Шоу бизСнуп Дог го носеше олимпискиот факел во Париз (ВИДЕО)Музичарот, чие вистинско име е Калвин Бродус Џуниор е икона на американскиот хип-хоп и еден од најпопуларните уметници во тој жанр.Тој вечерва го носеше олимпискиот факел на последната фаза во патувањето низ центарот на Париз. Paris 2024 #OpeningCeremony mood 😎 🎥: @Paris2024 pic.twitter.com/drmp6jNmsF — The Olympic Games (@Olympics) July 26, 2024 Олимписките игри во Париз официјално се отворени со церемонија што почна во 19:30 часот, а за прв пат во историјата на Олимписките игри свеченото отворање нема да се одржи на стадион. Околу 10 и пол илјади спортисти се на речиси 100 чамци кои пловат по реката Сена и минуваат покрај некои од најпрепознатливите париски знаменитости. #Paris2024 y #OpeningCeremony : Porque ha dado inicio la ceremonia de inauguración de la los Juegos Olímpicos de París 2024.pic.twitter.com/vsBSEzI25d — ¿Por qué es Tendencia? (@porktendencia) July 26, 2024 Бродовите со спортистите на крајот ќе пристигнат спроти Трокадеро, шеталиштето спроти Ајфеловата кула.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода тројца скопјани, во продажен објект во Велес извршиле кражбаОдземеното вратено на сопственикот.На 11.07.2026 во 12:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода С.С.(32), М.Х.(22) и Б.Ј.(19) сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека од објектот биле одземени повеќе предмети. Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., а сопатници биле М.Х. и Б.Ј. и при преглед одземеното било пронајдено во возилото и вратено на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: кражба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активностиУставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација.Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и стекнување политички поени. Меѓународната соработка била и ќе остане една од стратешките определби на Судот и претставува составен дел од неговото институционално дејствување. Оваа година, како и претходно, Уставниот суд интензивно работи на афирмирање на својата меѓународна позиција, при што има склучено три Меморандуми за соработка и разбирање со сродни институции, односно со Уставниот суд на Република Косово, со Врховниот Уставен суд на Арапската Република Египет и пред два дена, со Уставниот суд на Република Србија. Дополнително, на Судот му е доверено да претседава оваа година со Балканскиот форум на уставни судови и да го претставува на значајни меѓународни настани. Уставниот суд останува доследен на својата уставна надлежност и независност. Судот нема да подлегне на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација и ќе продолжи и да ја зајакнува својата меѓународна соработка. Воедно, Судот апелира политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура и да работат во интерес на државата и граѓаните, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на грбот на владеењето на правото и на институциите кои се најповикани да го штитат уставниот поредок. Независноста и кредибилитетот на Уставниот суд се вредности што треба да бидат заеднички интерес на сите општествени чинители. Затоа, недозволени се и апсурдни квалификациите од некои политички фактори дека одлуки на Уставниот суд се „неуставни” или „незаконски“. Согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, и општозадолжителни. Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните. Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка. Доказ за ваквото објективно и независно работење на Уставниот суд, базирано исклучиво врз оцена на уставноста и законитоста на прописите донесени од сите власти во државава се и одлуките за законитоста на постапката за преименување на улиците во Чаир. (https://ustavensud.mk/archives/32056 и https://ustavensud.mk/archives/20991 ). Оттука ги повикуваме сите политички чинители, да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на единствената институција која е чувар на Уставот и на уставно правниот поредок на државта.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избориХристијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избориИако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано - најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година. Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, економијата е во колапс, а повеќе не може да се задолжува за финансирање на криминалните тендери на својата група. Кога ќе му се затвори просторот за нови задолжувања, ќе мора да распише избори. Но, за да не признае дека нема пари и дека ја уништил економијата на земјата, ќе бара алиби од опозицијата. Најверојатно ќе ја искористи темата - Европска унија, како главен изговор. Мицкоски веќе со месеци ја запира европската интеграција. Ветената реформска агенда до 1 јуни повеќе не се споменува. Наместо да ги исполни реформите кои би отвориле пат кон Европа, тој чека „покана од Европа“ и порачува „збогум Европо“. Во реалноста, не сака да ги спроведе реформите затоа што тие носат независно правосудство и одговорност за кражбата на парите на граѓаните преку наместени тендери. Ќе се врати на старата националистичка и популистичка реторика. Ќе се претстави како „патриот“ кој „не отстапува ни милиметар“ од националниот идентитет, додека СДСМ ќе ја обвинува дека е готова да го продаде идентитетот за европски фондови. Оваа теза ќе му биде централна во кампањата. Во исто време, речиси целата влада, министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства и европски пасоши. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе, додека граѓаните чекаат со чаови на граница. Лажниот патриотизам падна во вода и стана јасен на сите. Паралелно се подготвуваат и техничките услови за избори. Мицкоски на сила ја укина техничката влада, а сега се обидува да го протурка Изборниот законик кој овозможува неконтролирано гласање на дијаспората, без соодветни механизми за контрола. Ботовите на социјалните мрежи веќе повикуваат на избори. Преку Латас и Ивона се води силна анти-европска кампања со цел развивање на евроскептицизам. Во исто време, Мицкоски веќе осум месеци работи на создавање на платформи и сателитски партии за да го уситни опозицискиот глас, бидејќи ЗНАМ повеќе не му служи, не може да го помине цензусот. Надворешниот притисок е исто така очигледен. Големиот брат Вучиќ најави избори во Србија, а Мицкоски мора да го следи. По падот на Орбан, не смее да ризикува и Вучиќ да падне, бидејќи целиот бизнис (Алта банка) и анти-европската агенда се врзани за него. Медиумите на Орбан во служба на ВМРО-ОКГ се под истрага во Унгарија, а во Македонија се префрлаат сопствеништвата. Криминална група ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги. Дојде на власт со лаги, владее со лаги, тоа им стана јасно на сите. Народот веќе не е наивен. Сите знаат дека изборот не е помеѓу „патриоти“ и „предавници“, туку помеѓу продолжување на изолацијата и криминалот или враќање на европскиот пат. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook