Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
ФудбалСуарез го сопрел трансферот на Бензема во АрсеналНапаѓачот Луис Суарез откри дека Карим Бензема требало да потпише за Арсенал пред Уругваецот да ги прекине плановите на клубот во последен момент. Сето ова доаѓа по крајот на сезоната 2013/2014, кога Суарез одигра неверојатна сезона во која постигна 31 гол и направи 17 асистенции на само 33 натпревари во Премиер лигата. Во обид да го финансира трансферот на Уругваецот, Реал Мадрид сакал да го продаде Бензема, а Арсенал бил многу блиску до завршување на договорот за Французинот, но Суарез потоа се одлучи да се пресели во Барселона. - Пред Светското првенство во 2014 година, Реал Мадрид сакаше да ме ангажира и се одеше според планот. Планираа да го продадат Бензема на Арсенал, се беше средено. Кога почна Светското првенство, Барселона влезе во трка за мене и јас ја претпочитав Барса. После тоа, интересот на Реал опадна, додека Барса уште повеќе се заинтересира. На крајот ги имав двете опции, но ја избрав Барса бидејќи тоа беше мојот сон, изјави Суарез за „ДелСол“. Арсенал се обиде и да го ангажира Суарез од Ливерпул. Тие понудија 1 фунта над неговата откупна клаузула од 40 милиони фунти, што предизвика сериозен потсмев кон тогашниот менаџер на „топџиите“, Арсен Венгер. На крајот, Бензема остана на „Сантијаго Бернабеу“, што се покажа како одлична одлука бидејќи стана вистинска легенда во Реал, па дури и ја освои „Златната топка“. Минатото лето 36-годишниот Французин замина во Ал Итихад за кого сезонава забележа 20 настапи со 12 гола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06