Смртоносен вирус ги убива слоновите во зоолошката градина во Цирих (ВИДЕО) - Канал 5

Смртоносен вирус ги убива слоновите во зоолошката градина во Цирих (ВИДЕО)

Три азиски слона починаа во ЗОО во Цирих за еден месец поради смртоносен вирус.

Смртоносен вирус ги убива слоновите во зоолошката градина во Цирих (ВИДЕО)

Зоолошката градина со поглед на најголемиот швајцарски град сега има само пет од овие прекрасни суштества сместени во заграден простор за слонови од 11.000 квадратни метри.

Двегодишниот слон Умеш бил првиот што угинал од EEHV (ендотелиотропен херпес вирус на слонови) на крајот на јуни, а само неколку дена подоцна и неговата осумгодишна сестра Омиша. Рувани, петгодишната женка од друго стадо, угинала минатата сабота.

Сите животни му подлегнале на вирусот на херпес со молскавична брзина, со внатрешно крварење и откажување на органите.

„Овој вирус е главната причина за смрт на слоновите меѓу две и осум години во заробеништво“, изјави за АФП кустосот на зоолошката градина Паскал Марти. Тој додаде дека вирусот убива и слонови во дивината, но дека е потешко да се дијагностицира.

Овој вирус латентно се наоѓа кај скоро сите слонови, и во дивината и во заробеништво, но во некои случаи одеднаш може да стане смртоносен, при што животните умираат за неколку дена.

„Сè уште не знаеме зошто тоа се случува“, рече Марти.

Не постои вакцина против оваа болест, а ефективноста на антивирусните лекови е ограничена - кога болеста се манифестира, и покрај терапијата, само околу една третина од слоновите преживуваат.

„Посебно е фрустрирачки што не можеме да направиме ништо, и покрај најдобрата ветеринарна грижа на Универзитетската ветеринарна болница во Цирих“, рече директорот на зоолошката градина Северин Дресен.

Ветеринарот Баскар Чудхури, член на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), рече дека епидемиологијата на болеста сè уште е непозната.

„Вирусот повремено се шири од возрасните, почесто за време на периоди на стрес, а се смета дека младите слонови повеќе се заразуваат“, рече Чудхури за АФП.

YouTube video

Азиските слонови, кои можат да живеат до 60 години, се на листата на загрозени видови на IUCN. Во дивината останале само околу 50.000 од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер