Српскиот министер Старовиќ во посета на Македонија

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјала Немања Старовиќ денеска ќе ја посети Македонија по повод одбележувањето на Брегалничкта битка од Втората балканска војна (1913), јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на полагање венци и одавања на највисоки државни и воени почести по повод 111-годишнината од Брегалничката битка на ридот Каленица во Штип, се наведува во соопштението на ресорното Министерство.

Старовиќ пред почетокот на одбележувањето на државната церемонија ќе положи венец во Спомен - костурницата посветена на Св. Стефан Дечански во Долно Караслари кај Велес.

Истиот ден, Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на положување венци во Спомен-криптата костурница посветена на српските војници загинати во Втората балканска војна во селото Цер. /МИА

Стано: Цел на дијалогот Белград-Приштина е нормализација на меѓусебните односи

Предмет на дијалогот меѓу Белград и Приштина, чија нова рунда ќе се одржи утре во Брисел, е нормализација на меѓусебните односи и задача на ЕУ како олеснувач е да им помогне на двете страни да го постигнат тоа.

Предмет на дијалогот меѓу Белград и Приштина, чија нова рунда ќе се одржи утре во Брисел, е нормализација на меѓусебните односи и задача на ЕУ како олеснувач е да им помогне на двете страни да го постигнат тоа, изјави денеска главниот портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Признавањето не е дел од дијалогот, но секако логичен резултат од нормализацијата би било признавање. Но, тоа е за многу понатаму во процесот, истакна Стано во одговор на новинарско прашање дали целта на дијалогот е признавање на Косово од страна на преостанатите членки на ЕУ што се уште не ја признале неговата независност, како и меѓусебно признавање на Белград и Приштина.

Според Стано, петте земји членки од ЕУ што не го признаваат Косово ќе ја донесат својата одлука за признавањето врз основа на нивната проценка за неопходноста и релевантност, но дека тоа не е прашање што би се решило во рамки на дијалогот олеснуван од Унијата.

- Да повторам, цел е нормализација на односите, но дефиницијата на таа нормализација на крајот кога ќе дојдеме до тоа или поточно кога двете страни ќе дојдат до тоа со наша помош, ќе ја донесат самите тие - што подразбираат под нормализација и кои ќе бидат резултатите од нормализацијата. Но, да повторам уште еднаш, мандат на ЕУ во дијалогот е да им помогне на Косово и Србија да ги нормализираат односите и тоа и го правиме, додаде Стано.

Тој потврди дека како и што најави и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел мината среда по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, утре ќе се одржи нов состанок во рамки на дијалогот Белград-Приштина на ниво на главни преговарачи.

- Приоритетот на средбата, односно дневниот ред, е одреден од главната итност – почеток на имплементацијата на договорот за патот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија, додаде Стано.

Бербок: Германија мора да инвестира во безбедноста

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека Германија мора да продолжи да инвестира во безбедноста и покрај силниот притисок да направи кратења во тешките преговори за буџетот за 2025 година.

Министерот за финансии Кристијан Линднер од про-бизнис либералните Слободни демократи (ФДП) побара од коалициската влада да се придржува до строги правила против буџетските дефицити, познати како должничка кочница.

Но, Бербок денеска тврдеше дека Германија мора да преземе водечка улога во справувањето со сериозните закани за европскиот мир и безбедност, дури и ако тоа значи преземање долгови.

-Ќе биде повеќе од фатално ако за неколку години треба да кажеме: ја спасивме должничката кочница, но го загубивме нашиот мирен европски поредок. Тоа ќе биде прашањето што ќе ни го постават нашите деца за неколку години, предупреди Бербок, на настан организиран од Федералната академија за безбедносна политика во Берлин.

Бербок нагласи дека е иритирана од дискусиите „каде поддршката за Украина се третира како добротворен гест, а не како она што всушност е - инвестиција во сопствената национална безбедност“.

Бербок го критикуваше јавниот дискурс во Германија каде што многу луѓе се чини дека ја поздравуваат дополнителната безбедност - но немаат интерес да ја платат цената.

Муцунски - Тигањ: Потврдени пријателските односи меѓу двете земји

Потврдени пријателските односи меѓу двете земји, со фокус на економската соработка.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба ги потврдиле традиционално пријателските односи меѓу двете земји, кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат со посебен фокус на економската соработка, соопшти МНР.

Тема на разговорите било интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласиле дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.

Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за наше членство во Европската унија. Воедно, била нагласена потребата заеднички и интензивно да се работи во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес.

притисни ентер