Сопругата на познатиот актер го роди седмото дете, а еве како изгледа! (фото)

Американката Хилари Болдвин (38), сопруга на познатиот холивудски актер Алек Болдвин (64), го роди своето седмо дете, а среќната вест со фотографија од себеси и тукушто роденото бебе ја сподели преку својот профил на Инстаграм.

Она што на многумина веднаш им падна во очи е нејзиниот изглед веднаш по породувањето, со очигледна шминка. Сепак не може да се оспори фактот дека таа е исклучително природно убава жена.

Покрај оваа мајка на седум деца, беше и познатиот холивудски шармер кој гордо ја кренал тупаницата во воздух за да го покаже печатот од стапалото на новородената ќерка на својата подлактица.

Среќната мајка го сподели датумот на раѓање (22.9.2022) и тежината на ќеркичката.

Во текот на нивниот брак од една деценија, Алек и Хилари ги добија Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (6), Ромео (4), Еду (2) и Марила (1).

Да потсетиме дека овој март Хилари радосно откри дека е бремена со своето најново бебе, а во мај таа и Алек споделија дека чекаат девојче. Ова се случи веднаш по трагедијата во која беше вмешан славниот актер, кога за време на снимањето на филмот со огнено оружје ја уби снимателката.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер