Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
МетеоСуперќелиски бури во Полска и Романија, најавено е и торнадо Силни и потенцијално опасни бури денеска погодија делови од Полска и Романија, а метеоролошките служби предупредија на можноста за суперќелиски бури, град, силни ветрови, па дури и локални торнада.Полскиот институт за метеорологија и управување со водите (IMGW) издаде предупредувања за неколку региони откако силни бури, вклучувајќи и грмотевици од суперќелии со интензивни врнежи од дожд и град, се развија во јужниот дел од земјата, објави „Виадомосци“. Prognoza opadu na 8 godzin (Model MERGE) pic.twitter.com/LyE7hZHtLj — IMGW-PIB METEO POLSKA (@IMGWmeteo) June 11, 2026 Метеоролозите истакнаа дека најтешко погодени региони се јужна Полска, вклучувајќи ги областите околу Криница-Здрој, Дукла и Леск, каде што беа регистрирани обилни врнежи од дожд, град и налети на ветер. Едно од предупредувањата на IMGW наведува дека „опасните грмотевици од суперќелии“ исто така можат да предизвикаат торнада. Метеоролозите предупредуваат дека во наредните часови, нови ќелии на бура ќе се движат од правец на Словачка кон југ и исток од Полска, со можност за формирање на дополнителни суперќелии. Полскиот владин безбедносен центар (RCB) исто така издаде предупредувања за опасни временски услови. Националната метеоролошка управа (ANM) во Романија издаде портокалов код за предупредување за неколку области поради обилни врнежи од дожд и силна атмосферска нестабилност, објави Adjerpres. Предупредувањето се однесува на 17 окрузи и ќе трае до утре наутро. Метеоролозите во Романија прогнозираат врнежи од дожд со грмотевици, локално значителни количини на врнежи и бурен ветер од 70 до 90 километри на час, со можност за град. ⚡️Several tornadoes swept through parts of Poland and Lithuania, leaving thousands of people without power, — according to RMF24. The storm was accompanied by heavy rain, thunderstorms, and gusty winds. 👉 Follow @blyskavka_ua pic.twitter.com/7mvFzcuqHc — BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) June 6, 2026 Во некои области се очекуваат повеќе од 70 литри дожд на квадратен метар. Жолтите и портокаловите временски предупредувања опфаќаат големи делови од Трансилванија, Молдавија, Олтенија, Мунтенија и планинските региони, каде што се очекува нестабилното време да продолжи и во наредните часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцетоПо повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол",По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол", со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е на препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон обезбедување универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. На пунктот на ИЈЗ граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, како и висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања. Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКосовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“Како што објави СДК, Македониумот во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимање на спотот „Секси мама“, на косовскиот рапер Дон Џони.Директорот на споменикот Македониум во Крушево изјавил дека продукцијата побарала дозвола и тие дале. „Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, ни изјави Миха Оџаклиески за СДК. Тагови: Дон Џони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10 000 војници во РусијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека на руска територија се наоѓаат повеќе од 8 000 севернокорејски војници и дека се во тек подготовки за распоредување на уште 10 000 војници.Повикувајќи се на „нови податоци“ за распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, Зеленски во објава на платформата Икс наведе дека тие „Се избираат за обука и последователно распоредување во Русија“. Украинскиот претседател минатиот месец рече дека до 50 000 севернокорејски војници би можеле да бидат испратени да се борат за Русија. Според украинските и независните проценки, Пјонгјанг, исто така, ја снабдил Русија со милиони артилериски и минофрлачки гранати, како и со балистички ракети, артилериски системи со голем дострел и повеќецевни ракетни системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter