МакедонијаСиљановска-Давкова на презентација на проектот Skills4Justice: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузниПретседателката Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice).Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот. Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици. Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области. Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа. За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција". Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера. На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова. Називот на проектот е Skills4Justice. Живееме во простор од којшто си заминуваат најдобрите, простор на brain drain, а не на brain gain. Да потсетам, кога се нафатив да се кандидирам за претседателка, инспирацијата ми дојде од Ирска каде во 80-те години на политичкиот простор осамна претседателката Мери Робинсон. Загрижена за одливот на најдобрите од Ирска, таа сакаше од емигрантска да ја трансформира во нет-имиграцигрантска. Доаѓајќи овде, морам да бидам самокритична во говорот и да објаснам каде ја гледам најголемата пречка за цветањето на најдобрите на овие простори, како припадници на епистемолошка заедница. Таа во себе ги вклучува: креаторите на политиките, најактивните во policy- процесот, а не во politics-процесот: академската заедница, членовите на тинк-тенковите, новинарската аналитичка и истражувачка фела и културните дејци. Тие се оние кои анализираат, критикуваат и креираат. Со вас ќе споделам неколку мои видувања. Сметам дека епистемолошката заедница оневозможува луѓе со скромно знаење и високи титули да го имаат главниот збор во државата. Најголемиот проблем во нашиот научно-образовен простор е што виреат многу универзитети и факултети, што се фабрики за дипломи, но малку фабрики за знаење. Има широк простор за просечните, но малку простор за најдобрите и најкритичните. Битката за најдобрите е најтешката, ама и најважната за да се биде дел од европскиот простор. Надвор, најдобрите лесно се интегрираат во европската, американската или која било заедница, оти знаењето лесно се препознава и веднаш се вреднува. Нашите млади и нашите компании често се разминуваат: младите се без работа, компаниите без профит, а државата без луѓе. Неодамна на Меѓународната паневропска конференција, со право беше потенцирано дека нашата земја и регионот континуирано ја финансираат Европската Унија. Македонските граѓани преку даноците го финансираат образованието на младите, а кога доаѓа моментот за вклучување на пазарот на трудот, тие одат во поразвиените европски држави, коишто имаат полза од скапо стекнатите знаења и вештини. Мене, под кровот на овој објекат изграден во бруталитистички стил, претходниов пример ми личи на експолоатација на рудник од непроценилва вредност од странски концесионер. Моделов на извоз на најдобрите и највредните, во реалноста остава длабоки демографски лузни, како и вакуум во знаењето. Одливот на најдобритр има голем притисок врз регионот, вклучувајќи не и нас зашто ⅓ од популацијата, највредната, е надвор. Соочени сме со низок наталитет и забрзано стареење. Проекциите се алармантни, до 2070 година ризикуваме од сегашните 1,8, нашата популација ќе се сведе на 1,2 милиони жители. Тоа ќе има негативен одраз не само врз македонската економија, туку и врз социјалниот, здравствениот, пензискиот систем и другите системи. Ние имаме повеќе магистри и доктори на науки, по глава на жител од многу развиени држави, што би требало да резултира со економско чудо, но ние сме познати по масовен извоз на умови. Затоа, сметам дека е потребно храбро преиспитување на бројот и состојбата на нашите високообразовни институции, односно генерална реакредитација. Во насловот се споменува и justice. Се согласувам дека нема ниту економија, ниту наука, ниту уметност без правда и без етика. За жал, реал-политиката не познава и не признава етика. Сè додека при вработувањето и при градењето кариера, партиските книшки, врски и непотизмот се поважни од знаењето и од квалитетот, младите ќе заминуваат во потрага по меритократија. Посакувам одговорните министри да ги убедуваат најдобрите студенти, прокрајот на студиите, да се вработат во нивните кабинети. Секој ден слушаме за важноста на младински политики, водени од максимата дека иднината им припаѓа на младите. Но, циничниот Шопенхауер, предупредува дека иднината е непредвидлива и не зависи само од нас. Затоа, младите треба да ја освојат сегашноста, ако сакаат да влијааат врз иднината. Како? Така што сами ќе учествуваат во креирањето на политиките. Сведоци сме на дигитална трансформација. На Светскиот самит на лауреатите во Дубаи, некои докажани татковци на вештачка интелигенција предупредуваа да престанеме да ги учиме децата и младите да се натпреваруваат со машините, оти не можат да ги победат во меморирањето на податоците. Но, се прашувам: Што ако роботот, како Протеус, во истоимениот филм, развие способност за емоција и љубов? Што ако се обистинат предупредувањата на Харари за свет што наликува на Олимп, на чиј врв ќе живеат, небаре Богови, најбогатите, најубавите, најумните и најздравите, а на дното, како во книгата „Името на Розата“ на Умберто Еко, најголемиот број од луѓето без никаква шанса без никаква шанса да се качат погоре заради безмилосната одбрана на тие најгоре од страна на роботите. Во ваков свет, нема шанса за правда. За среќа, ние се уште посакуваме природна интелигенција да биде дополнета со емоционална, а умот со чувство за етика и љубов. Значи, на вештачката интелигенција ѝ недостасува хуманост, креативна имагинација, етички резон, па и критичко размислување понекогаш. Ако сакаме прекрасните млади умови да успеат, мора да ја промениме образовната парадигма, да ставиме крај на меморирањето и да го поттикнеме критичко размислување. Да потсетам, имам сомнеж дека т.н. Болоња процес, го ставаше акцентот на вештините, а го отапуваше критичкото мислење. Праведната емиграција е алтернатива на едностраниот извоз на таленти. Дуалното образование и партнерството ќе овозможат странските држави и компании да вложуваат во нашето образование со цел да се создаваат кадри за заедничкиот пазар. Многу се радувам на младите умови од ФИНКИ кои, она што неодамна го правеа во Британија да го работат овде. Македонската држава има насушна потреба од тесна соработка со дијаспората, со оглед на вештачката интелигенција и на дигитализацијата коишто овозможуваат да живее во Њујорк, да работи овде, може да живее овде, да работи таму, значи, границите се бришат, „хорајзонот“ станува еден. Реформите на коишто се повикуваме мора да бидат системски и да почнуваат од оснивно образование каде што ќе се препознаваат способностите на учениците, а особено на најталентираните. Ги поздравувам иницијативите за вложување во програмите за мобилност како Еразмус+, како и заедничките студии и дипломи со странски високообразовни институции. Сметам дека вклучувањето на нашинците, кои предаваат на престижни странски универзитети, во нашиот образовен процес преку доделување на образовен статус ќе овозможи не само подобруваее на нашето образование, туку и наше полесно искачување по престижните листи. Имаме голема шанса, со помош на технологијата, да си ги сочуваме младите умови дома, а кога се надвор, да работат како да се дома. Всушност, старомодно верувам дека не случајно некаде, па дури и енергијата ни извира од местото на раѓањето. Посакувам македонската држава да ја направиме пристојно место за живеење, каде што најумните ќе сакаат да останете, да работат и да го одгледате следното поколение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44