Паника: Бик избега од корида во Босна и почна да ги брка гледачите (ВИДЕО) - Канал 5

Паника: Бик избега од корида во Босна и почна да ги брка гледачите (ВИДЕО)

Традиционалната борба со бикови на Игман и оваа година собра голем број посетители од Босна и Херцеговина и земјите од регионот.

Паника: Бик избега од корида во Босна и почна да ги брка гледачите (ВИДЕО)

Во текот на целиот ден беше организирана богата програма со музика, дружење и борби со бикови, кои го привлекоа најголемото внимание на публиката.

Сепак, настанот беше обележан и со еден инцидент. За време на една борба, бик излезе од оградениот простор и се упати кон просторот каде што беа гледачите, што предизвика паника кај толпата.

Во тој момент, посетителите брзо се оддалечија за да го избегнат животното, а снимки од настанот набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Засега нема официјални информации дали некој е повреден, ниту пак властите дадоа повеќе детали за околностите под кои бикот го напуштил оградениот простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војниците

Американската војска соопшти дека започнала уште една рунда напади врз Иран за „понатамошно деградирање“ на неговите способности за напад врз бродови во Ормутскиот теснец.

САД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војниците

Нападите - 10-та последователна ноќ - доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната ноќ „во чест“ на тројцата американски војници убиени неодамна - двајца во Јордан и еден во Ирак.

Како одговор на најновиот бран, Иран соопшти дека погодил два танкери за нафта во водниот пат, како и американски воени средства во Бахреин и Кувајт, објави државната новинска агенција ИРНА.

Претседателот Масуд Пезешкијан рече дека Иран сега води „целосна војна“ со САД.

Во исто време, Техеран соопшти дека дипломатските пораки сè уште се разменуваат меѓу двете страни преку посредници, и покрај пропаѓањето на прекинот на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем

Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер.

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем

Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија.

Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа.

Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство.

Во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем.

Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство.

За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?

ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите.

СДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?

Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал.

Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми.

Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш одеднаш нема „чувство“ и сè е „доверливо“ и „во тек на истрага“.

Пет дена информацијата за труењето се криеше од јавноста. Пет дена институциите под контрола на ВМРО-ОКГ молчеа и не презмаа ништо.

Сега, кога се откри дека се криело, ВМРО се обидува да ја претвори темата во „доверливост на информациите“, наместо да ја превземе одговорноста.

Зошто Обвинителството ги криеше податоците од анализата на водата? Кого штитеше сега? Кој ја затру вода која заврши во водоводот?

Ако ВМРО-ОКГ навистина верува во доверливост и истрага, тогаш нека објасни зошто министерот за здравство и здравствените инспекции молчеа пет дена.

Нека објасни зошто резултатите од анализите сè се криеа од граѓаните.

ВМРО-ОКГ има „чувство“ само кога треба да напаѓа. Кога треба да одговара за својата неспособност и прикривање - тогаш одеднаш сè е „истрага“ и „доверливо“.

Граѓаните на Гостивар не сакаат изговори. Сакаат одговорност. И таа одговорност не може да се крие зад зборовите „доверливост“ и „истрага“.

Скопје, 21.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер