеќе и зелени гранки. Со обновувањето на природата во овој период од годината тие симболично гледале и обновување на својата сила што било резултат на примањето на Светиот Дух.

Интересен обред со давање курбан на Светиот Дух е забележан во селото Лески, Неврокопско. Тамо, имено, се верувало дека полето го чува еден змев кој живеел во некоја пештера во планината. На празникот изведувале многу обичаи за да му угодат на Светиот Дух но и на змевот за да го чува полето од градобијни облаци. Помнам, рекол еден старец, дека една година и ние не излеговме и не неправивме курбан, ама таа година се ни исчука градот, и уште малку беше тоа ами кога се зададе од кај врвот една самовила, искрши и од корен откорна до што имаше дрво нишанлија во синорот… За нас денеска и од Велигден е потешко!

На врвот од планината се колел овен и крвта му истекувала во пештерата во која како што кажувале дека доаѓал змејот. Во таа пештера ги фрлале и роговите и другите остатоци ако јаделе таму. Ако времето било ветровито овенот го колеле на врвот, но потоа слегувале до некое место пониско и во завет го готвеле јадењето и го јаделе, но ајазмото (водосветот) и адетите ги правеле на врвот. Со чукање на железно клепало, народот се повикувал да оди кон врвот зашто црковната служба веќе била завршена. Селаните облечени во празнична носија тргнувале кон врвот. Таму жените ги ределе околу пештерата своите колаци (лебови). На една мала плоча во близина на пештерата ставале сад со вода и започнувал водосветот. По водосветот и прскањето со водата старите жени се фаќале на оро околу пештерата пеејќи ја следнава песна:

Јој ти милинки Свјати Дух,

Като грмнеш и треснеш,

Сичка са гора путриса:

И м'жку детја фаф мајќа,

И руду јагња пуд овца,

И љута змија в'гармада.

О слушај нашта мулитва,

Мирен д'ш прати пу нива,

Пу ниви и пу љуваде.

Чувај градини и лозја

От град, градушка и вјатр,

Та ша ти курбан дунисем,

И ша ти молба принесем

И ду година с'с здравја.

Орорто со оваа песна се водело со такт: се тргнувало со десната нога напред и потоа се додавала и левата. Бабата ороводка се вртела кон исток, давала знак, и сите со молчење се отпуштале и молитвејќи три пати се прекрстувале. Во тој момент се молеле и се крстеле и мажите иако не играле на оро. По извршувањето на овој обред старите мажи и жени поседнувале и по раздавањето на колаците почнувале да пијат ракија, а младите и машки и женски почнувале оро под звуците на гајдата и дајрето.

Тој таканаречен врв, вели авторот на овој напис, претставува еден конус. На самиот врв на тој конус има пештера свртена малку кон запад. Таа повеќе личи на дупка отколку на пештера. Во таа пештера биле нафрлани роговите и крвта на курбаните. Општиот курбан бил еден овен, но некои си принесувале и свои курбани што можеле да бидат овци или јагниња. Кога курбаните биле сварени епитропот со чукање во железното клепало, кое за тоа го носел на врвот, ги повикувал присутните на молитва и ручек. При тоа клепање сите се собрале околу пештерата. Свештеникот кревал леб и присутните поседнале на трпезата за ручек. Неколкумина првенци со свештеникот и учителот седнале на посебна трпеза на које биле почестени и гостите. Се точело мелничко вино донесено во мевови. Кога се завршило јадењето свештеникот благословил по што остатоците се собрале и се фрлиле во пештерата. По ручекот продолжила веселбата со ора и музика додека не дошло време за враќање. Ноќта се вратиле со селото, каде што изиграле уште едно оро иако било темница. Потоа сите меѓусебно си благословувале за празникот и неговото дочекување идната година и се разотишле по своите домови. Така се празнуваше старовремскиот празник во селото Лески, вели запишувачот на овој обичај А. Иванов, учител во село Караќој. Очигледно се работи за стари обичаи и верувања, за претхристијански митолошки претстави, помешани со понови слоеви на народната култура.

Кај нас до денес е задржан обичајот на овој ден на гробовите да се носат дулиња (бардачиња). Во некои краишта тие се оставаат на гробовите и во текот на годината кога се оди на гробот се дополнуваат со вода, а во други места се раздаваат најчесто на поблиски роднини и пријатели, се носат дома и од нив се пие вода за душа од умрените и за споменување на нивните имиња. Има и други верувања поврзани со овој ден. Така на пр. се верува дека ако човек умрел од Цветници (Лазара) до Духовден одел право во рајот. Во некои краишта (Гевгелиско) брзале до Духовден да го дожнијат јачменот зашто потоа дувале силни ветрови и го уривале родот./МИА

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

притисни ентер