Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
2Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
3Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
МакедонијаШто по средбата на Ковачевски и Петков во Рим?ЕУ или САД, кој прв ќе ја убеди Софија да ја крене рампата за преговарачкиот процес со Скопје?Претседателот на ДС, Павле Трајанов кој е коалиционен партнер во Владата, во следниве денови очекува засилен дипломатски притисок од САД врз двете страни. Според неговите информации од дипломатски извори кои ги соопшти во вчерашната Само вистина, американската „булдожер“ се подготвува да ги седне на маса и македонската и бугарската Влада се додека не најдат заедничко прифатливо решение. Дали ќе има договор до јуни не се знае, но Трајанов е убеден дека ЕУ нема капацитет да решава сложени прашања, додека американската дипломатија нема да се откаже од притисокот за да се надмине спорот наметнат од Бугарија. - Се додека не се вклучи американската дипломатија нема да се реши ваков сложен проблем. Очекувам следните неколку денови да започне „булдожер“ дипломатија. Тоа значи можна е балканска конференција меѓу Македонија и Бугарија, а организатори да бидат САД. Слично како што беше Дејтон, лидерите на двете земји да седнат на заедничка маса, се додека не се најде прифатливи решение. Имам одредени информации од дипломатски избори дека тоа се подготвува, изјави Трајанов. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во пресрет на јуни очекува заедничка дипломатска офанзива и од САД и од ЕУ. Но според него власта повеќе треба да внимава на квалитетно, отколку на избрзано решение. - Ако зборуваме за брзината на јуни, најдобро би било тоа да биде координирана акција и од САД и од ЕУ. Но не е секогаш брзината гаранција за квалитетот. На крајот на краиштата ние во овој период и тоа гледам дека Ковачевски го спомнува неколку пати треба да внимаваме и на квалитетот на решенијата. Тоа не треба да не донесе во ситуација сега да го откочиме процесот за веќе на наредната кривина да се соочиме со проблеми. Ако се работи на некој документ тоа е добро, но мислам дека тука владата е во право, не треба да се врзуваме толку за датуми, колку за тоа да добиеме решение кое навистина ќе го унапреди процесот на интеграција, изјави Арсовски за Канал 5. Премиерите Ковачевски и Петков по вчерашната средба во Рим соопштија дека иако нема договор меѓу двете страни, дијалогот ќе продолжи се до изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. Ковачевски повтори дека не сака да се врзува со датуми, додека според Петков евентуалниот договор треба да мине низ три фази, а крајниот збор да го има Собранието. Бугарскиот премиер уште во петокот побара од Радев да закаже консултативен состанок на Советот за национална безбедност, но пртеседателот вчера кажа дека прво ќе чека да ги слушне ставовите на Петков, пред да одлучи да ќе го прифати барањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел НетанјахуВо дел од светските медиуми денес се појавуваат нови информации за атентатот врз Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека тој живеел на Флорида.Според порталот „Њузмакс“ (Newsmax), израелските разузнавачки служби ги известиле американските власти за ова кон крајот на минатата година. Според извор запознаен со истрагата, ирански оперативци веќе биле во областа на Мајами и го следеле движењето на Јаир Нетанјаху, вклучително и во неговата резиденција во Халандејл Бич. Јаир Нетанјаху (35), кој имаше постојано обезбедување од израелските служби, веднаш ја напуштил Флорида по предупредувањето и се вратил во Израел, оставајќи ги своите лични работи во САД, соопшти изворот. Во понеделникот, во интервју за израелскиот Канал 14, израелскиот премиер потврди дека Иран се обидел да убие еден од неговите синови, но не прецизираше за кој син станува збор. „Иран целеше кон еден од моите синови. Се обидоа да го убијат“, изјави Нетанјаху. Нетанјаху има двајца синови, Јаир и Авнер. Авнер живее во Израел, додека Јаир помина подолг период во областа на Мајами, каде што стана познат како конзервативен политички коментатор и јавен бранител на својот татко. Израелскиот Канал 12 објави дека некои медиуми со месеци знаеле за планот за атентат, но дека неговото објавување претходно било спречено од воената цензура.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет.Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Шоу бизФото:Иванка Трамп знае и да сурфаЕдна од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.Иванка Трамп замина на нов одмор со семејството, каде што ужива во своето омилено хоби, а фотографиите од одморот фуриозно се проширија на социјалните мрежи. 44 годишната Иванка која е ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание на јавноста со својот изглед, во последно време фасцинира и со своите спортски вештини. Таа очигледно е љубител на адреналински возбудувања, бидејќи поголемиот дел од летото го помина сурфајќи, а својот талент го покажа и за време на семејниот одмор во Костарика, каде што често патува. Претходно Иванка со семејството летуваше на Исланд, а сега, е време за нови авантури во потоплите краишта. Ivanka Trump Turns Heads With Surfing Skills During Costa Rica Family Getaway . #IvankaTrump #CostaRica #FamilyVacation #Surfing #CelebrityNews pic.twitter.com/WBBZXYywp2 — JL News Today 🇺🇸 (@JLNewsToday) August 24, 2026 Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на зелената даска, а притоа одлично се забавуваше со својот инструктор. Таа носеше горен дел од костим за нуркање и црн долен дел од костим за капењеТагови: Иванка Трамп костарика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26