Сончево и топло утро, попладне дожд - Канал 5

Сончево и топло утро, попладне дожд

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, a во попладневните часови ќе услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Сончево и топло утро, попладне дожд

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, a во попладневните часови ќе услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според прогнозите, во среда ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Од петок и за време на викендов времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Утре ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Подобро е да се донесе нешто, отколку да не се донесе ништо, оцени лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Тој даде одговор на новинарско прашање дали може да се очекува скоешно усвојување на нов Изборен законик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Педесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера попладнето на 10 јули околу 14:05 часот, кога тој паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Според здружението за заштита при работа, лани во земјава загинале 31 работник, што е речиси двојно повеќе во однос на 2024-та, кога биле регистирани 17 жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која што се разговараше за состојбата со производството на ориз. Филипче на средбата посочи дека е трагична сликата на терен - оризопроизводителите се оставени без никаква поддршка, оризот скапува по амбарите, а Владата со својата незаинтересираност го доведува во прашање опстанокот на една од најзначајните земјоделски гранки во државата.

Земјоделците производители на ориз на средбата алармираа дека големи количини на ориз од ланската година стојат по амбарите, бидејќи нема откуп. Филипче посочи дека земјодеците немаат никаква информација ниту за откупните цени, ниту за субвенциите за новата сезона.

„Има заостанати количини од минатата година. Само половина од произведениот ориз е откупен од минатата година, 50% седи по амбарите, никој не е заинтересиран да го откупи, глувци има по амбарите, што ризик да се прошират болести во овој регион. Дополнително на сите овие проблеми, нема никаква насока ниту најава за откупни цени или субвенции за оризот којшто се произведува оваа сезона“, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека дополнителен удар за оризопроизводителите се најавите дека откупната цена ќе биде ниска и недоволна да ги покрие ниту основните трошоци за производство.

„Најавите се дека откупната цена ќе биде многу ниска. Додека во времето на нашите влади откупната цена беше над 40 денари, сега е по 20 денари за килограм. Неколкукратно трошоците за производство ги надминуваат откупните цени. Дополнително, нема откуп и нема доволна количина која се откупува од оризот“, рече Филипче.

На средбата, Филипче нагласи дека поради негрижата на Владата на ВМРО, земјоделците ја губат довербата во институциите, а состојбата во оризопроизводството е директна последица на негрижата и неспособноста на власт.

„Трагична, трагична незаинтересираност на власта. Огромна разочараност има кај земјоделците. Губат верба во државата поради лошата Влада, гледаат дека во производството на ориз практично немаат никаква иднина и луѓето стравуваат дека целиот овој сектор практично може да се соочи со прашањето дали воопшто ќе функционира во следниот период, во капацитетот во кој што тука бил со децении. Од овие плодни полиња коишто ја хранеле Македонија, кои што биле извор на репроматеријали, ориз и сѐ друго што се произведува тука, кое се извезувало од нашата земја, а тие сега се соочени сега со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер