Стојаноски: Ветивме и остваруваме - 5000 денари покачување на пензиите од септември и март

Покачувањето на пензиите за 5000 денари беше едно од главните ветувања во изборната кампања, и тоа е остварено веќе во првата недела од мандатот на владата, посочи денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Тој напомена дека покачувањето ќе се реализира во два наврати. Како што рече, првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат во септември, тоа ќе биде трајно и линеарно, додека второто ќе го добијат во март идната година, кое исто така е трајно и линеарно.

-ВМРО-ДПМНЕ им честита на над 300.000 пензионери, тие конечно можат да бидат спокојни, премиерот Христијан Мицкоски и Владата донесоа одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Пензионерите никогаш повеќе нема да бидат лажени со еднократна помош која се продаваше како покачување од страна на СДС и ДУИ, ниту пак со ситни покачувања, рече Стојаноски.

Како што посочи, пензионерите се луѓето кои ја граделе државата каква што е денес и мора да имаат достоинствен живот.

Јапонија лансира сателит за следење на приридните катастрофи и безбедносните закани (ВИДЕО)

Јапонија денеска го лансираше надградениот сателит АЛОС-4 на новата ракета H3 за набљудување на Земјата и одговор на природни катастрофи и други безбедносни предизвици.

Ракета H3 бр. 3 полета од вселенскиот центар Танегашима на истоимениот остров во југозападна Јапонија и го ослободи сателитот како што беше планирано 16 минути по полетувањето, соопшти Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA), пренесува АП.

Напредниот сателит за набљудување на Земјата, наречен ALOS-4, е лансиран за да ја набљудува Земјата и да собира податоци за одговор при катастрофи и мапирање, но исто така е способен да ги следи воените активности, како што е користење на инфрацрвен сензор развиен од јапонското Министерство за одбрана..

По успешното лансирање на 17 февруари и шокантниот неуспех на првиот обид пред една година кога ракетата мораше да биде уништена со товарот, ова е трето лансирање со помош на ракетниот систем H3.

Јапонија развива стабилни и комерцијално конкурентни капацитети за вселенски транспорт и ги смета за клучни за нејзината вселенска програма и националната безбедност.

ЖЕШКИ БОНУСИ, НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Од 01.07.2024 до 14.07.2024 на најдобрата легална платформа за интернет игри на среќа во земјава- 2win.мк, промоција  за играчите: Жешки бонуси

Од 01.07.2024 до 14.07.2024 нова промоција за играчите на најдобрата, легална платформа за интернет игри на среќа во Македонија-2win.мк. Кампањата „Жешки бонуси“е достапна за сите играчи.

За активирање на промотивниот ваучер од оваа промоција, неопходно е да се исполнат следните услови:

Активиран депозит во период од 01.07.2024 до 14.07.2024 во износ од најмалку 500 денари. Депозитот мора да е успешен, односно трансакцијата да биде успешно одобрена

При пополнување на формуларот за депозит, заедно со износот, во полето „Ваучер“ потребно е да се внесе кодот од промотивната кампања: BONUS500

Средствата од промотивниот бонус ваучер можат да се користат во рок од 7 календарски дена од активирањето на бонус ваучерот. Сите неискористени средства од промотивниот бонус ваучер, по истекот на рокот за користење, ќе бидат повлечени од сметката за игра на учесникот.

Деталите кои се однесуваат на правилата за промоцијата, се достапни на следниов линк: 2win.mk

ЛДП: Инцидентот на Голем Кораб е акт на негирање на заедничкото наследство

Во врска со инцидентот на врвот Голем Кораб, каде што албанскиот планинар Шулку ја искина и фрли македонската информативна табла, изразуваме длабоко разочарување.

Во врска со инцидентот на врвот Голем Кораб, каде што албанскиот планинар Шулку ја искина и фрли македонската информативна табла, изразуваме длабоко разочарување, ваквиот чин е неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето, кои треба да не обединуваат, а не да не делат, се вели во реакцијата на Либерално-демократската партија.

-Очекуваме одговорност и реакција од сите вклучени страни, бидејќи само преку заедничка осуда и преземање мерки можеме да спречиме слични инциденти во иднина. Ваквите постапки само го поткопуваат духот на заедништво и пријателство меѓу народите и создаваат непотребни конфликти. Спортот и планинарењето се активности кои ги надминуваат границите и политиката и треба да градат мостови на пријателство и соработка, додаваат од партијата.

Од ЛДП посочуваат дека Голем Кораб, како највисок врв во Македонија и Албанија, е симбол на природната убавина и заедничкото наследство. Врвот не само што е физичка точка на спојување, туку и духовна, културна и историска врска меѓу нашите две нации, а инцидентот каде што беше уништена таблата е акт на негирање на заедничкото наследство и на потребата за мирен соживот. Спортот и планинарењето се активности кои треба да го поттикнуваат пријателството и соработката, а не конфликтите и поделбите. Ваквите постапки го нарушуваат духот на заедништво и го поткопуваат напорот за изградба на позитивни релации меѓу народите.

На врвот Голем Кораб, кој се наоѓа во Националниот парк Маврово, стоеше информативна табла со налепница испишана на македонски јазик, укажувајќи дека врвот има надморска височина од 2.764 метри. Налепницата исто така посочуваше дека корабскиот планински масив припаѓа на две земји – Македонија и Албанија. Албанскиот планинар Шулку, кој се искачи на врвот, одлучи да ја искине и да ја фрли налепницата. Во својот пост на Фејсбук, Шулку изрази дека "Кораб припаѓа на Албанија и дека таму нема место за македонското знаме", се наведува во партиската реакција.

притисни ентер