СП: Владата да ја исправи одлуката за додатокот од 15 илјади денари за полициските службеници

Синдикатот на полицијата (СП) бара од Владата да им додели додаток од 15 илјади денари, односно да ја исправи последната одлука со која го одби предлогот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Според нив, со последната одлука, Владата покажало дека не ги почитува вработените во полиција, односно не го цени нивниот труд кој секојдневно е вложен при справување со коронавирусот.

– Сметаме дека вчерашната одлука е погрешна и дека ненамерно е направена, и дека на наредната седница грешката ќе биде исправена. Не заборавајте дека полицијата се справуваше со најголемиот бран во борбата против пандемијата. Сметаме дека барем останало малку траг од времето кога бевте прв човек во Министерството за внатрешни работи и веруваме дека знаете дека кои се ризиците со кои во изминатиот период се справуваат полициските службеници. Како и да е од вас произлезе паролата „Задоволна полиција, безбедни граѓани''. Секако граѓаните се безбедни, но дали имаме задоволна полиција, време е да се запрашаме. Оваа е истата таа полиција кој вие велевте дека е професионална, порачаа од СП до премиерото Оливер Спасовски.

Големиот број на заразени полицискит службеници според СП не е заради непочитување на препораките за заштита, туку затоа што вработените во полиција секојдневно се изложени на висок ризик и контакти со голем број луѓе.

– Бараме вчерашната одлуката повторно да се преиспита и упатуваме апел, и барање до Владата, тоа е мала сума што ја заслужуваат вработените во полицијата, сумата од 15 илјади денари да им биде исплатена како морална сатисфакција за својот труд кој секојдневно го вложуваат на терен, велат од Синдикатот на полицијата.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Јакимовски: Османи ни пропагира политика на жирафа

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски за неговиот против кандидат Бујар Османи вели дека тој во кампањата пропагира политика на жирафа.

-Не можам да го слушнам Бујар Османи во кампањата да каже нешто за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните во Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа: Жирафата млекото да дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, истакна Јакимовски.

„Тајмс оф Израел“:САД се согласија на израелска операција во Рафа ако Израел не го нападне Иран

 САД го прифатија израелскиот план за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафа во замена да не извршат голем напад врз Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel), повикувајќи се на неименуван египетски функционер.

- Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада за воената операција во Рафа, во замена за неизвршување голем напад врз Иран, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум Ал Араби ал-Џадид.

Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафа, каде, според израелските медиуми, се лоцирани четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над еден милион цивили кои побегнале од другите делови на Појасот Газа, а се претпоставува дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници.

притисни ентер