Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
1Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
3Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЖивотСведок во процесот против Трамп го тужи Помпео за 1,8 милиони долариГордон Сондленд, еден од клучните сведоци во процесот на отповикување на Трамп во 2019 година, го тужеше Помпео барајќи компензација за правните трошоци од 1,8 милиони американски долариАмбасадорот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во ЕУ, Гордон Сондленд, еден од клучните сведоци во процесот на отповикување на Трамп во 2019 година, го тужеше поранешниот државен секретар Мајкл Помпео, барајќи компензација за правните трошоци од 1,8 милиони американски долари кои ги имал за време на судењето. Портпаролот на Помпео ја нарече тужбата „апсурдна“ и рече дека Помпео е сигурен дека „судот ќе има ист став“. Во сведочењето опишано во тужбата на Сандленд како „крајно напнато и ризично, со огромни последици“, тогашниот амбасадор на ЕУ им опиша на обвинителите дека Трамп и неговиот адвокат Рудолф Џулијани експлицитно барале „услуга за услуга“ од Украина и ја условувале посетата на американскиот претседател со политички истраги. Трамп беше отповикан од Претставничкиот дом, но беше ослободен од обвинението на судењето во Сенатот во 2020 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на хранаВодата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија вчера попладне од Општина Струмица.Одлуката е донесена од агенцијата за храна и ветеринарство, по спроведен вонреден инспекциски надзор. Според информациите објавени од општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.забраната не се однесува само на директно консумирање на водата. Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места. Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче ПетровМалолетник бил нападнат во школски двор во скопската населба Ѓорче Петров.Во средата во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворот од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал.. Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во билтенот на МВР , се здобило со тешки телесни повреди.се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!Додека јавноста го чека цела недела да пушти глас, да почне да работи, да си ја заработи платат од граѓаните, да си го обели образот, Јавното обвинителство сѐ уште нема отпочнато постапка за прославата на независноста. Либерално-демократската партија (ЛДП) се нуди да помогне за конечно да има подеднаква правда за сите во Македонија. „ЛДП бара јавното обвинителство да покаже дека има способни кадри кои не подлегнуваат на политички притисоци и веднаш да отвори постапка поврзана со трошењето пари од државна лотарија“, вели во изјава истакнатиот правник и член на Извршниот одбор на ЛДП, Илија Чилиманов. Тој додава дека кога веќе се вратија од летниот годишен одмор и сон и се фатија со експресни постапки за заштита на „шефот на елитата“, може да се позанимаваат и со барање на одговори на следниве прашања. „Нели станува збор за ист модус операнди, механизам односно модел на извршување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од кривичниот законик кога Артан Груби и претходната гарнитура ги заобиколувале одредбите од Законот за трговските друштва и со заклучоци од Владата и наложиле на Државна лотарија да преземе финансиски обврски во износ од 8,3 милиони евра? И сега со начинот на кој се извлечени парите за прославата на независноста во 2026 година, актуелниот премиер, генералниот секретар на Владата и директорот на Државна лотарија го направија апсолутно истото. Донеле заклучоци на владата со кои парите од нераспределената добивка ги пренасочиле надвор од буџетот на државата“, посочува Чилиманов. ЛДП гласно реагираше и на штетните измени на кривичниот законик направени во септември 2023 година, а кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување е предвидено и казниво со Кривичниот законик. „Па кога веќе јавното обвинителство го гони Груби според тој член, има законска основа да поведе постапки против актуелните функционери. Доколку прераспределбата на средства е направена без одлука од Собранието на акционери, со ист криминален модел, Државната лотарија повторно се користи како приватна партиска каса и вонбуџетски фонд за да се изиграат одредбите од Законот за буџет и редовните процедури, а милионски суми да завршат кај претходно договорени приватни субјекти“ вели Чилиманов и додава дека за ЛДП нема „ваши“ и „наши“ пред законите. Доколку јавното обвинителство го гони Груби, а молчи за премиерот и актуелните функционери кои преку иста шема потрошија милиони евра за десеттина прослави и концерти по нивна волја, тоа е директен доказ за селективна правда и заробено правосудство. „Државната комисија за спречување на корупцијата ја послуша ЛДП и веќе отвори предмет по допрен глас. Сега, заедно со граѓаните, бараме Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, исто така по допрен глас, брзо како и ДКСК да поведе постапка во која ќе обезбеди соодветни докази покрај другите и заклучоците од Владата и склучените договори. На тој начин, конечно ќе се покаже дека Јавното обвинителство ѝ служи на правдата, а не е само институционален штит на новата елита. Граѓаните на Македонија заслужуваат правда исто како и елитата, можеби и повеќе“, заклучува Чилиманов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter