Анчелоти ги израдува навивачите: Нејмар се враќа - Канал 5

Анчелоти ги израдува навивачите: Нејмар се враќа

Бразилската репрезентација лесно го победи Хаити во второто коло од Групата Ц со резултат од 3:0, а Карло Анчелоти откри неколку добри вести по натпреварот.

Анчелоти ги израдува навивачите: Нејмар се враќа

Бразилците не блескаа во дуелот со Хаити, но тоа беше доволно што по првото полувреме не мораа да се грижат за конечниот исход. Сепак, Нејмар повторно отсуствуваше од составот, кој не отпатува со тимот на вториот натпревар, но Анчелоти откри одлични вести.

Бразилскиот селектор беше прашан дали Нејмар ќе се врати пред дуелот со Шкотска и даде потврден одговор:

- Нејмар ќе тренира индивидуално утре, потоа ќе се врати на тренинг со тимот во недела, а потоа ќе биде во составот за натпреварот против Шкотска - рече Анчелоти.

Имаше сериозна контроверзност околу тоа дали Нејмар треба да оди на Светското првенство токму поради неговите чести проблеми со повреди. Анчелоти сепак го зеде со себе и сега Бразилецот би можел да дебитира на Светското првенство оваа година против Шкотите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот ден на јогата се одбележа и во Скопје

Во сите земји во светот 12-та година по ред се организираат настани по повод Светскиот ден на јогата.

Светскиот ден на јогата се одбележа и во Скопје

Во Градскиот парк во Скопје денеска се организираше јога час каде со убава атмосфера и пријатна музика граѓаните го почнаа викендот со насмевка и јога вежби. Во Скопје пристигна и амбасадорот и претставник за Македонија од Индија, Арун Кумар Саху.

„Јогата не е само вежбање таа е и посебен момент кога се спојува телото и духовното“, објасни Саху. Учители по јога од Македонија со порака во време на стрес и заборавање на самиот себе, јогата е техника за мир кон себе и кон другите..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник намалување на цената на горивата, најави Мицкоски

Премиерот Мицкоски кој денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во Општина Карпош, изјави дека од понеделник ќе има сериозно поевтинување на горивата.. 

Од понеделник намалување на цената на горивата, најави Мицкоски

Тој очекува со финализација на мировните преговори меѓу САД и Иран цената на нафтата на берзите да се стабилзира , но дека тој процес како што изјави, ќе потрае.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жителите на Дебреше како во средниот век- се снаоѓаат за вода за основните потреби

Дебреше како во 18ти век, повеќе деценискиот проблем со недостатокот на на вода достигна критична точка.

Жителите на Дебреше како во средниот век- се снаоѓаат за вода за основните потреби

Дебреше како во 18ти век, повеќе деценискиот проблем со недостатокот на на вода достигна критична точка - се жалат жителите на гостиварското село кои вчера револтот го искажаа и на протест пред општината во Гостивар, каде симболично оставија празни кофи со вода.

Во еден момент состојбата ескалираше, кога присутните на протестот се обидоа да влезат во општинската зграда, а во турканицата со полицијата и тропањето на вратата беа искршени и стакла.

Изминативе три месеци водата е реткост, обично доаѓа неколку часа по полноќ, а сувите чешми се секојдневие, вели жител на Дебреше за Канал 5 - па ниту можат да се разладат на горештините, ниту соодветно да одржуваат хигиена, да се исперат или да измијат садови. Револтот велат расте и под итно бараат решение кое ќе ги врати во 21 век.

„Огромни проблеми, околу три месеци вода нема, ќе дојде навечер касно, во два наутро, час – два ќе има, потоа повторно нема. Последните три дена воопшто не е дојдена. Чекаме навечер, не спиеме, чекаме да дојде, а воопшто не иде, чекај, не спиеш, топли вода како пред 50 години да се избањаш, да се измиеш, седиме на горештините, не можеме да пуштиме вода да се изладиме, катастрофа сме, нема друг збор. Водата што е потребна за најосновното, не го можеме да го имаме тоа, немаме такви услови. И реков на директорката од ЈП Водовод - 21 век луѓе на Марс се качуваат, ние 21 век вода да немаме, срамота е.“

Во првите две недели од јули, проблемот ќе биде трајно решен – уверува градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Тој за Канал 5 вели дека проектот е веќе изготвен и дека им е презентиран на граѓаните

„Проектот е веќе направен за една нова водоводна линија за целиот град, затоа што не е само Дебреше, бидејќи има и градски насебли, повисоки, каде што има недостаток на вода, со која водоводна линија ќе се реши проблемот и на Дебреше, но и на сите овие други делови каде што има недостаток на вода, особено во летниот период. Вчера се случи што се случи, демократско право е, јас верувам дека некаде околу втора недела од јули, не само Дебреше, туку и другите делови кои имаат проблем во тек на летниот период, нема да го имаат.“

Новата линија за водоснабдување ќе доаѓа директно од С. Вруток, а очекувањата на општината се дека ќе ја подобри моменталната состојба за 50 проценти. Лимани воедно апелира на рационално користење на водата, особено во овој период кога градот традиционално се полни со иселениците кои доаѓаат во посети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер