3Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години
МетеоСончево и топло, попладне локални врнежи и грмежиВремето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 29 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈПКХС: Во текот на минатата недела се отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 130 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 28 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 17, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСудија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИСојузен судија во САД го блокираше планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на седиштето на ФБИ во деловна зграда во Вашингтон. Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд, беше избрана за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден. Минатата година, лицата назначени од Трамп се обидоа да ја поништат таа одлука. Наместо изградба на ново седиште, тие предложија пренамена на зградата „Роналд Реган“, комплекс со федерални канцеларии лоциран во близина на сегашното седиште на ФБИ. Американскиот окружен судија Теодор Д. Чуанг, назначен од претседателот Барак Обама, пресуди дека таквиот потег е незаконски. Со својата одлука, тој ѝ забрани на администрацијата на Трамп да го премести ФБИ во зградата „Реган“, да ја реновира за потребите на агенцијата или да ги пренасочи средствата наменети за првичниот проект. Во соопштението, ФБИ наведе дека ова не е првпат судовите да се обидуваат да ја поткопаат администрацијата со цел владата да стане поисплатлива за американските даночни обврзници. „Судот одлучи да изврши недозволива интервенција од политички причини. ФБИ е фокусирано на својата мисија и ќе продолжи да го следи најдобриот начин на дејствување за да ги задоволи потребите на органите за спроведување на законот“, се вели во соопштението. „Време е да се престане со игрите и да се започне со изградба на најсовремено седиште на ФБИ, какво што заслужуваат нашите јавни службеници, и тоа токму таму каде што му е местото: во округот Принц Џорџ во Мериленд“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур. Актуелното седиште на ФБИ, зградата „Џ. Едгар Хувер“ на авенијата Пенсилванија, беше отворено во 1975 година. Околу неа се поставени заштитни мрежи бидејќи делови од фасадата отпаѓаат и претставуваат опасност за минувачите. Локацијата во Мериленд беше избрана по силна конкуренција со Вирџинија, која исто така беше во трка за новото седиште на ФБИ.Тагови: Доналд Трамп ФБИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 годиниЈавното обвинителство ја прошири истрагата против седум нови лица за шверцот на пет тони марихуана во Србија, во јануари годинава.Со нив, за случајот во Македонија осомничени се вкупно 13 лица. Тие, заедно со шестмината уапсени во Србија, и други засега непознати лица организале најмалку 5 транспорти на марихуана, соопшти Обвинителството. Како параван било користено правното лице во скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели, а за транпортот користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба. Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. – соопшти Обвинителството.. Од таму додаваат дека во меѓувреме, двајца од првично шестмината осомничени, склучиле спогодби со Обвинителството, кои на 10 август биле потврдени од кривичниот суд.. Едниот добил 3 ипол години затвор, а вториот три години и 8 месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter