Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос - Канал 5

Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос.

Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос

Во рамки на работната посета на Мадрид, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос.

На средбата беше разговарано за напредокот на европската интеграција на Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија.

Министерот Сали се заблагодари за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава и ја потврди посветеноста на Владата за продолжување на реформите и исполнување на обврските на патот кон членство во Европската Унија.

Двајцата соговорници ја потврдија важноста од блиската билатерална соработка и континуираната координација во европските процеси, изразувајќи подготвеност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните.

Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина

Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на природните ресурси.

Во таа насока, започната е изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река, за што се обезбедни 376 милиони денари. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани.

Успешно е завршено уредувањето на коритото на Мала Рада, а во тек е и реализација на проектот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Лениште, во вредност од над 21 милиони денари.

Исто така, проектот за замена на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од над 7 милиони денари е во завршна фаза. Со реконструкцијата се намалуваат загубите на вода во системот и се подобрува квалитетот на услугите.

Почната е изградба на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга, инвестиција вредна над 91 милиони денари, целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит. Овој проект опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води.

Во тек е и изградба на пречистителна станица во Чучер Сандево, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и значи континуирана надградба на системите за третман на отпадни води, зајакнување на инфраструктурата на локално и национално ниво и поздрава животна средина.

Обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 инфраструктурни проекти од различен обем, вклучувајќи модерни водоводни и канализациски системи, како и пречистителни станици низ целата држава.

Почитувани,

Овие проекти се темелите на зелениот пресврт кој го градиме и на кој Владата е целосно посветена. Ќе продолжиме да го зајакнуваме и партнерството со домашните и меѓународните партнери во справувањето со предизвиците од климатските промени, шумските пожари, нелегалната сеча, бесправната градба, нелегалниот лов и другите закани за природните ресурси, со единствена цел за поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани, рече Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета

Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета.

Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета

Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар.

И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.

Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лиман е кадар токму на оваа дружина.

Значи, како што им укажуваме на погоре наведеното извесно време ќе им повториме и во оваа прилика дека одговорност треба да побараат во своите редови, за почеток кај личноста кои тие ја кандидираа на локалните избори.

За нивно добро е час поскоро да разберат дека повторувањео на лаги секој ден е на нивна штета. Политики поени со лаги не се добиваат.

Во меѓувреме, на санирање на штетата во Гостивар се работи деноноќно, се овозможува технички исправна вода која се користи за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, а неделава или кон крајот на неделава се очекува во Гостивар да има и бездна вода за пиење, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна состојба во руски град по силното невреме- загина едно лице (ВИДЕО)

Во рускиот град Ростов на Дон е прогласена вонредна состојба откако во саботата силно невреме го погоди подрачјето. 

Вонредна состојба во руски град по силното невреме- загина едно лице (ВИДЕО)

Налетите на ветер убија едно лице, а бројот на повредени се искачи на 28. Водоснабдувањето, кое беше прекинато, беше нормализирано до недела наутро. Руската агенција ТАСС известува за настанот.

Одлука на градските власти

Градоначалникот Александар Скрјабин објави дека е воведена вонредна состојба откако силните ветрови во саботата соборија дрвја и ја оштетија електричната мрежа. Одлуката е донесена на седница на градскиот Комитет за вонредни ситуации. „Денес, на вонредна седница на Комитетот за вонредни ситуации, беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба во градот“, напиша Скрјабин на својот Телеграм канал.

Биланс од невремето

Градоначалникот, исто така, потврди нови податоци за бројот на жртви. Според најновите информации, повредени се 28 лица. Претходно беше објавено дека покрај едно починато лице, повредени се 13 лица, од кои седум се задржани во болница. „Бројот на повредени жители на градот како резултат на невремето се зголеми на 28“, објави Скријабин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер