Сопственик на Ламборџини Хурикан добил најбизарна казна на светот - Канал 5

Сопственик на Ламборџини Хурикан добил најбизарна казна на светот

Сопственикот на Lamborghini Huracan Performante од Стејтен Ајленд, Ентони Аквилино, се соочил со една од најбизарните казни досега забележани - поради прекумерна бучава на неговиот автомобил.

Сопственик на Ламборџини Хурикан добил најбизарна казна на светот

Сопственикот на Lamborghini Huracan Performante од Стејтен Ајленд, Ентони Аквилино, се соочил со една од најбизарните казни досега забележани - поради прекумерна бучава на неговиот автомобил, и покрај тоа што возилото не е модифицирано и ги задржало сите фабрички спецификации. Додека возел низ Менхетен, Аквилино добил казна од 800 долари, што е само почетна бројка, бидејќи повторените прекршувања може да резултираат со значително повисоки казни, објави Јутарњи.

Аквилино смета дека казната е целосно неразумна, имајќи предвид дека неговиот болид ги исполнува сите потребни регулаторни барања и дека не претрпел никакви промени кои би влијаеле на нивото на бучава. „Ако автомобилот е легален и ги поминал сите контроли, како е можно да биде казнет за бучава?“

Она што дополнително ја комплицира ситуацијата е обемот на казните – втор прекршок би чинел 1.700 долари, додека трет би достигнал дури 2.700 долари, што може да претставува сериозен удар за сечиј буџет, без оглед на вредноста на возилото. Аквилино изјавил дека единствено решение за него е да го продаде автомобилот, со оглед на тоа што не гледа друг начин да избегне дополнителни казни.

Казната за прекумерна бучава на автомобил кој е целосно усогласен со законот го покренува прашањето за одговорноста на производителот и каде се повлекува линијата помеѓу регулативата и правата на сопственост. Аквилино заклучува дека бидејќи не го модифицирал автомобилот, тој не треба да биде одговорен за бучавата што ја прави возилото, особено затоа што автомобилот е легален за возење на улица и подлежи на редовен МОТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД

Во албанскиот парламент се случи  вистински хаос откако опозициски пратеник одзема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД, по што следуваше  драматична потера низ собраниската зграда.

Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД

На социјалните мрежи случката ја споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“.

На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите американски држави, по што се обидува да го напушти местото.

На снимката се гледа како пратеникот трча низ парламентот со документот во рацете, додека по него трча секретарката на Собранието во обид да го запре.

Додека трае потерата таа паѓа по скалите.инцидентот предизвика бројни реакции, а снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Оваа година заклучно со вчера, во Mакедонија се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. 

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Од регистрираните случаи, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен.

„Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и од Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инку-бацискиот период покрива и престој во Македонија.

Почетокот на симптомите кај 5 лица од заболените е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден случај во мај“, пишува во извештајот од Институтот.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос од оваа година, а заклучно со 22 јули, идентификувани се 35 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска.

Во шест земји во европа овие региони се наоѓаат во Италија , Грција Романија, Македонија, Шпанија и Франција.

Во оваа сезона, кај луѓе во европскиот регион, првиот регистриран случај е од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го испраќа талентот Франко Мастантуоно на калење во Бенфика?

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, би можел да го напушти клубот ова лето и да замине на позајмица.

Бенфика се спомнува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да избори поголема минутажа по доаѓањето од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра.

Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, дополнително ќе се заостри конкуренцијата на позицијата десно крило.

Затоа Мадрид и Жозе Мурињо сакаат да му најдат клуб каде што би играл редовно. Очигледно, покрај Бенфика, заинтересирани се и Фулам и Фиорентина, но португалскиот клуб има предност бидејќи игра во европските натпреварувања.

Реал верува дека позајмицата би можела да има ефект сличен на оној од престојот на Ендрик во Лион минатата сезона, каде што Бразилецот доби минути за развој и имаше добри настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер