Претседателот на Финска: Украина е во најсилна позиција од почетокот на војната (ВИДЕО) - Канал 5

Претседателот на Финска: Украина е во најсилна позиција од почетокот на војната (ВИДЕО)

Финскиот претседател Александар Стаб изјави за германскиот весник „Билд“ дека не верува оти Русија би ризикувала да нападне членка на НАТО, додавајќи дека нема смисла да се тестира решителноста на алијансата.

Претседателот на Финска: Украина е во најсилна позиција од почетокот на војната (ВИДЕО)

Западните претставници веќе предупредија за растечките опасности од руските хибридни операции врз европските земји, вклучително и сајбер нападите, што потенцијално би довело до директен конфликт со НАТО. Германските претставници проценуваат дека Русија ќе биде во позиција да нападне членка на НАТО до 2029 година.

„Не знам дали некој има кристална топка, но едноставно не гледам никакви докази или факти што го поткрепуваат тоа“, рече Стаб во интервју за „Билд“ објавено синоќа. Тој исто така не верува дека Русија „би сакала некогаш да го нападне најмоќниот воен сојуз во светот“.

„Тоа нема смисла“

Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, една година по рускиот напад врз Украина, со што ја напушти политиката на неутралност. Претседателот на таа земја забележува дека Северноатлантската алијанса треба да биде подготвена за какво било сценарио, но оценува дека Москва во никој случај не е во позиција да отвори војна со НАТО.

Силата на НАТО алијансата се гледа во конвенционалното оружје, ракетите и нуклеарното оружје. „Нема смисла која било сила во светот да ја тестира решителноста на овој сојуз“, рече Стаб.

Покрај тоа, Русија се соочува со непоправливи загуби во Украина, рече тој, со оглед на тоа што секој месец останува без 30 до 35 илјади војници, додека испраќа околу 27 илјади нови на бојното поле.

„Русите имаат сè помалку војници“

„Значи, тие имаат сè помалку војници во многу сложена ситуација. Едноставно не можам да замислам дека можам да мобилизирам сили на два фронта“, нагласи финскиот претседател.

Стуб верува дека затоа Украина е во посилна позиција од кога било од почетокот на војната и од витално значење е Европа да продолжи да ја поддржува. „И вие во Германија и ние во Финска мора да разбереме дека Украина е најдобрата безбедносна гаранција што ја имаме против Русија. Ако Украина изгуби, ние ќе изгубиме“, рече Стаб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

Полскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“.

Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите.

Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран.

„Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X).

Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили.

Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет.

Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански.

Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата.

Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топови

Судири на улиците во Рим- Поставени контејнери во близина на Колосеумот; Полицијата интервенираше со водени топови.

Видео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топови

Најголемите собири се одржаа во Рим и Болоња, каде што во секој од овие градови се собраа повеќе од 50.000 луѓе.

Протести се одржаа и во Милано, Неапол и Торино, додека ученици и студенти се приклучија на демонстрациите во повеќе од 50 градови.

Синдикатот USB, кој го организираше овој ден на протестни активности, тврди дека до пладне во протестите низ земјата учествувале најмалку еден милион луѓе. Полицијата сè уште нема излезено со свои проценки. Поради страв од насилство, на улиците е распореден голем број припадници на безбедносните сили. Сепак, повеќето протести во текот на денот поминале мирно.

Мирољубивите протести, организирани од синдикатите и студентите во Рим, завршија, но потоа група демонстранти се собрале на брегот на реката Тибар и се обиделе да стигнат до центарот на градот, јавува СРНА, повикувајќи се на руската новинска агенција РИА Новости.

Полицијата со употреба на сила ги запрела демонстратните на мостот. Демонстрантите потоа се обиделе да стигнат до центарот на Рим по друг пат, но полицијата ги запрела и во вториот обид употребувајќи водени топови.

Ситуацијата во Рим дополнително се заостри, при што беа запалени контејнери и поставени барикади во близина на Колосеумот. Немирите избија по масовните протести низ Италија, за време на кои полицијата во неколку наврати интервенираше за да ги запре демонстрантите. Италија е потресена од насилни протести во текот на последните недели, а најтешките немири беа забележани во Милано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зелена агенда: Од национални политики до локални економски можности

Како националните зелени политики да се преточат во  применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на  Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“.

Зелена агенда: Од национални политики до локални економски можности

Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, кој денес се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Центарот за климатски промени.

Настанот обедини претставници на националните институции, локалните власти, планските региони и граѓанските организации, со цел размена на искуства за спроведувањето на Зелената агенда и разгледување на потребната поддршка за општините. Програмата ги поврза институционалните перспективи со практичните предизвици во локалното планирање, финансирање и реализација на зелените мерки.

Во рамките на првиот панел, „Од национални политики до локално дејствување“, дискусијата беше насочена кон националните приоритети, достапните алатки и ресурси и начините на кои институциите можат да им помогнат на општините. Беа разгледани и клучните наоди и препораки од Годишниот извештај од мониторингот на општините за спроведувањето на политиките поврзани со Зелената агенда за Западен Балкан.

Вториот панел, „Локални зелени приоритети како основа за инвестиции и економски раст“, ја насочи дискусијата кон искуствата на општините и можностите за партнерства и меѓуопштинска соработка. Во фокусот беа поврзувањето на зелените мерки со подобри јавни услуги, поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за одржливи инвестиции.

Општините имаат непосредна улога во областите што го обликуваат секојдневието на граѓаните: енергетската ефикасност на јавните објекти, управувањето со отпадот, заштитата на водите, воздухот и зеленилото. За долгорочна примена на овие мерки, препораките од мониторингот ја нагласуваат потребата од нивно поврзување со редовните општински буџети, зајакнување на стручните капацитети и воспоставување функционални механизми за соработка и отчетност.

Регионалниот форум се спроведе во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведен од Центарот за климатски промени заедно со партнерските организации, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Во текот на проектот, соработката со општините, планските региони, националните институции и граѓанските организации беше насочена кон следење на зелените политики и создавање основа за нивна поефикасна примена, со видливи придобивки за граѓаните и локалните заедници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер