Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
2Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
3Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
МакедонијаСтојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет.Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со ПутинДиректорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп. Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“.. A convoy with US diplomatic license plates was spotted in Moscow following the arrival of a US military aircraft. At the same time, the Kremlin stated it had no information regarding the aircraft, while Peskov assured that no meetings with US administration representatives were… pic.twitter.com/1VehaaaMe8 — WarTranslated (@wartranslated) August 25, 2026 Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва. Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..Тагови: москва ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот заливАмерикански воени авиони кои се ангажирани во операциите на Блискиот Исток ги користат македонските аеродроми, открива премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за американскиот „Брајтбарт Њуз“...Мицкоски ваквата соработка ја става во поширокиот контекст на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Вашингтон. „Американското воено воздухопловство ги користи нашите аеродроми, така што секој ден авиони на американското воено воздухопловство слетуваат и полетуваат од нашите аеродроми. Некои од нив ги користат нашите аеродроми за паркирање, за малку одмор, а потоа повторно заминуваат кон заливот. Имаме отворено небо за американските авиони, за воените авиони, и горди сме и стоиме на располагање да обезбедиме таква поддршка за американското воено воздухопловство“, вели Мицкоски и додава дека кога на САД им била потребна поддршка од сојузниците, Македонија „не се криела во толпата“, туку застанала на американска страна и кога тоа носело политичка цена.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во ДексионОпштина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата ДексионОпштина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште, како и со отстранување на преостанатите гранки и отпад од локацијата. Целта на активноста е просторот повторно целосно да ја добие својата првична намена - безбедно, чисто и уредено место за игра и престој на најмладите, но и преку заеднички акции да се подигне јавната свест за значењето на чистата животна средина и одговорното однесување кон јавните површини. Во денешната акција се вклучија и претставници и активисти од ЈЗУ Геријатрија, ООУ „Ѓорче Петров“, компаниите „Троцкенбауер“ и „Вардар Градба“, Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како и вработени во општинската администрација. Дополнително, во текот на месец октомври на оваа локација ќе бидат засадени и нови садници, обезбедени како донација од Центарот за климатски промени во вредност од 9.000 денари, со што просторот ќе биде збогатен со ново зеленило. Ваквите заеднички активности ќе продолжат и во иднина, со цел уредување на јавните површини, создавање поквалитетна животна средина и поголемо вклучување на заедницата во грижата за просторот во кој живее. Денешната активност се спроведува во рамки на проектот „Младите и жените - двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини“ (WeLEADRural), како дел од BOOST Balkans, поддржан од ALDA - European Association for Local Democracy и ALDA Balkans, преку AFD - Agence Française de Développement.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26