Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата
2Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата
МакедонијаСања Лукаревска и Љупчо Пренџов вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Сања Лукаревска и Љупчо ПренџовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителите бараат итно одлучување за намалените платиСоветот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати. Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството. Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
БалканОсмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијатаОсмиот ден од протестите во главниот град на Албанија, Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата, но со помал интензитет на директни напади во споредба со претходните денови.Професори и студенти најпрво се собраа пред политехничкиот универзитет, а потоа маршираа кон кабинетот на премиерот под мотото „Стоп на насилството врз студентите“. Професорите покренаа и петиција со која бараат да бидат слушнати барањата на студентите.По маршот низ улиците на Тирана, демонстрантите се собраа на булеварот „маченици на нацијата“, каде што ситуацијата околу два часа беше мирна. Тензиите ескалираа по стемнувањето, кога маскирани лица почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон полицискиот кордон.Полицијата одговори со водени топови и солзавец, откако претходно преку мегафон ги повика жените и децата да се оддалечат од местото на протестот.Интервенцијата ја растури толпата, а судирите продолжија на повеќе локации во градот. Плоштадот „Скендербег“ накратко се претвори во жариште на судири, при што демонстрантите фрлаa пиротехнички средства кон полицијата.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook