Свечља: Шестмина напаѓачи врз косовската полиција се лекуваат во Нови Пазар - Канал 5

Свечља: Шестмина напаѓачи врз косовската полиција се лекуваат во Нови Пазар

Србија да ги предаде на Косово, бара Сцечља.

Свечља: Шестмина напаѓачи врз косовската полиција се лекуваат во Нови Пазар

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека има информации оти шестмина ранети членови на групата која вчера изврши напад врз косовската полиција на северот од земјата се лекуваат во болница во градот Нови Пазар во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција по повод вчерашниот инцидент во селото Бањска, кај Звечане, во кој беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од групата напаѓачи, која официјална Приштина ја квалификува како терористичка, Свечља побара од Србија да ги предаде ранетите, како и сите други припадници на групата од над 30 лица кои по акцијата на косовската полиција пребегнале во соседната држава.

- Според досегашните информации, шест ранети терористи се лекуваат во болницата во Нови Пазар и бараме од Србија истите веднаш да ги предаде на властите во Косово, со цел да одговораат пред правдата за терористичките дела. Исто така бараме од Србија да ни го предаде секој припадник на групата кој успеал да побегне во Србија, рече Свечља.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Возачот на камион, државјанин на Македонија М. Ј., загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Врање - Ниш, во близина на Богоевац во близина на Лесковац.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Сообраќајната несреќа се случила околу 1:50 часот по полноќ, кога возачот, кој управувал камион со приколка, најверојатно поради несоодветна брзина, излетал од автопатот, објави Блиц.

По излегувањето од коловозот, возилото се запалило и целосно изгорело, а телото на возачот било пронајдено во камионот.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари, екипи на брза помош и полиција. Пожарникарите интервенирале поради пожар во камионот, додека полицијата извршила увид на лице место за да ги утврди сите околности и точната причина за несреќата.

Истрагата е во тек, а повеќе детали за околностите под кои се случила трагедијата ќе бидат познати по извршувањето на проверките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината.

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Дваесет години од мојот професионален живот поминав во високото образование. Затоа денес не доаѓам само како министер, туку и како човек кој добро го познава академскиот свет и верува во неговата моќ да создава знаење и да го менува општеството“, истакна министерот Серафимовски.

Во своето обраќање тој се осврна на климатските промени, зачувувањето на почвата и водата, безбедноста на храната, недостигот од работна сила и потребата од поголема продуктивност. Министерот Серафимовски нагласи дека одговорите на овие предизвици се во поврзувањето на традиционалното знаење со научните истражувања, иновациите и современите технологии.

„Современото земјоделство веќе вклучува сателитски податоци, дигитални карти, сензори, дронови, автоматизирани системи, прецизно наводнување и вештачка интелигенција. Земјоделецот на иднината ќе ја познава земјата, но ќе знае да управува и со податоци. Технологијата нема да го замени човекот, туку ќе му помогне да носи подобри, побрзи и попрецизни одлуки“, порача министерот Серафимовски.

Тој посочи дека соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и храна ќе се развива како суштинско партнерство преку кое научните сознанија ќе се вградуваат во земјоделските политики и ќе стигнуваат до производителите и компаниите.

„Земјоделството е храната на нашите трпези, почвата и водата, животот во селата, животната средина и сигурноста на државата. Затоа не ја чекајте иднината, бидете проактивни и со љубопитен дух создавајте ја преку знаење, наука, технологија, труд и одговорност. Наша обврска е да создадеме услови вашите идеи да се реализираат овде, во нашата татковина“, порача пред студентите министерот Серафимовски, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)

Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.

Протест на аеродромот во Приштина-  приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)

Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“.

Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг.

YouTube video

На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“.

Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти.

Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер