Црн биланс во Памплона: 13 тешко повредени на третиот ден на трката со бикови (ВИДЕО) - Канал 5

Црн биланс во Памплона: 13 тешко повредени на третиот ден на трката со бикови (ВИДЕО)

Тринаесет лица се сериозно повредени денеска, на третиот ден од трката со бикови на фестивалот Сан Фермин во шпанскиот град Памплона, соопштија организаторите.

Црн биланс во Памплона: 13 тешко повредени на третиот ден на трката со бикови (ВИДЕО)

Дваесет и деветгодишен Американец беше прободен во левото рамо со рог, додека другите се здобија со модринки, посекотини и скршени коски додека трчаа низ тесните улици на градот во северна Шпанија. Еден маж (23) доживеа потрес на мозокот.

Сите повредени се мажи на возраст меѓу 18 и 68 години, соопштија организаторите. Повеќето од нив се пренесени во болница на лекување.

YouTube video

Фестивалот трае до следниот вторник

Фестивалот Сан Фермин, кој се одржува во чест на светецот-заштитник на Памплона, започна во понеделник и продолжува до следниот вторник.

Секое утро, шест борбени бикови, од кои некои тежат повеќе од 600 килограми, се тераат низ тесни улички заедно со питоми волови пред попладневните борби.

Трката долга 825 метри привлекува десетици илјади гледачи секоја година. Од 1924 година, шеснаесет лица починале, главно по прободување. Последната жртва е регистрирана во 2009 година.

YouTube video

Групите за заштита на животните редовно организираат протести против фестивалот стар еден век, кој датира од 1591 година, но станува сè поконтроверзен во Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации

а подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби.

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации

Денеска (28.09.2026) во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци беше реализирана показна вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар, во рамки на која полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со екипи од Територијалната противпожарна единица, ОО на Црвен Крст и Итна медицинска помош Кавадарци, ги презентираа мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес реализираа превентивна активност „Вози технички исправно возило“, со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, при што на возачите им беше нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби, со цел да им се појаснат на граѓаните начините како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Полициски службеници од полициските станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, Свети Николе и Кочани во основни општински училишта на нивно подрачје реализираа едукативни предавања на учениците со цел запознавање со основните правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиони

Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.

Драма над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиони

Борбени авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји беа кренати во воздух шест пати минатата недела за да идентификуваат и да спроведат руски воени авиони кои ги прекршиле правилата за летање, соопшти денеска Министерството за одбрана на Литванија.

Министерството наведе дека на 21 септември, ловци на НАТО полетале за да пресретнат руски извидувачки авион „Ил-20“, објави Литванското национално радио и телевизија.

Истиот ден, ловците патролирале и во воздушниот простор во близина на летонско-белоруската граница, а на 22 септември биле кренати во воздух за да идентификуваат два авиона „Су-30“.

Еден ден подоцна, ловците пресретнале три авиона „МиГ-31“, еден патнички авион „Ту-134“, еден повеќенаменски ловец „Су-30СМ“ и три авиона „Су-30М2“.

Авионите на НАТО исто така идентификувале еден „Су-35“, два „Су-30М2“ и руски извидувачки авион „Ил-20“. Беше соопштено дека на 26 септември ловците пресретнале бомбардер „Су-24“.

Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.

Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји се спроведува од воздухопловни бази во Литванија и Естонија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силјановска Давкова: Проширувањето не е само политика кон кандидатите, туку тест за капацитетот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на 22. Европски самит во Салцбург на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. 

Силјановска Давкова: Проширувањето не е само политика кон кандидатите, туку тест за капацитетот на ЕУ

Претседателката се осврна за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици на ЕУ но и за потребата од забрзување на евроинтеграциите на Западен Балкан.

Кога напредокот не зависи од самите реформи, процесот ја губи својата кредибилност. Тоа веќе не е само проблем на кандидатите, туку институционален проблем за самата ЕУ“, порача Сиљановска-Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер