3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
МакедонијаШведска го прогласи рударството за национален интересШведската влада го прогласи ископувањето критични минерали и ретки земни метали за национален безбедносен интерес, со цел побрзо издавање дозволи и привлекување инвестиции. Потегот треба да ја намали зависноста од увозот од Кина.Во Македонија во моментов нема поголеми инвестиции во овој сектор, освен најавениот проект за рудник за бакар во Иловица, а учеството на рударството во индустриското производство постојано се намалува. Шведските власти објавија дека интензивно работат на планови за зајакнување на рударскиот сектор. „Одлуката треба да го олесни и забрза издавањето дозволи за нови проекти и да помогне во привлекувањето инвестиции. Шведска мора да стане водечка рударска нација. Владата има намера да ги поедностави процедурите за побрзо донесување одлуки“, изјави вицепремиерката и министерка за енергетика Еба Бош. Таа предупреди дека зависноста од Кина претставува „системски ризик“, нагласувајќи дека новата политика може значително да ги зајакне одбранбените капацитети на Шведска, ЕУ и НАТО. „Без ваква одлука, Владата нема конкретни алатки со кои може да го забрза развојот и да привлече инвестиции во клучните стратешки проекти“, истакна Бош. Како што пишува „Дојче веле“, Шведска е европска рударска сила уште од 10 век, кога бил отворен големиот рудник за бакар Фалун. Во одреден период тој обезбедувал дури две третини од бакарот што се произведувал во Европа. Денес рудникот е музеј и дел од светското наследство на УНЕСКО. Неговата улога ја презеде големиот рудник за железна руда на компанијата LKAB во Кируна, во Арктичкиот Круг. Шведска располага со околу 60% од познатите европски наоѓалишта на железна руда, а во 2021 година обезбедувала околу 90% од нејзината екстракција во Европа. Во близина на Кируна се наоѓа и наоѓалиштето Пер Гејер, еден од водечките проекти на ЕУ за намалување на зависноста од кинески минерали. Во областа се идентификувани околу 1,2 милијарди тони минерални ресурси, меѓу кои приближно 2,2 милиони тони оксиди на ретки земни елементи. Четири од вкупно 47 стратешки проекти на ЕУ за обезбедување критични минерали се наоѓаат во Шведска. Во Македонија работат само четири металични рудници, од кои единствено „Бучим – Боров Дол“ произведува бакар, кој се смета за критичен минерал. Сепак, неговите капацитети постепено се исцрпуваат. Како позначајна потенцијална инвестиција се издвојува проектот за рудник за бакар во Иловица, кој сè уште не е реализиран. Според геолошките истражувања, на локалитетот има повеќе од 700 илјади тони бакар во руден концентрат, со потенцијал за годишен извоз од над 10 илјади тони бакар. Цената на бакарот достигнува и до 14 илјади американски долари за тон. Според новиот Тарифник за концесиски надоместоци, 4% од пазарната вредност на бакарот содржан во произведениот концентрат треба да завршува во државниот буџет. Реализацијата на проектот, според тоа, би можела да ги зголеми буџетските приходи и македонскиот извоз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски пак го копира Вучиќ - сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнувањеМицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија.Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија. СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. Мицкоски не мора да се замара. Линијата за пријава кај нас е веќе отворена - веќе шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk. Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија. Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО. Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството. На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите. Затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки. Дополнително, доаѓа и медиумскиот мрак, по истиот рецепт. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски. Мицкоски, ова веќе е премногу. Копирањето на Вучиќ станува смешно. Прес конференција на Кети Штерјова, СДСМ Веќе е отворена линија за корупција www.micko.mk - половина Македонија го пријави Мицкоски Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија, амане мора да се замара, линијата за пријава кај нас е веќе отворена - шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk, нагласи Кети Штерјова од СДСМ, на денешнатра прес-конференција. Штерова посочи дека оваа кампања на Мицкоски е копија на кампањата што во Србија ја води Вучиќ „Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија.Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ.Мицкоски не мора да се замара. Линијата за пријава кај нас е веќе отворена - веќе шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk. Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија. Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО“, рече Штерјова. На прес-конференцијата, Штерјова укажа дека суштинскиот проблем е што институциите, судтсвото е ставено под политичка контрола на Мицкоски, затоа и државата добива лоши извештаи од Европската Комисија во делот на судтво. „Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството. На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите. Затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки“, рече Штерјова. Воедно, Штерјова предупреди дека, дека покрај копирањето на политичките методи, се пресликува и моделот на медиумско влијание по истио рецепт како во Србија. „Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание“, рече Штерјова. Линк до видеото : https://youtu.be/pUMXKjcA878?si=yzP6UiNKbPE_5bOt Скопје, 28.07.2025 СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје-Нова мерка за еднакви можности: Бесплатни униформи за средношколцитеСо цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта.Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените критериуми што ги издвојуваат учениците. Секој ученик заслужува да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, а вложувањето во образованието е вложување во иднината на целото општество. Со почит, Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКамерниот оркестар на МММ вечерва на „Охридско лето“Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски. С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ. Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20