Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
1Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
МетеоСончево со темперетура до 36 степени, попладне локална нестабилност Денес времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАОдбиено барањето за алиментација на поранешната свршеница на НБА ѕвездата Лука ДончиќБарањето за алиментација, поднесено од Анамарија Голтес против НБА ѕвездата од Словенија, Лука Дончиќ, е официјално отфрлено , а завршницата на постапката е одбележана со вжештена расправа меѓу адвокатите, пренесува „Њујорк пост“. Адвокатите на НБА-ѕвездата и на неговата поранешна свршеница учествуваа на рочиште во округот Лос Анџелес преку видео-повик. Адвокатката на Дончиќ, Лора Васер, веднаш упати критики кон застапникот на Анамарија Голтес, Еван К. Ицковиц. Кога судијката Мелиса К. Лајонс ја праша Васер за предлогот за отфрлање на случајот, адвокатката одговори дека Голтес и Ицковиц непотребно го трошеле времето на судот и на нејзиниот клиент со покренувањето на постапката. „Сметам дека тоа е наведено и во нашите поднесоци, Ваша чест – оваа постапка воопшто не требаше ни да биде покрената“, изјави Васер, реномирана адвокатка за разводи, позната како „Кралица на разводите“. „Сепак, верувам дека г-дин Ицковиц сега ќе Ви каже оти побарал повлекување на целото барање, така што нема ни да морате да одлучувате по нашиот предлог за отфрлање. Нели е така, г-дине Ицковиц?“ Ицковиц ја потврди нејзината изјава и му објасни на судот дека тој побарал повлекување на тужбата уште на 3 август. „Всушност, веќе го поднесовме барањето, но тоа беше одбиено бидејќи недостасуваше потписот на г-дин Дончиќ – иако тој не е задолжителен. Повторно го поднесовме по препорака на судски службеник“, изјави тој. Судијата Лајонс набрзо го одобри барањето за отфрлање на тужбата без прејудицирање, што значи дека постапката би можела повторно да се покрене во иднина. Васер и Ицковиц му се заблагодарија на судот и го завршија видео-повикот. Со ова сослушување заврши правниот спор во Калифорнија што започна на 9 март, кога Анамарија официјално побара издршка за детето од Дончиќ. Таа тужба го принуди шесткратниот учесник на НБА Ол-стар натпреварот јавно да го потврди крајот на врската со словенечката манекенка и инфлуенсерка. Неколку недели подоцна, Дончиќ ја ангажираше адвокатката Васер. Таа веднаш поднесе барање за отфрлање на случајот, тврдејќи дека тужбата во Калифорнија претставува „очигледен обид за избор на најповолна јурисдикција со цел да се искористат исклучително високите износи за издршка на деца по кои е позната таа сојузна држава“. Во своето барање за повлекување на тужбата од 3 август, Голтес наведе дека сака спорот со Дончиќ да го реши „пријателски и преку меѓусебен договор што е во најдобар интерес на нивните деца“. Според медиумските извештаи, Голтес во меѓувреме побарала спогодба од 50 милиони долари од Дончиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаГолемо откритие во Босна и Херцеговина: Пронајден нов вид на човечка рипка Новите истражувања покажаа дека човечката рипка не е еден вид, туку дека постојат девет вида. Меѓу нив е и босанската човечка риба од Краина.Човечката рипка , еден од најпознатите жители на подземните води на Динарскиот карст, со децении се сметаше за единствен вид. Сепак, новите меѓународни истражувања покажауваат дека зад тековното име *Proteus anguinus* всушност се кријат дури девет различни видови. Три од нив се сосема нови за науката, а меѓу нив е и босанската човечка рипка (*Proteus bosniensis*), чие издвојување како посебен вид е од особено значење за Босна и Херцеговина. Во истражувањето, објавено во списанието *Amphibia-Reptilia*, учествувале и босанските биолози Емина Шуње од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Сараево и Аднан Зимиќ од Националниот музеј на Босна и Херцеговина. *Proteus bosniensis* е поврзан со подземните водни системи на Краина, особено со областа под планината Грмеч во Босна и Херцеговина. Како и другите единки од видот „човечка рипка“, тој го поминува поголемиот дел од својот живот во целосна темнина на подземните води. Поради тоа, многу е тешко да се истражи неговата распространетост и прецизно да се утврди големината на популацијата. Важно е да се напомене дека тоа не значи оти животното е тукушто откриено. „Човечката рипка“ во областа на Краина е позната со децении, но дури современите истражувања потврдиле дека таа претставува посебен вид – *Proteus bosniensis*. Покрај босанската „човечка рипка“, на територијата на Босна и Херцеговина живее уште еден вид, *Proteus carrarae*, кој е поврзан со подземните води на херцеговскиот карст. „Човечките рипки“ се многу слични меѓу себе. Имаат издолжено тело, закржлавени очи и бледа кожа, а животот во целосна темнина го обликувал нивниот изглед. Поради големата сличност, било речиси невозможно да се утврди колку различни еволутивни линии се кријат зад името *Proteus anguinus* врз основа само на надворешните карактеристики. Современите генетски и морфолошки анализи покажаа дека некои од овие лози еволуирале независно во текот на милиони години. Иако по изглед се речиси идентични, тие претставуваат различни видови. Според тоа, *Proteus bosniensis* е пример за таканаречената криптична разновидност – појава при која различни видови изгледаат толку слично, што нивните разлики долго време остануваат незабележани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
БалканНеофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во ХрватскаЧетири лица се уапсени на поширокото подрачје на Бенковац под сомнение дека се поврзани со подметнување пожар, соопшти денеска Полициската управа на Задар ,Хрватска.Полицијата интервенирала откако граѓаните пријавија сомнителни активности синоќа, по 20 часот. Полицијата брзо го лоцирала и го запрела возилото во кое се наоѓале осомничените. Сите четири лица биле одведени во службени простории на криминалистичка обработка, со цел да се утврдат околностите на нивното движење и евентуалната поврзаност со пожарите во областа на Задар. Како што неофицијално дознава хрватскиот RTL, уапсени се тројца хрватски државјани и еден странски државјанин. Наводно, брачен пар ги забележал во близина на Раштевиќ, недалеку од Бенковац, токму додека палеле оган, по што веднаш ја повикале полицијата. Истражителите се сомневаат дека четворицата можеби се поврзани со неколку пожари што избувнале во тој крај во изминатите денови. И HRT известува дека, според нивните неофицијални информации, станува збор за хрватски државјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook