Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Македонија, Грција и Албанија - Канал 5

Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Македонија, Грција и Албанија

Стратешки ни е важно да се поврземе преку Ниш и понатаму до Скопје со Солун и со Албанија, што ќе ни овозможи да имаме пристап до разни добавувачи и сите видови нафта и да имаме нафтовод до Унгарија и пристап до руски нафта. 

Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Македонија, Грција и Албанија

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Стратешки ни е важно да се поврземе преку Ниш и понатаму до Скопје со Солун и со Албанија, што ќе ни овозможи да имаме пристап до разни добавувачи и сите видови нафта и да имаме нафтовод до Унгарија и пристап до руски нафта. Се проценува дека за оваа диверзификација се потребни околу една милијарда евра. Тоа е голема инвестиција, но и дава можност на Србија да биде целосно безбедна кога е во прашање снабдувањето со нафта, но и да биде транзитна рута. Тоа секако би бил меѓународен проект кој не се однесува само на Србија, туку и на други земји од регионот, а за такво нешто има интерес од други земји и меѓународни финансиски институции, изјави Михајловиќ за ТВ Курир, соопштија од ресорното Министерство.

Таа изјави и дека на новата влада најважна ќе и биде енергетиката бидејќи така Србија ќе биде политички посилна да ги спроведе потребните промени.

-Во декември, минатата година го отворивме кластерот 4 во преговорите со ЕУ, во кој е вклучена и енергетиката, но оттогаш немаме голем напредок, бидејќи имаме опструкции во „Србијагас“ и во ЕПС, а не успеавме да направиме повеќе и во областа на ОИЕ (Обновливи извори на енергија), бидејќи имаме компании кои не сакаат промени. Затоа е важна новата влада, бидејќи ќе биде политички посилна и ќе може да ги спроведе неопходните чекори во енергетската транзиција. Во енергетиката работите мора да се менуваат многу побрзо бидејќи ова ќе биде најважната област во следните 10 години, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението.

И мандатарката на Владата Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија почнува да гради нова енергетска политика“. Таа порача дека тое ќе биде главен приоритет на идната влада и дека енергетиката е „прашање на националната безбедност поради што мораме да ја смениме за да ја направиме Србија енергетски понезависна и побезбедна, а овие работи се менуваат од ден на ден“, наведувајќи го примерот на Хрватска и нафтоводот ЈАНАФ.

-Целиот регион би морал подобро да соработува во енергетиката, имаме огромни капацитети кои би можеле да ги искористиме за енергетска безбедност и ќе се обидеме да го направиме тоа заедно со претседателот Вучиќ, бидејќи регионот мора да работи заедно, да биде поврзан и стабилен, рече Брнабиќ.

Опишувајќи како ситуацијата во енергетскиот сектор се менува „од ден на ден“, таа рече дека, доколку не се случеше она што се случи со нафтоводот ЈАНАФ, нафтоводот до Унгарија немаше да биде во експозето што го подготвува, а сега е „стратешки проект кој ќе почне да се работи во најкраток временски период“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици.

Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година.

За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила.

Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри.

Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД.

За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година.

Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива.

Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности.

Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер