Протест против туристите на шпански остров: Се претворивме во реклама за пиво (ВИДЕО) - Канал 5

Протест против туристите на шпански остров: Се претворивме во реклама за пиво (ВИДЕО)

Улиците на градот Палма на шпанскиот остров Мајорка вчера повторно беа место на протести против прекумерниот туризам.

Протест против туристите на шпански остров: Се претворивме во реклама за пиво (ВИДЕО)

Улиците на градот Палма на шпанскиот остров Мајорка вчера повторно беа место на протести против прекумерниот туризам, каде што граѓаните и еколошките организации побараа од властите да преземат мерки за намалување на бројот на туристи и подобрување на квалитетот на живот на жителите.

„Не ни требаат повеќе студии, предлози и приказни. Властите имаат многу моќни алатки за решавање на овој сериозен проблем“, рече Тонина Сикиер, потпретседател на еколошката група GOB, во обраќање до медиумите од островот во Средоземното Море.

„Повеќе не можеме да толерираме прекумерен туризам“, рече таа. На Мајорка, остров со околу 970.000 жители, во првите шест месеци од оваа година беа регистрирани речиси 1,87 милиони туристички пристигнувања.

Протестот започна на Плаза де Еспања, а учесниците потоа се распоредија во групи од 20 до 30 луѓе по пешачките улици во центарот на Палма. На некои места се собраа и седеа на улицата.

„Луѓето се бесни“

Сикиер рече дека четирите протести одржани ова лето на Мајорка покажуваат „гнев на луѓето поради многу сериозен проблем“.

Пред еден месец, илјадници луѓе протестираа во главниот град на Балеарските Острови барајќи намалување на бројот на туристи на островот, за кој демонстрантите тврдат дека „веќе не е место за туристи“. Во тоа време, полицијата процени дека околу 25.000 луѓе учествувале во протестот, додека организаторите зборуваа за 70.000 учесници.

Учесниците на протестот во саботата пополнија леток со наслов „Каква Мајорка сакаме?“, во кој ги напишаа своите предлози. Организаторите имаат намера да ги предадат на претседателката на регионалната влада на Балеарските Острови, Марга Проенс, кога таа ќе ги прими претставниците на здруженијата, кои побараа средба.

„Мајорка се претвори во реклама за пиво“

Карлес, еден од учесниците, се пожали дека повеќе не може нормално да се движи низ Палма или остатокот од островот. Тој особено ги критикуваше цените, кои ги смета за „скандалозни“.

Слично размислува и Инма, која оцени дека Мајорка се претворила во „реклама за пиво“.

„Луѓето доаѓаат како ова да е дестинација за инфлуенсери и забавен парк, кога всушност ова е дом на многу луѓе“, рече таа. Демонстрантката Анџелина, жена во седумдесеттите години, пристигна на протестот со својот сопруг, носејќи транспарент со натпис „Тука има огорчени староседелци“.

„Мајорка повеќе не е Мајорка што ја знаевме порано. Сите ја проституиравме и им дозволивме да ја експлоатираат нашата земја за да можат неколку од нив претерано да се збогатат“, рече таа.

„Нашите деца повеќе немаат иднина тука“

Таа додаде дека жителите на Мајорка, како и имигрантите од други делови на Шпанија, повеќе немаат квалитет на живот каков што имале порано. „Нема прифатливо домување, нашите деца немаат иднина тука, а природните ресурси се ограничени и претерано потрошени“, рече таа.

Алберт, волонтер на здружението GOB, рече дека и покрај добрата плата и семејството со две деца, тој повеќе не оди во ресторани бидејќи цените се „превисоки“. Демонстрантите, исто така, предупредија на случаи на семејства кои се преселуваат во приколки поради неможност да платат кредити или кирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка.

Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот.

Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември.

„Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството.

На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер