Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана
1Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана
МакедонијаСугаревски: Сечата на шума на Водно од планираните 3.000 ќе се сведе на 1.400 метри кубни дрва Македонски енергетски ресурси (МЕР) изработи предлог на нова траса која, како што рече, во делница од четири километри ќе ја помести линијата на гасоводните цевки, според која значително се намалува оштетувањето високо стеблеста шума.Ова денеска на дебатата за гасоводот на Водно го соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. - Со новиот предлог, што подетално ќе го објасни директорот на МЕР, од планираната сеча од 3.000 метри кубни, со новиот план се намалува на околу 1.400 метри кубни, што ќе треба да бидат исечени за изградба на гасоводот. Со новиот предлог широчината на трасата се намалува од 25 метри на 10 до 15 метри и се избегнуваат деловите каде има густа дрвна маса, рече Сугарески. Тој соопшти дека ќе се изврши пет пати повеќе пошумување на поширокото подрачје, каде минува трасата. - Како компензација на секое исечено дрво да се посадат 10 нови дрвја за да се оформат нови заштитни подрачја на Водно кон Матка. За ова веќе постои договор меѓу МЕР и ЈП „Паркови и зеленило“ со точна утврдена цена за засадување на нови садници. Свесни сме дека со ова има одреден процент поголеми трошоци, но внимаваме на поголема заштита на животната средина, рече Сугарески и додаде дека генерално ова се предлозите на МЕР. Министерот Сугарески посочи дека надлежност на Министерството за транспорт и врски е дека за секоја промена на трасата потребно е да се направат измени на постоечката планска и проектна документација согласно Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање. Според него, така ќе се запазат сите законски прописи, а граѓанските здруженија активно ќе бидат вклучени во целиот процес. Тој истакна дека гасификацијата е од огромно значење за земјата и од економски и од еколошки аспект. - Проектот го наследивме и се обврзавме пред граѓаните дека ќе го реализираме се со цел да овозможиме економски развој на Република Македонија, но не по секоја цена врз животната средина, рече Сугарески. Активистката Тања Стојановска истакна дека тие не се против гасоводот и тој претставува иднина за државата, но, како што рече, тој минува низ заштитена парк шума. Според неа, трасата е проблем зошто мора да минува низ Водно и додаде оти имало уште четири други алтернативни решенија. - Гасоводот е добробит, но не на овој начин, рече Стојановска. Активистите од „Го сакам Водно“ и преку соопштение денеска порачаа дека учествуваат на дебата во Град Скопје, но дека таа не е тоа што тие го бараат и дека се наоѓаат во инфериорна позиција, бидејќи дебатата се одвива на терен на еден од учесниците на, како што велат, уништувањето на Водно. - Нашето присуство денеска на терен на градоначалникот, кој всушност ја има издадено дозволата за сеча низ Водно, не е никаква замена за уште едно соочување на национална телевизија, во нормално време кога граѓаните ќе можат да нè следат, и во која ќе учествуваат сите засегнати институции вклучително градоначалникот Шилегов, Макрадули од МЖСПП, кој се согласи за дебата, и ни е чудно што не е денеска овде, истакнуваат од Здружението. Тие се прашуваат зошто до сега не е прекинат проектот бидејќи за време на средбите во иминативе четири месеци им било признаено дека 95 проценти се во право за заштитата на планината. Порачуваат дека не се откажуваат од целта да го заштитат Водно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамБМВ подготвува одговор на Г- Класата на Мерцедес (ФОТО)Mercedes G-Class практично нема директен германски конкурент со децении, но тоа би можело да се промени во следните неколку години.Откако се појавија информации дека Audi размислува за развој на робустен SUV кој ќе се натпреварува со G-Class, BMW наводно има слични планови. Иако засега нема официјална потврда од Минхен, во последните месеци се почесто се споменува дека BMW размислува за развој на луксузен SUV кој би можел да се натпреварува со G-Class, но и со Land Rover Defender и идниот модел на Audi. View this post on Instagram A post shared by CAR DESIGN | RENDERINGS (@kelsonik) Добро познатиот дигитален дизајнер Келсоник, чии рендери често се појавуваат во специјализирани медиуми, се обиде да покаже како би можел да изгледа таков автомобил. Рендерите прикажуваат модерен, но сепак многу робустен BMW со исправен став, проширени браници, големи гуми за сите терени и резервно тркало на задната врата. Предниот дел е украсен со помали „бубрези“ на BMW и тенки LED светла, додека целиот автомобил изгледа поелегантно од Mercedes G-Class, но доволно сериозно за возење надвор од патот. Неговиот дизајн е поблизок до новиот Lexus GX отколку до класичен, целосно коцкест SUV. Според авторот на рендерот, големите предни отвори за вентилација би можеле да послужат за ладење на двоен турбо V8 моторот на BMW, кој би се вклопил совршено во таков автомобил. Секако, електричниот погон не е исклучен како опција. View this post on Instagram A post shared by CAR DESIGN | RENDERINGS (@kelsonik) Според досегашните информации, евентуалниот SUV на БМВ би можел да пристигне околу 2029 година, доколку проектот добие конечно одобрение. Во меѓувреме, наводно, Audi работи и на сопствена интерпретација на луксузен SUV, што значи дека G-класата конечно би можела да добие двајца сериозни германски конкуренти по многу години.Тагови: бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширанаПо повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби.По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби, но не и за пиење, ниту пак за подготвување на храна. Ова на прес конференција го кажа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој посочи дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење. „Во координација сме со Општината во делот на сето она кое треба да се преземе понатаму. Сакам лично да изразам благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа и на сите експерти кои помогнаа да дојдеме до оваа фаза, техничка вода. Се надевам до сите одговорни во рамки на опшините, се надевам дека ова ќе биде за памет и дека ќе постапуваат максимално професионално и во делот на квалитетот на водата, затоа што играње со здравјето на граѓаните нема“, рече Тошковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)Украински беспилотни летала го нападнаа рускиот пограничен регион Белгород и градовите во јужна Русија во текот на ноќта, објавија локалните власти и каналите што ги следат воените настани.Оперативниот штаб на регионот Белгород објави на Телеграм дека 12 лица се повредени во Белгород. Во нападот беа запалени станбена зграда и 15 паркирани автомобили. „Покрај тоа, една куќа беше делумно уништена, а неколку станбени згради беа оштетени“, објави штабот. Регионот Белгород се наоѓа по должината на границата со Украина, а градот Белгород е оддалечен само околу 27 километри од североисточниот дел на Украина. Belgorod now 🔥👀 pic.twitter.com/0i3uQCUOe9 — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 Експлозии и во градот на брегот на Азовското Море Подоцна во текот на ноќта, експлозии одекнаа и во јужниот руски град Ростов на Дон, објави Телеграм каналот Егзиленова Плус. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди украинскиот напад и рече дека една станбена зграда е оштетена. Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, рече дека две лица се убиени во градот, додека уште пет се повредени. Тој додаде дека во нападите биле запалени магацини и неколку куќи. Belgorod 🎉🎉🎉🎉 pic.twitter.com/i2Qda0tFGt — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 „Две лица, брачна двојка, беа убиени во Ростов на Дон. Пет лица беа повредени, од кои двајца во тешка состојба, вклучувајќи и тинејџер. Прозорци беа скршени во неколку куќи, како и на горните катови од станбена зграда и социјален објект“, рече Шљусар. Експлозии беа пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море, според каналот на Телеграм Супернова Плус.Тагови: Ростов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20