Со европски пари ќе се рехабилитира патот до црквата на островот Мал Град - Канал 5

Со европски пари ќе се рехабилитира патот до црквата на островот Мал Град

Со европски пари ќе се рехабилитира патот до црквата на островот Мал Град, ќе се санира плоштадот во Глобочани и патот до музејот на Стерјо Спасе.

Со европски пари ќе се рехабилитира патот до црквата на островот Мал Град

Во просториите на општина Пустец потпишан е договор меѓу четворица партнери за почеток на проектот „Smart4You2“, што е поддржан од ИПА2.

Според градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, освен него потпис ставиле претставници на општина Битола и музејскиот центар од овој град, како и Регионалната дирекција за културно наследство од Корча.

– Проектот кај нас опфаќа рехабилитација на патеката до црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, санација на плоштадот во центарот на селото Глобочани, како и поврзувачкиот пат со музејската куќа на нашиот познат писател Стерјо Спасе. За оваа цел предвидени се средства од околу 100 илјади евра, изјави Колефски за МИА.

Според него, проектот е дел и последна фаза од проектите Smart_Cul_Tour, кофинансирани од ЕУ во рамки на вториот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, 2014-2020 година.

-Овој проект има за цел да ја зголеми туристичката понуда и одржливиот развој за локалната заедница и прекуграничниот регион Преспа. По изградбата на музејот во Глобочани веќе имаме зголемен интерес за негова посета од страна на туристи, не само од Македонија и од Албанија туку и пошироко. Тој е првиот музеј во регионот кој даде дополнителна вредност на ова прекрасно подрачjе, посочува Колефски.

Музејот на Стерјо Спасе, познат албански писател со македонско потекло, родум од малопреспанското село Глобочани беше пуштен на крајот на месец март годинава. Тоа е поранешно училиште каде и тој учел.

Стерјо Спасе роден е во 1914 година, а починал во Тирана во 1989 година. Тој е познат писател со македонско потекло и е еден од основоположниците и најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа.

Во август 2014 година, во рамки на одбележувањето на 100-годишнната од раѓањето на Спасе во Глобочани беше поставена неговата биста.

Пред три години тогашниот албанскиот претседател Илир Мета, постхумно го одликува со признанието „Витез на редот на знамето“. Тогаш Мета рече дека неговиот познат роман „Зошто“ го најавил создавањето на современа литература во Албанија, додавајќи дека Стерјо Спасе е значајна личност не само во Албанија туку на Балканот и Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метри

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Големата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет.

„Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз.

Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay).

YouTube video

По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. 

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници.

Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори.

На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето.

Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња.

Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс. На покривот ќе има снајперисти .

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планираната Триумфална капија висока 76 метри, која треба да се изгради на Националните гробишта во Арлингтон, ќе прерасне во „врвен воен комплекс“ со снајперисти на покривот и на плоштадот, како и со голем број дронови и залихи на муниција за снајпери.

Трамп тврди дека одлуката ја донел по „силно барање“ на американската војска. Триумфалната капија првично беше претставена како монументален објект за одбележување на 250-годишнината од американската независност. Трамп сега вели дека таа ќе добие и многу специфична воена намена.

Дронови, снајперисти и муниција Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека комплексот треба да овозможи сместување, складирање и брзо распоредување на голем број дронови, како и складирање на големи количини муниција за снајпери.

Според неговиот план, снајперисти би биле распоредени на покривот и на просторот на плоштадот околу триумфалната капија.

Планираната триумфална капија треба да биде висока 250 стапки (приближно 76 метри) и да се наоѓа на „Меморијал Сркл“ (Memorial Circle), меѓу Меморијалот на Линколн и Националните гробишта во Арлингтон.

Таа би била повисока од Триумфалната капија во Париз. Трамп со месеци зборува дека сака да ја одбележи 250-годишнината од американската независност со монументална градба, но проектот сè уште не ги поминал сите неопходни процедури.

Проектот сè уште нема целосно одобрение Заклучно со почетокот на септември, Комисијата за планирање на главниот град сè уште го немаше одобрено проектот, а не беше завршен ниту целосниот процес на разгледување, предвиден со американските закони за зачувување на историското наследство.

Во меѓувреме, проектот се соочи со правен приговор од ветерани, кои тврдат дека капијата би го нарушила историскиот визуелен поглед меѓу Вашингтон и Националните гробишта во Арлингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер