3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЕвропаУкраинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)Украински беспилотни летала го нападнаа рускиот пограничен регион Белгород и градовите во јужна Русија во текот на ноќта, објавија локалните власти и каналите што ги следат воените настани.Оперативниот штаб на регионот Белгород објави на Телеграм дека 12 лица се повредени во Белгород. Во нападот беа запалени станбена зграда и 15 паркирани автомобили. „Покрај тоа, една куќа беше делумно уништена, а неколку станбени згради беа оштетени“, објави штабот. Регионот Белгород се наоѓа по должината на границата со Украина, а градот Белгород е оддалечен само околу 27 километри од североисточниот дел на Украина. Belgorod now 🔥👀 pic.twitter.com/0i3uQCUOe9 — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 Експлозии и во градот на брегот на Азовското Море Подоцна во текот на ноќта, експлозии одекнаа и во јужниот руски град Ростов на Дон, објави Телеграм каналот Егзиленова Плус. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди украинскиот напад и рече дека една станбена зграда е оштетена. Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, рече дека две лица се убиени во градот, додека уште пет се повредени. Тој додаде дека во нападите биле запалени магацини и неколку куќи. Belgorod 🎉🎉🎉🎉 pic.twitter.com/i2Qda0tFGt — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 „Две лица, брачна двојка, беа убиени во Ростов на Дон. Пет лица беа повредени, од кои двајца во тешка состојба, вклучувајќи и тинејџер. Прозорци беа скршени во неколку куќи, како и на горните катови од станбена зграда и социјален објект“, рече Шљусар. Експлозии беа пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море, според каналот на Телеграм Супернова Плус.Тагови: Ростов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САДПретседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.Важен историски момент -вака беше оценката од официјална Москва откако Трамп на само два дена пред стапувањето на сила ги замрзна санкциите односно го суспендираше спроведувањето на новите санкции против Русија, вклучително и високите царини за земјите што купуваат руска нафта и гас. Одлуката е донесена по договорот кој го имаа Трамп и Путин, стотици илјади руски дизел да биде досатпен на САД и светскиот пазар односно првично во најкус можен рок да има околу 300 илјади тони. Претседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија. „Му доставив на Конгресот потврда дека ваквото изземање во овој момент е во национален интерес на Соединетите Американски Држави“, Трамп Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русијаа не е заинтересирна за мировни преговори и го критикуваше договорот за извоз на руски дизел со оценка дека ова само ќе ги наполни џебовите на Путин за финансирање на војната проитв Украина. Зеленски запрашан дали американскиот претседател Доналд Трамп, го користи како „жртвено јагне“ за своите проблеми, неговиот одмор ги насмеа присутните новинари. -Ова е мојот одговор Францускиот претседател Макрон за постапката на Трамп рече дека само се поткопува довербата и дека Европа нема да ја напушти поддршката кон Украина -Со ова се ипраќа негативна порака и се предизвикува недоверба. Затоа мислам дека не е корисно што ќе се трудам да го објаснам дека треба да се работи на корисни мерки за да се намалат цените на горивата.- Володимир Зеленски Европската Унија подготвува пакет санкции против Русија, со порака дека економскиот притисок врз Москва. А дека Путин не ја запир авојната покажува и најновиот напад каде најмалку осум лица загинаа а 60 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во петокот. Погодени се и два трговски центри, додека нападите врз енергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе од еден милион луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во МакедонијаБугарската полиција има сознанија како Ива Михаилова ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија, но во моментов не ги открива. Шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов во интервју за бугарските медиуми кажа дека во интерес на истрагата повеќе детали не соопштува околу тоа од кој граничен премин Михаилова поминала, но беше категоричен дека не е извршен никаков прекршок од страна на бугарските гранични власти. -Јас имам сознанија како за тоа како Ива Михаилова стигнала во Бугарија. Не можам да коментирам моментално. Можам да ве уверам дека нема никаков прекршок кај бугарските гранични премини во врска со тој случај. Ние веќе пративме официјален одговор до македонските власти дека запис во системот за гранична контрола низ бугарско-македонските гранични премини нема, изјави Антон Златанов за Нова.бг. Неколку дена по соопштението од бугарското министерство за внатрешни работи во кое тие цитирајќи делови од уставот и европските конвенции навестија дека нема да и ја предадат Михаилова на Македонија, директна потврда стигна и од првиот човек на бугарската полиција Иван Демерџеив во поткаст интервју кој со провокативна изјава, случајно или не, македонските власти ги нарече „српски“ и беше дециден дека Бугарија нема да ја екстрадира Михаилова. -Ива Михаилова не е барана од нас. Нашата дирекција за меѓународно оперативна соработка го доби барањето таа да биде екстрадирана, но одговорот е негативен. Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е бугарска државјанка, така што ние ги применивме соодветните процедури и закони и ниту ја баравме, ниту ќе ја предадеме. -Случајно ли кажавте „српските власти“ или беше грешка? Беше грешка, но ќе кажам дека и не е толку голема грешка.- Иван Демерџиев - бугарски министер за внатрешни работи По изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи, дел од аналитичарите не очекуваат од бугарските власти брза разрешница на овој случај. Според Марко Трошановски јасно е дека Бугарија не планира да ја екстрадира Михаилова, а преземањето на случајот од бугарските институции и нејзиното третирање како невина личност и жртва на политички прогон според него сериозно ја нарушува меѓусебната доверба, иако смета дека Македонија не смее да се откаже од намерата за дијалог. -Мислам дека беше сериозен удар овој случај врз обидите за возобновување на довербата меѓу двете земји. Свечениот официјален пречек на осомничена личност во Македонија мислам дека сериозно ги подгрева обидите за градење на доверба. Не очекувам дека ќе има разрешница во смисла за екстрадиција. Од страна на Бугарија и особено денешната изјава на министерот за внатрешни работи мислам дека нема намера овој случај да претставува на градење на доверба доколку се случи екстрадиција, изјави Трошановски. Сепак, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето одговорност за случајот со Ива Михаилова. Оттаму изјавија дека дека Македонија располага со механизми преку кои случајот може да биде поставен пред меѓународните партнери, а околностите околу нејзиното заминување, како и случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРепортажа од предизборна Брвеница: Симбол за соживот и прибежиште за жителите од урбаните средини Сместена во Полошката котлина, во непосредна близина на Тетово, Брвеница за дел од граѓаните значи место за мирен и едноставен живот, подалеку од градскиот метеж. Иако во земјава, луѓето се почесто од помалите места мигрираат во градовите, во потрага по подобри можности, жителите на Брвеница раскажуваат за обратен тренд -луѓе кои од градот ги продаваат своите станови и се преселуваат токму овде, каде велат имаат поквалитетен живот, повеќе простор, почиста средина и можност да живеат поблиску до природата. - Точно е тоа дека од градот доаѓаат тука и ова сега не е село е урбана населба. – Зошто е тоа така? Блискоста до градот, урбанизираноста, младите жители и културно забавниот живот, спортскиот живот и така натаму. - Еве јас сум во Тетово, јас сум живеел во Тетово пред судот. И дојден сум овде сум скоро 24 години седиме овде. Што ве натера да се преселите овде? Помирно е да ви кажам почисто и се тоа. - И поблизу што е до Тетово. Таму го продаваат станчето, ќе земат овде 500 квадрати место ќе посее пипер, патлиџан нешто и тоа. Со десет населени места и жители од различни етнички заедници, Општина Брвеница важи за средина во која соживотот е важен дел од секојдневието. Според Пописот од 2021 година, во општината живеат 54% Албанци и 41% Македонци. Покрај мирниот начин на живот, ваквата мултиетничка средина, соживотот и меѓусебното почитување се меѓу темите за кои зборуваат жителите, очекувајќи тие да бидат сочувани и негувани и за идните генерации. - Јас потекнувам од с,Челопек од мешана населба. Имаме добар соживот почитување и разбирање - Добар соживот има, добро е се многу убава е Брвеница. Има од повеќе места дојдени од ваму таму, народот живее и со албанците живееме добро. Пред Камерата на Канал 5 жителите на Брвеница ги кажаа и другите очекувања од новиот градоначалник. - Нека си продолжи да си ја тера својата работа. Брвеница и поголемиот дел од населените места мислам дека се завршени работите околу комуналија, водовод, канализација, асвалтирање на патишта, меѓутоа секогаш има недовршени работи па нека си продолжи таму каде што има потреба. - Што треба? Се треба да направи треба да се докаже ако сака и понатаму после да турка ако не ништо. Уште една градинка треба во село и готово. За градоначалничката функција на предвремените локални избори се натпреваруваат шест кандидати, четворица предложени од политички коалиции и двајца независни кандидати. - Во очи на утрешните локални избори овде во Брвеница, изборниот процес почна денеска. 88 болни и изнемоштени лица денеска го остваруваат своето право на глас. На потег утре се останатите гласачи, кои се очекува да излезат да го дадат своето право на глас а со тоа да одлучат кој ќе раководи со нивната општина. Од Општинската изборна комисија информираат дека гласањето на болните и изнемоштените лица се одвива во согласност со утврдените изборни процедури. -Процесот започна навремено, денеска ги подигнавме и материјалите и во состав на нашата изборна единица ќе одиме кај болните и изнемоштени лица. Процесот очекуваме да тече мирно и се во најдобар ред да биде. - Снежана Анѓелковска – општинска изборна комисија о.Брвеница Според податоците на Државната изборна комисија, во Избирачкиот список за Општина Брвеница се запишани вкупно 16.256 избирачи, а гласањето утре ќе се одвива на 24 избирачки места. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter