Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскап за половина денар

 Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува.

Како што додаваат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) се зголемува и маллопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,080 денари за килограм.

Од 2.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 83,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 85,00 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 76,50 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС- 48,008 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2 јули 2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Винисиус нема да игра во четвртфиналето на Копа Америка

Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор доби жолт картон ноќеска на натпреварот од групната фаза на Копа Америка 2024 година против Колумбија.

Дваесет и тригодишниот Бразилец доби жолт картон во 7. минута од натпреварот. Така, тој ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим поради акумулирани жолти картони.

Винисиус го доби првиот картон на натпреварот од 2. коло против Парагвај (4:1).

Бразил во четвртфиналето ќе се соочи со Уругвај на 7 јули во 3 часот по македонско време. /МИА

Нa граничните премини Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути

Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија. 

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од понеделникот до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.

На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали - петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ, следи период на обединување и реформа

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок., рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата. СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

притисни ентер