ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе одлука за избор на нови 3 членови на ИК
1ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе одлука за избор на нови 3 членови на ИК
3ВМРО-ДПМНЕ: Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
Веб ТВСиљановска по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барањаFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе одлука за избор на нови 3 членови на ИКНа вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени нови 3 членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните. Зоранчо Јованчев е пратеник во собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата. ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМистерија во Мјанмар: Американски дипломат пронајден мртов во хотелАмерикански дипломат е пронајден мртов во Мјанмар, а Тајланѓанка е приведена како дел од полициската истрага за можно убиство.Американски дипломат е пронајден мртов во Мјанмар, а Тајланѓанка е приведена како дел од истрагата, соопшти американскиот Стејт департмент во среда. Членови на дипломатската заедница во Јангон потврдија дека жената е во полициски притвор, објави „Еуроњуз“. Стејт департментот ја потврдува смртта Американските претставници во Тајланд и во амбасадата на САД во Мјанмар упатија прашања до Стејт департментот. Вашингтон ја потврди „смртта на вработен во американската влада“ кој работел во амбасадата во Јангон, но не даде дополнителни детали. „Од почит кон приватноста на семејството и најблиските, во овој момент немаме дополнителни информации да споделиме“, соопшти Стејт департментот во соопштението за АП. Истрага за можно убиство Според тројца членови на дипломатската заедница во Мјанмар, кои зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат за случајот, телото на дипломатот е пронајдено пред околу две недели во хотелот „Сакура Резиденс енд Хотел“. Имотот е комплекс со долгорочни станови популарен кај дипломати, бизнисмени и други странски посетители, и се наоѓа на околу една милја од Амбасадата на САД. Истите извори велат дека полицијата го третира случајот како можно убиство и дека тајландскиот државјанин е во притвор. Нема официјални информации Властите во Мјанмар ретко даваат информации на медиумите. Дежурниот службеник од полициската станица одговорна за областа каде што се наоѓа хотелот одби да коментира за случајот, како и менаџерот на хотелот „Сакура“. Тајландската амбасада во Јангон и тајландското Министерство за надворешни работи, исто така, одбија да одговорат дали на осомничената и е пружена конзуларна помош или да дадат дополнителни информации за случајот. Мјанмар е сцена на конфликт со години помеѓу воената влада, која ја собори демократски избраната лидерка Аунг Сан Су Ќи во 2021 година, и разни вооружени групи составени од етнички малцинства и продемократски сили. Извор: Б92Тагови: Мјанмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕНа денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети.Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво. Во прилог, новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. ИЕ4 1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски 2. Демир Капија – Андон Дрнев 3. Неготино – Павлинче Честојнова 4. Кавадарци – Тони Нешковски 5. Гевгелија – Димитар Вегов 6. Валандово – Јулија Тушевска 7. Богданци – Марјан Пеев 8. Дојран – Илија Тентов 9. Струмица – Методија Пасков 10. Босилово – Мито Андонов 11. Ново Село – Петар Марков 12. Василево – Славе Андонов 13. Конче – Ацо Митев 14. Радовиш – Бојан Митевски 15. Могила – Драганчо Саботковски 16. Кривогаштани – Александар Богданоски ИЕ5 1. Демир Хисар – Ненад Шундовски 2. Долнени – Сашко Велјановски 3. Крушево – Пеце Стојчески 4. Ресен – Кире Божиновски 5. Охрид – Сашо Донев 6. Дебарца – Златко Силјановски 7. Струга – Ален Деребан 8. Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски 9. Дебар – Афет Амедоски 10. Центар Жупа – Денис Хасан 11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери 12. Пласница – Луме Адемоглу 13. Боговиње – Алишериф Синани Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50