ЖивотСтарецот, кој си ги уби соседите во Канада, бил убеден дека се разболува поради зградата Човекот (73) кој застрела и уби пет лица во станбена зграда во предградие на Торонто во неделата вечерта, поминал години малтретирајќи ги своите соседи и им се заканувал на управата на зградата бидејќи бил убеден дека зградата го разболува.Вчера на прес-конференција началникот на полицијата во регионот Јорк, Џејмс МекСви го идентификуваше напаѓачот од неделата вечерта во градот Вон како Франческо Вели, пишува Гардијан. Полицијата соопшти дека 73-годишен жител на зградата застрелал тројца мажи и две жени и ранил 66-годишен маж кој се наоѓа во болница. Вели една година водел правна битка со фирмата сопственик на зградата и ги малтретирал соседите. Имал големи замерки до соседите од советот на станари. „Трите жртви беа членови на одборот. Ние темелно ќе истражиме што се случило“, рече МекСви. Видеата објавени на Фејсбук профилот на Вели, вклучително и едно објавено ден по пукањето, покажуваат дека тој бил фрустриран од советите на станарот, како и од другите станари и соседи. Вели на видеата прави неосновани тврдења дека неговото здравје било оштетено од зградата. Џон Санторо, кој претходно бил член на советот на станарите, им изјавил на новинарите дека Вели не е чудовиште и верува дека му треба стручна помош. „Неколку пати коментирав со сопругата дека ќе заврши многу лошо“, изјави Санторо. Вели изгуби неколку правни битки со управата на зградата, која поднесе забрана за задржување против него во 2019 година како одговор на тоа што ги вознемирува другите станари. Судот му забрани да објавува и на социјалните мрежи. Минатата година беше прогласен за виновен за непочитување на судот бидејќи не престанал да ги малтретира соседите, а продолжил да објавува на Фејсбук. Изминативе месеци фирмата сопственик на зградата побарала од судот Вели да оди во затвор и да биде принуден да го продаде станот како казна за непочитување на претходната пресуда. Во видеото објавено во неделата, Вели ги нарече убијци поради правната постапка против него. Полицијата пристигнала во зградата околу 19 часот и 20 минути, а набргу по нивното пристигнување во ходникот се појавил Вели. Полицаецот потоа пукал и го убил. Специјалната единица за истраги, која го истражува пукањето на полицијата, рече дека полицајците ги пронашле жртвите на различни катови. Портпаролката Кристи Денет рече дека Вели имал полуавтоматски пиштол и дека инспекторите не веруваат дека пукал во полицаецот што го убил. Не можеле да потврдат дали оружјето е регистрирано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаПревентивни активности СВР Штип и СВР СкопјеНа 21.08.2026 на Градскиот стадион во Штип, во пресрет на фудбалски натпревар, Отсекот за превенција при СВР Штип спроведена кампања „Навивај безбедно за нашиот клуб“. Активноста насочена кон подигнување на свеста кај навивачите и сите посетители за значењето на спортското и фер навивање и на тој начин да се придонесе за создавање безбедна спортска атмосфера, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, насилство, недолично однесување и други инциденти пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Во непосреден контакт со граѓаните, посебен акцент беше ставен на одговорното однесување на младите навивачи и почитувањето на упатствата од организаторите и полициските службеници. На 21.08.2026 во вечерните часови на подрачјето на општина Зрновци, полициски службеници од ОВР Кочани реализираа соседска патрола, при што беа остварени повеќе средби со граѓани на кои беше дискутирано за повеќе области од секојдневното живеење, безбедноста на младите, спречување на меѓуврсничко насилство, одржување на стабилтен јавен ред и мир и други. Денеска (22.08.2026), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муницијаЛишени од слобода повеќе лица.На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од с.Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. На 21.08.2026 околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје (ловечки карабини, ловечки пушки, пиштол) и поголема количина муниција. На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица - Л.С.(19) и двајца 16 - годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook