До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ
1До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ
Веб ТВСудење против тројца полицајци за „Пулс“ – сведок тврдеше сопственикот не соработувалСопственикот на дискотеката Пулс Дејан Јованов Деко одбивал да соработува со полицијата кога при контроли биле утврдувани прекршоци. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДо 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМДо 1 јули списокот на кадровските промени во Владата ќе стигне во Собранието, потврди денеска премиерот Мицкоски кој најавува дека освен владината реконструкција, каде не се исклучува ниту опција за промена на ресори.Најдоцна до први јули целиот список со кадровски промени во Влада ќе биде доставен до Собрание, најави премиерот Христијан Мицкоски. Додека траат коалициските разговори тој не открива детали и имиња, но кажа дека ќе има промена на ресори, а реконструкцијата не завршува со министрите – туку ќе продолжи и во пониските ешалони со директорите и на локално ниво. По вчерашниот состанок со Вреди, за кој рече дека поминал во пријатна атмосфера, Мицкоски денеска седна на маса и со партискиот врв на ЗНАМ, од каде претходно кажаа дека се задоволни од досегашната работа на двајцата министри за правда и јавна администрација. „Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. / До крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент пред парламентарците. Понатаму ќе продолжиме и со другите структури и на локално ниво, имаме и на локално ниво голема бројка директори на јавни претпријатија. Имаме свое мислење за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни. Такви се повеќето, но има и таму каде што е потребно да се поправиме и на ниво на општини, но и на локално ниво од аспект на подрачни единици. Така што процесот ќе продолжи таму во втората фаза во текот на летото...“ Во меѓувреме има многубројни шпекулации за тоа кој се ќе биде опфатен со реконструкцијата- се споменуваат министрите Ристовски, Љутков, Јаневска, Филков, ротација на Сали и Алиу... Министерот за социјална политика Фатмир Лимани кој веќе не е дел од Вреди, вели дека за него лично не разговарал со премиерот. „Ние знаеме дека и во Фудбалската федерација има селектор кој си ја прави екипата, а овде има мандатар кој го составува својот тим. Не сме на овие позиции за да бидеме товар на премиерот, туку да бидеме играчи кои ќе ја завршат работата во полза на народот. Дури и ако денес завршува мојот мандат, мислам дека повеќе треба да се насочиме кон тоа што сме направиле за доброто на државата, без разлика која е цената што треба да ја платиме.“ Од Владата засега само информираа дека непроменета позиција на премиерот Мицкоски е дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапки од принципите, и дека тој не прифаќа оправдувања за неисполнети обврски на фукционерите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамШкода ја претстави внатрешноста на новиот голем електричен СУВ Škoda ги објави првите скици од ентериерот на својот нов електричен водечки модел со седум седишта, моделот Peaq.Илустрациите откриваат пространа кабина со атмосфера на дневна соба, удобни материјали и интуитивен интерфејс. Нов пристап кон управувањето со возилото И Шкода наскоро ќе понуди огромен екран, кој ќе го краси новиот Peaq. Чесите го опишуваат ентериерот на новиот модел како пространа кабина со јасна, хоризонтална архитектура што ја зголемува отвореноста. Самостојниот централен дисплеј и компактниот дигитален панел се дизајнирани да го поедностават престојот на возилото, додека „лебдечката“ централна конзола го зајакнува чистиот и добро организиран распоред. Peaq добива нови физички контроли што овозможуваат интуитивна интеракција со контролите на климата, поставките за јачина на звук и другите основни функции на возилото. Ергономски прилагодливите потпирачи за раце поддржуваат вертикална употреба на екранот, додека интегрираните магнетни безжични докинг-места обезбедуваат ефикасно полнење на паметни телефони. Концепт на Lodge и избор на материјали Внатрешноста го следи таканаречениот концепт на Lodge, кој комбинира меки текстилни површини со робусни тактилни елементи. Материјалите се избрани со акцент на удобност, издржливост и лесно одржување. Светската премиера на новата Шкода Peak ќе се одржи на 23 јуни 2026 година во Монетие-Морнекс, Франција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: 5 години Национален парк Шар Планина – развој, но во хармонија со природатаПо повод петгодишниот јубилеј од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа беше во посета на Националниот парк, од каде најави нови инвестиции и системски мерки за заштита.Министерот истакна дека во изминатите пет години е поставен модерен и функционален систем за управување со еден од највредните природни ресурси во државата, како резултат на заедничките напори на институциите, локалното население и донаторите. ,,Нашата цел е јасна. Развој, но во хармонија со природата. Нема да дозволиме профитот да ја уништи природата”- истакна Хоџа и додаде дека во тек е изработка на Стратегија за туризам за подрачјето на паркот. Хоџа изрази поддршка за целосна примена на екосистемските надоместоци, со што средствата директно ќе се враќаат во паркот. Овие средства се наменети за почиста животна средина, унапредување на планинската инфраструктура и зајакнување на ренџерските капацитети. ЈУ НП Шар Планина годинава ќе добие дополнителна поддршка од министерството за унапредување на капацитетите за рана детекција и следење на шумски пожари, преку инвестиции во современ објект, соопшти Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48