Србите од Косово со автобуси и автомобили масовно заминаа да гласаат во Србија- застој на границата (ВИДЕО)
2Србите од Косово со автобуси и автомобили масовно заминаа да гласаат во Србија- застој на границата (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаДиректорот на УФП-Ивановски во САД, на Годишната конференција на IACP 2026Директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026).На официјална покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида. На свеченото отварање на Генералното собрание, во поздравното обраќање на Директорот на IACP, се потенцираа клучните прашања кои ја дефинираат работата на безбедносните органи, преку глобалното вмрежување, интероперабилност и зајакнување на капацитетите,во насока на професионално и ефикасно спроведување на законите на светско ниво, во борба против организираниот криминал. Имајќи го во предвид глобалниот светски тренд на дигитализација, од особено значење за нашата држава е презентирањето на нови технологии и иновации во областа на откривање и сузбивање на финансискиот и целокупниот криминал воопшто. Како институција, каде акцентот на дејствување е ставен на предистражната постапка, Конференцијата претставува одлична можност за директен увид во современите технолошки алатки и практики за спроведување на законот, кои во споменатата фаза на дејствување, значително би го олесниле работењето на Управата. Учеството на една од највлијателните годишни конференции од ваков тип, дополнително ја потврдува потребата нашата држава да биде дел од глобалната безбедносна политика. Потребата од професионален и детален пристап, навремена размена на информации, заедничка стратегија и координирани истраги за потенцијалните сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Пораката од САД останува јасна: безбедноста и националните интереси на државата продолжуваат да бидат приоритет, преку доследна примена на законите кон сите современи предизвици. Управа за финансиска полицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)Александар Вучиќ, лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, гласаше утрово во Нов Белград. Тој пристигна на гласачкото место околу 8:05 часот со сопругата Тамара, а поради големата толпа, неговиот ред дојде дури по 10 часот наутро. Nosilac liste "Ujedinjena Srbija - Aleksandar Vučić", Aleksandar Vučić i njegova supruga Tamara Vučić, upravo su završili sa glasanjem na Novom Beogradu nakon čekanja u redu 2h. https://t.co/OVxr8mQPAW — Srpski Fokus (@Srpski_Fokus) October 25, 2026 Вучиќ гласаше на гласачкото место број 140 во зградата на градинката „Тесла - Наука за живот“. Долга редица се формираше пред гласачкото место уште од рано наутро, па чекаше речиси два часа за да гласа заедно со другите граѓани. Aleksandar Vučić @avucic u redu za glasanje. Novi Beograd. Srbija danas bira 250 poslanika u Skupštini. Glavna bitka se vodi između koalicije okupljene oko Aleksandra Vučića s jedne, i Studentske liste s druge strane. Velika izlaznost ide u prilog opozicionoj Studentskoj listi https://t.co/ELd7MyaFnn — Istraga.ba (@IstragaB) October 25, 2026 Висок одѕив од утрово Висок одѕив е забележан и на другите гласачки места во Србија. Според податоците од CeSID и Ipsos објавени од Europe Elects, одѕивот до 9 часот наутро по UTC бил 12 проценти, повеќе од двојно во споредба со истото време на парламентарните избори во 2023 година, кога изнесувал 5,2 проценти. На денешните предвремени парламентарни избори се избираат 250 претставници, а на гласачкото ливче има 18 изборни листи. Право на глас имаат повеќе од 6,45 милиони гласачи.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканСрбите од Косово со автобуси и автомобили масовно заминаа да гласаат во Србија- застој на границата (ВИДЕО)Голем број Срби од Косово и Метохија, кои сакаат да го остварат своето право на глас на вонредните парламентарни избори во Србија, рано утрово се упатија кон Србија, бидејќи не можат да гласаат во своите населени места.Србите од Лепосавиќ, Звечан, северна Косовска Митровица и Зубин Поток, како и од други српски заедници јужно од реката Ибар, вклучувајќи ги Грачаница, Штрпце и Косовско Поморавје, тргнаа да гласаат со автобуси и приватни автомобили, објави ТВ Мост. На административните премини Јариње и Брњак се формираат големи толпи од правец на Косово и Метохија, бидејќи голем број Срби тргнаа кон Србија во раните утрински часови за да гласаат. Чекањето на преминот е повеќе од еден час, а многумина ја преминуваат границата пеш, објави ТВ Мост. Србите за телевизијата изјавија дека не им е тешко да поминат неколку десетици, па дури и повеќе од сто километри, за да го остварат своето право на глас. Тие нагласија дека е важно да се зачува мирот, стабилноста и економскиот напредок и рекоа дека мора да бидат обединети во овие моменти. Каде кој ќе гласа? Според одлуката на Републичката изборна комисија на Србија, гласачите од Косово и Метохија ќе можат да гласаат во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин. За некои од нив, ова значи патување од повеќе од 150 километри во еден правец, пишува Телеграф. Na biračkom mestu u Raški, gde glasaju birači sa severa Kosova, zabeležene su velike gužve. U prvih pola sata od otvaranja birališta, dve žene su kolabirale. https://t.co/6C3gi4tpZI — KoSSev/Kosovo Sever portal (@KoSSevnews) October 25, 2026 Републичката изборна комисија одлучи како гласачите од Косово и Метохија ќе го остварат своето право на глас на вонредните парламентарни избори, бидејќи привремените приштински институции не им дозволуваат да гласаат во местата каде што живеат. Гласачите од подрачјето на административниот округ Косовска Митровица, имено општините Лепосавиќ, Звечан, Косовска Митровица и Србица, гласаат во Рашка, додека гласачите од Зубин Поток гласаат во Тутин, а оние од Вучитрн гласаат на преминот Мердаре. Во Тутин ќе гласаат и гласачите од Метохија, односно од општините на Пеќскиот округ (Исток, Пеќ и Клина) и на Призренскиот округ (Призрен, Сува Река, Ораховац, Гора и Опоље). Во Врање ќе гласаат жителите на Косовско-поморвскиот округ, кој ги опфаќа општините Косовска Каменица, Ново Брдо, Гњилане и Витина. Во Куршумлија своето право на глас ќе го остварат Србите од централниот дел на Косово, односно од Подуево, Обилиќ, Грачаница, Приштина, Липљан, Косово Поле, Штрпце и Урошевац.Тагови: србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканЛидерот на навивачите во Албанија остана без око- полицијата на протест го погоди со гумен куршум Ерјон Вискули (28), водач на навивачката група на албанската фудбалска репрезентација „Тифозат Куќ е Зи“, беше тешко повреден за време на протестот во Тирана кога, според медиумските извештаи, полицаец го застрелал во окото со гумен куршум.Нови информации за неговата здравствена состојба даде Агрон Шехај, водач на партијата „Мундесија“, кој го посети Вискули во Трауматолошката болница и разговараше со лекарите и членовите на неговото семејство. Според него, 28-годишникот веќе е опериран, но се очекува уште една операција. - Во Трауматолошката болница бев информиран за состојбата на Ерјон, 28-годишник кој беше предавнички застрелан во окото од страна на полицијата со гумен куршум. Разговарав со лекарите и членовите на неговото семејство. Ерјон веќе е опериран и ќе му треба уште една операција. Одговорните за ова насилство ќе одговараат пред законот, почнувајќи од Еди Рама - рече Шехај. Вишкули беше повреден за време на протест во главниот град на Албанија, што доведе до тензии и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Откако беше удрен, минувачите се обидоа да му пружат прва помош, а снимките што се појавија го покажаа како крвари од окото. Инцидентот предизвика голем број реакции и пораки за поддршка, не само поради улогата на Вишкули како шеф на една од најпознатите навивачки групи во Албанија. Протестот првично беше организиран во знак на протест против барањата на студентите за подобри услови, но демонстрациите прераснаа и во митинг со кој се бара оставка од премиерот Еди Рама.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter