Сон на секој пожарникар: Противпожарно возило од 21. век, погодно за сите терени (ВИДЕО) - Канал 5

Сон на секој пожарникар: Противпожарно возило од 21. век, погодно за сите терени (ВИДЕО)

Снимки од новото противпожарно возило за најтешки услови се шират на социјалните мрежи.

Сон на секој пожарникар: Противпожарно возило од 21. век, погодно за сите терени (ВИДЕО)

Потпишано е од Германецот Ребо Сондермашинен, кој стандарден земјоделски трактор го претворил во GTLF-V 12000, односно големо шумско противпожарно возило со модуларни можности. Основата е John Deere 6R 250, а станува збор за целосно опремено противпожарно возило со значително поголеми можности од конкуренцијата.

За почеток, тука е 6,8-литарски шестцилиндричен дизел мотор со 301 КС, кој во комбинација со огромни тркала обезбедува одлична маневрираност, дури и низ мочурлива и каллива земја. Може да совлада и водни пречки со длабочина од 1,20 м.

Една од посебните карактеристики е самата кабина, опремена со заштитен систем и опрема за дишење што овозможува да се помине низ пожарот.

Сепак, она што го издвојува ова возило е неговата способност за гаснење пожари. Резервоарот има капацитет до 12.000 литри вода и 410 литри пена, а протокот на пумпите е до 360.000 литри на час. Возилото има три водни топови - два напред и еден на приколката. На пример, противпожарното возило за теренски услови Unimog TLF 4000 има капацитет од само 4000 литри.

Посебна вредност на концептот е неговата модуларност. На стандардните додатоци може да се монтираат разни алатки, како што се масивен преден плуг за отстранување пречки, машина за полнење вреќи со песок, витло, пумпи и челично јаже со должина од 80 метри со сила на влечење од 67 kN.

Оваа разновидност овозможува примена во гаснење пожари, но и во борбата против поплави, лизгање на земјиште или други природни катастрофи.

Тестовите во моментов ги спроведува противпожарната служба, а подоцна ќе се донесе одлука дали ова возило ќе се понуди на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер