Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден - Канал 5

Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден

Во Гостивар се прогласува епидемија од гастроентеритис – епидемиолозите, по бројот на заразени и епидемиолошката анкета утврдија надминување на прагот за прогласување.

Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден

Се чекаат резултатите од копрокултура и од Институтот за Јавно здравје за утврдување на причинителот за труењето. Бранот на заразата и натаму не стивнува, приемните одделенија на инфективна и педијатрија и натаму се полнат. Во изминатово деноноќие помош побарале над 300 пациенти, повеќе од 100 се деца. Хоспитализирани се тројца возрасни, останатите се со полесна клиничка слика. Епидемиолошката состојба се очекува да донесе до подобра координација на терен, а што се однесува до мерките, надлежните уверуваат дека се спроведуваат.

-Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, центарот за јавно здравје Тетово, одделение за епидемиологија Гостивар, пријавува епидемија на нивото на подрачје на општина Гостивар. Симптомите кај пациентите се почнати од 14.07, бројот на пациентите е во пораст. Како епидемиолози ја следиме состојбата, вршиме редовен епидемиолошки надзор на одделенијата, даваме насоки, ги анкетираме заболените лица и се уште сме во исчекување на резултатите. Бројката на заболените е се уште во пораст,- - Д-р Зорица Зафироска – Епидемиолог ЦЈЗ Тетово.

Од институтот за јавно здравје оценуваат дека нема индиција дека гостиварци се заразиле од нешто друго, односно причината е водата, но д-р Драган Кочински вели дека резултатите од мострите од водата и микробиолошките мостри од пациентите ќе бидат готови утре, па тогаш ќе се добијат одговорите, а резултатите ќе завршат и во обвинителството.

-Досега епидемиолошките анкети покажуваат дека нема некоја меѓусебна поврзаност, како на пример труење од храна во ресторан или кафуле, досега таква индиција нема. Она што е заедничко за сите е дека сите користеле храна и во домашни услови и во ресторани, сите користеле вода за пиење, некои користеле и флаширана вода, значи не ни даваат некои индиции во кои што можеме да направиме просторно поврзување на случаите. Да ги почекаме резултатите и од микробиолошката анализа и кај пациентите кои се земени мостри, 12 мостри се земени само досега и од резултатите што ќе бидат од водата,- - Д-р Драган Кочински – Раководител на одделот „Епидемиологија на заразни заболувања .

Забраната за користење на водата останува на сила и не треба да се користи за било каква цел. Владини извори во меѓувреме брифираат дека донесена е одлука интервентно да се обезбеди денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода за пиење, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на институциите, кои апелираат да се почитуваат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер