Столе Наумов и Љуљзим Фаризи во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Столе Наумов и Љуљзим Фаризи.

Ќе ги убедиме ли ЕУ челниците дека е неопходна „надградба“ на Францускиот предлог?

Старт на длабоки реформи или постизборна прераспределба на кадри, што ќе донесе укинувањето на економските директори во руинираното здравство?

Ќе продолжи ли првиот вицепремиер со владини координации со „своите“ министри, дали поделбата на ваши и наши ќе ни го подигне стандардот?

Што прави државата за да ги заштити нашинците зад границите?

Има ли Филипче план за единство и обединување на разочараното членство во СДСМ?

Вечерва во Само Вистина Андријана Лазова Божиновска со Столе Наумов и Љуљзим Фаризи, веднаш по вестите.

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот

 Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје денеска и утре ќе возат само до 10 часот наутро, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

Тие бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила и велат дека, од јануари, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени средства за услугата што ја даваат поради што веќе немаат пари за гориво и за одржување на возилата.

-До петок ќе возиме само до 10 часот, а потоа ќе решиме што ќе правиме, изјави вчера за МИА Оливер Петрушевски.

Нагласи дека дел од превозниците имале средба со разрешениот директор на ЈСП Скопје на која им ветил дека постепено ќе им ги исплаќа заостанатите средства и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментов, посочи, немаат никаква најава што ќе се случи по неговото разрешување и назначувањето на новиот директор на ЈСП.

Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од УХМР најавија дека од петок следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица.

Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути

 Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. 

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.

На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали - петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот. д

притисни ентер