Старото Ламборџини на Трамп постигна рекордна цена на аукција, сите се тепаа да го купат(ВИДЕО) - Канал 5

Старото Ламборџини на Трамп постигна рекордна цена на аукција, сите се тепаа да го купат(ВИДЕО)

Екстремно голем интерес предизвика Ламборџинито произведено на крајот на минатиот милениум.

Старото Ламборџини на Трамп постигна рекордна цена на аукција, сите се тепаа да го купат(ВИДЕО)

Станува збор за Lamborghini Diablo VT Roadster од 1997 година. Еден од вкупно 132 произведени се издвојува по тоа што било во сопственост на Доналд Трамп, поранешниот американски претседател. Тоа е единствениот примерок произведен во сина боја на Ле Ман, но и единствениот со ознаката „Donald Trump 1997 Diablo“.

Овој автомобил бил во сопственост на Трамп до 2002 година. Предизвика огромен интерес, на ниво на автомобили на најголемите филмски ѕвезди или пејачи. Ваков автомобил обично достигнува до половина милион американски долари на аукции, а овој пример ја проби границата од милион долари во првите 90 секунди.

@thestradman Crazy price for a Diablo VT Roadster #Lamborghini ♬ original sound - TheStradman

Верувале или не, Lamborghini достигна неверојатни 1,1 милион долари на аукцијата Barrett-Jackson. Она за што овде зборуваме најдобро говори податокот дека „Трамповото“ ламборџини поминало околу 25.000 км. Минатата година црвениот примерок од истиот модел со поминати 68.500 километри достигна цена од 291.500 американски долари на аукција, а оваа година еден примерок од 1999 година со 30.000 км е продаден за 456.000 долари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно со критики кон Шпанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше Шпанија за, како што тврди, недоволните средства за одбрана во рамките на НАТО.

Трамп повторно со критики кон Шпанија

Тој изјави дека му наредил на американскиот министер за финансии Скот Бесант да ја замрзне сета трговија со таа земја, нарекувајќи го Мадрид „ужасен партнер“ во алијансата.

Обраќајќи се заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред самитот на НАТО во Анкара, Трамп рече дека не сака САД да соработуваат со Шпанија и ги повтори обвинувањата дека Мадрид не придонесува доволно за заедничката одбрана, пренесе „Ел Паис“.

„Не ни зборувајте за Шпанија. Тие се безнадежни. Тие се лоши луѓе“, рече Трамп. Шпанската влада реагираше на изјавите на Трамп, наведувајќи дека сака да одржува добри односи со Вашингтон.

„Шпанија на овие изјави гледа смирено и нормално. Нашата земја одржува одлични општествени, културни и економски односи со САД и немаме намера тоа да го менуваме“, се вели во соопштението од кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез.

Мадрид истакна дека Соединетите Американски Држави остваруваат трговски суфицит во размената со Шпанија, како и дека Европската Унија претставува единствена трговска зона во која ниту една земја-членка не може да се издвои од заедничката трговска политика.

„Билатералните односи меѓу САД и Шпанија се корисни за двете земји, како во трговската, така и во одбранбената сфера“, соопшти шпанската влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, средствата наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании.

МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Средствата што ги обезбеди Владата и се пласираат кон домашите компани по поволни услови се во насока на реализација на приватни инвестиции, коишто ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков: Фактите од ребалансот на Буџетот се јасни и проверливи

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков реагира на изнесените тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека тие не кореспондираат со официјалните буџетски документи.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков: Фактите од ребалансот на Буџетот се јасни и проверливи

„Во политиката постојат различни толкувања, но фактите не се прашање на толкување. Во официјалниот ребаланс не постојат тврдењата дека средствата за кадровско зајакнување и инспекцискиот надзор се пренаменуваат за канцелариска опрема, ниту, пак, дека се намалуваат средствата за Агенцијата за филм или за капиталните инвестиции“, истакнува министерот Љутков.

Тој нагласува дека со ребалансот се обезбедуваат 61 милион денари за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, како и дополнителни 200 милиони денари за капитални инвестиции.

„Критиката е легитимна и неопходна во демократско општество, но таа треба да се темели на факти. Особено кога станува збор за буџетски документи, неопходно е внимателно и точно читање на официјалните податоци“, наведува министерот.

Љутков потсетува дека пред две недели на прес-конференција биле презентирани резултатите од работата на Министерството за култура и туризам, кои, како што посочува, се поткрепени со конкретни бројки.

Според него, по преземањето на Министерството во 2024 година бил наследен долг од 273 милиони денари по основа на плати, а со ребалансот биле обезбедени средства за негово сервисирање, како и дополнителни 150 милиони денари за капитални инвестиции и програмски активности.

Министерот ги издвојува и следниве резултати од работењето: буџетот за програмските активности е зголемен за 40 %;
капиталните инвестиции се зголемени за 110 %;
буџетот за филмската дејност е зголемен за 87 %;
националните установи добија значително поголема финансиска поддршка и ги зголемија сопствените приходи за над 150 %;
воведени се реформи во финансирањето, транспарентни процедури и јасни критериуми; програмата за култура за 2025 година е реализирана со 98%.

„Ова не се политички квалификации, туку официјални податоци и бројки. За разлика од политичките конструкции, фактите остануваат проверливи и достапни за јавноста“, нагласува Љутков.

Воедно, министерот потсетува и на периодот на претходното раководење со Министерството, наведувајќи дека тогаш над 500 милиони денари биле потрошени за проекти чија јавна вредност, според него, и денес е предмет на сериозни прашања.

„Буџетот не се чита по сеќавање, ниту според партиски потреби. Фактите имаат една особина – остануваат факти, без оглед на тоа колку некому политички не му одговараат“, порачува министерот Љутков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер